|
|
Стимул на патриотите на движењето во дијаспората бил само Македонија |
Јанко ТОМОВ
Стимулативни средства за активистите на Движењето за Ослободување и Обединување на Македонија (ДООМ), како и на нивните членови по светските континенти при Поткомитети и други сродни Македонски национални и политички организации и Организации за Македонски човекови права, биле заменети со идејата и активноста за Осамостојување на Република Македонија во демократска суверена држава. Во организациите на Македонското движење, како во поголемите организации така и во нивните ограноци, а и во помали организации, Македонците се групирале. Во прво време тоа групирање било по пат на роднинска и пријателска основа. Подоцна и на способност за раководење и создавање квалитетни информативни и пропагандни материјали, со цел помасовно зачленување и поддршка на тие организации. Со развивање на организацијата, пред осамостојувањето на Република Македонија, многубројни македонски месечни весници и списанија, публикуваа национални и историски статии, во кои исто така се публикуваа поетични и делови на прозни дела од патриотски автори од дијаспората. По осамостојувањето на републиката, патриотското иселеништво кое беше на клучни лидерски и раководни позиции во македонските национално политички организации, беа задоволни од основањето на ДПМНЕ и заедно со претставници од републиката го поставија називот на патриотската македонска организација ВМРО-ДПМНЕ, која во јуни 1990 година официјално се основа во СР Македонија, која беше во склоп на СФР Југославија. Потоа тие лидери и членови на македонските организации почнаа да ги прибираат и концентираат своите белешки и мемоари од личните активности, како материјали од записници од состаноци и тајни организациони меѓусебни договори и активностите на своите организации и ограноци во целина. Потоа по неколку години со свои лични средства почнаа да ги објавуваат своите авторски дела во видна книги. Така почнаа да се објавуваат патриотските активности на македонското движење во дијаспората, за македонската националност и државност, односно попрецизно за создавање на јака демократска партија, базирана на ДООМ, ТНМРО, НМРО, НОФМ, во ликот на современата Демократска Партија за Македонско Национално Единство (ДПМНЕ), односно на ВМРО-ДПМНЕ. Со тие публикации меѓу кои списанието „Македонија“ и други национални списанија и весници, а со континуитет со повисок патриотски квалитет и со долг стаж на публикување беше и остана списанието „Македонска нација“. Поедини патриоти во Европа, каде во прво време се публикуваше „Македонија“ и „Македонска нација“, духовно и финансиски ги помагаа нивните публикувања, значи од времето пред 1971 година, кога почна објавувањето на МН, до ден денешен некои од основачите и поддржувачите и денес се лидери и уредници на ова обновено електронско списание во 2009 година. Не само што активистите во дијаспората и во Македонија почнаа да добиваат национални и демократски информации, туку и извесно потребно национално образование. Со тоа образование го подобруваа организирањето на македонските национални и политички субјекти, првенствено организации, потоа црковни општини, со цркви и манастири, македонски фолклорни групи, спортски друштва, литературни секции и се` што е во интерест на македонската националност. Тоа пак послужи за јакнење демонстривната решителност на патриотското иселеништвото, пред јавноста на своите нови татковини, за сочувување и употребување на своите македонски спечифичности преку дефилеа, јавни настапи во склоп на мултикултурни свечености, а и со силни и масовни организирани протести и демонстрации. Сите тие активности беа признаени од властите и правосудствата на владите, односно институциите на Америка, Австралија и Канада, како и во поедини држави во Европа. Во активностите на лидерите и водствата на македонските организации, покрај останатото, спаѓаат и меѓусебни-меѓу државни телефонски разговори, пишување покани за состаноци, патување на долги или на кратки релации со автобуси, возови, авиони и слични превозни средства, на состаноци, конференции, конгреси и слични собири, како на промоции на билтени, брошури итн. Потоа патувања на официјални митинзи и средби со политичари, државници, конгресмени, стручњаци, научници, декани на универзитети и други професии, кои ги опкружувале. Исто така, бидејќи активистите немале доволно финансиски средства да обезбедат машини за пишување, печатници, да изнајмуваат простории и сл., сето тоа го пролонгирало реализирањето на нивните идеи и знаења и обелоданување на нови факти за македонската битност од авторите на западните литературни и информативни историски дела. Сето тоа на некој начин било кочница, да ги пренесуваат своите пишани и усни искуства, целосно на своите истомисленици за да послужат во иднина за поквалитетна и посодржајна национална политичка активност на новите македонски поколенија. Со тие секојдневни пречки, донекаде нормално отсуствувал нивниот стимул-подршка за поголемо залагање во активноста, кое се огледувало и во отсуство на изразени благодарности, како пофалби, признанија, значки, трофеи и други стимулативни средства, што требало да бидат дадени од повисоките носители на функционерите на движењето. Тоа е недостаток за пожртвуваната активност која била пропратена со тешкотии, закани, малтретирања, навреди и лични физички напади, кои завршувале со битни телесни –физички и психички повреди. Тие саможрти на патриотското иселеништво со одвојување на драгоцено време, каде на место да заработуваат повеќе финансиски средства, тие и тие мали средства заштедени од храна, облека и луксузи ги трошеле за активностите на движењето. |