Среда, 19 Март 2014   
АПЕЛ до иселеништвото за масовно излегување на изборите

janko-tomov
Јанко ТОМОВ

Специјален АПЕЛ до сите етнички Македонци, државјани на РМ, а живеат  во дијаспората, да излезат што помасовно на изборите, како запретседателските така и за вонредните Парламентарни избори на Република Македонија. Изборите ќе се одржат во три изборни единици во 47 изборни места, во македонските дипломатски конзуларни претставништва во дијаспората на 12 и 27 Април 2014 година.

Во врска со Претседателските и Парламентарните  избори  во РМ, за масовна излезност во дијаспората се замолуваат сите подржувачи, симпатизари и членства на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) под раководство на Мето Колоски, Австралиско Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) под раководство на Георге Влахов, Интернационалната Македонска Организација за Човекови Права под водство на Бил Николов, Организацијата “Обединети Македонци”, лидери и управи на Македонски Православни Црковни Општини со нивнитеспортски, фолклорни, рекреативни, пензионерски и патриотски друштва и други македонски заедници, кои го претставуваат македонското иселеништво по државите на федерациите и на државите во САД, Европа, Канада и Австралија, разни Македонски Асоцијации, како Културно-просветната Македонска Асоцијација “Григор Прличев” од Австралија, под водство на  популарниот автор на драмски дела и поезии Душан Ристевски, исто така и слични македонски организирани субјекти, Здруженија за изучување на Македонскиот литературен јазик, како што е под водство на Жаклина Михајловска-учителката од Австралијаи други.

Првенствено гласовите од Македонците во дијаспоратаќе бидат од голема помош за кандидатот за Претседател на Република Македонија предложен од политичката партија која има најдобри програми и услови за нивно реализирање, пред се` да се задржи уставното уме на Македонија, како услов за зачленување во ЕУ и НАТО. Со тоа официјалноќе се задржат и македонскиот говорен и литературен јазик, кои се во фаза на исчезнување во етничките делови на Македонија под Грција, Бугарија и Албанија, потоа ќе се зачува и користи придавката “Македонски”, што ја окарактеризира македонската националност и сувереност, признавањето на МПЦ-ОА, продолжување на Македонските национални традиции и сл.

Многу полесно претставниците на поголемите политички партии од етничкото македонско население, било од власта или од опозицијата, ќе најдат меѓусебно разбирање во нивна заедничка македонска полза, ако помасовно Македонците од РМ и македонското иселеништво излезат на изборите и гласаат.Според досегашната пракса, гласовите на етничките Македонци се губеа при гласање за мали партии, односно поединци. Како пример ќе ги земам гласовите дадени за политичката партија на Љубе Бошковски и втората  дезертерската ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски, каде отидоа залудно илјадници гласови.

Ние Македонците исто имаме симпатии за заеднички соживот, со други националности и етникуми, како во републиката така и за животот во дијаспората. Ајде сега да го покажеме нашето македонско единство, иако се однесува за незнатна бројка од 68.000, кои имаат право на глас во дијаспората во однос на некулкуте стотици илјади или повеќето од еден милион македонски емигранти, за кое вклучување во масовни избори кои во иднина ќе се одржуваат во Република Македонија, посебно ќе ги изнесеме своите ставови, мислења и предлози, за навреме да се остварат вечните желби на сите Македонци во светот, како што тоа го прават Евреите во Израел.

Овие Претседателски и Парламентарни избори се од особено значење за Македонците и за суверена Република Македонија, за да победи најдобрата партија, со најдобри резултати во минатите години и програми за иднината, посебно во зачувување на Уставното име, зголемување на екононскиот развој и подобрување на стандардот на живеење, со намалување на безработницата, што веќе е почнато и треба да се заврши со успех.

Затоа Македонци во дијаспората, излезете масовно на гласање и дајтего својот глас за партијата која нема да ја свитка кичмата во одбрана на нашето библиско  име Македонија.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.