Среда, 04 Јуни 2014   
Македонската божица на војната Ма претставена на научен сипозиум во Полска

Royal Europe Third World Press Association

Од 16 до 18 мај о.г. во Гдањск, Полска во организација на факултетите за историски и социолошки науки од Универзитет во Гдањск и Универзитетот Атенеум, се одржа научен симпозиум на тема „Религиски аспекти на војната, на кој како единствен учесник од Македонија беше проф. д-р Наде Проева од универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје. На симпозиумот имаше учесници од Англија, Шпанија, Германија, Финска, Естонија, Тајван, Канада, Израел, Италија, Египет, САД, како и од земјата домаќин. Главен организатот беше проф. Никола Секунда, специјалист за воена историја на античка Македонија, кој од неодамна ги води полско-македонските ископувањата во Неготино.

ma3

Проф. Проева имаше реферат за македонската божица на војната Ма која е прикажана на една плочка од варовник во археолошкиот музеј Алард Пирсон (Allard Pierson) во Амстердам.

ma1

Имено, археолошкиот музеј Алард Пирсон (Allard Pierson) во Амстердам од 1934 година поседува две плочки од варовник купени од еден антиквар во 19 век во Луксор (Египет). Со оглед на тоа дека нема податоци за археолошкиот контекст во стручната литература има различни мислења за нивното датирање (II/III век н.е. или пак доцна антика) како и за прикажаните ликови. Плочките се изложени во музејот со објаснување дека станува збор за римски војници - на едната од нив е прикажана машка фигура со двојна секира, но очигледно е дека на другата плочка, иако прилично невешто, прикажан е женски лик (заоблено лице со женска фризура и со ѓердан).

Проф. д-р Наде Проева на втората плочка ја препознава македонската божица на војната Ма, од која досега се најдени три бронзени плочки (една од нив во с. Претор на брегот на Преспанското езеро), како и повеќе од 30 натписи за ослободување на робови преку поставување на божицата Ма, најдени во нејзиниот храм во Едеса (Воден). Согласно на вообичаената практика на античките автори туѓите божества да ги идентификуваат со нивното најсродно божество, оваа македонска божица на војната е идентификувана со божицата Атена и Минерва, кои иако не се војнички божици имаат и војнички белег: едната како заштитничка на атинскиот град-држава Атина, а другата на римскиот народ.

ma2

На монетите ковани во македонските ковници (Амфипол, Пела и други) оваа македонска божица се прикажува во борбен став, исто како и на монетите на Птолемај Први што го поткрепува толкувањето дека на плочката од Луксор е прикажана Ма - македонската божица на војната што е сосема разбирливо со оглед на фактот дека македонската династија на Птолемаидите владееше со Египет цели три века - од смртта на Александар Македонски до потпаѓањето под римска власт во 31 год. ст. н.е.

Меѓународниот аудиториум на научниот сипозиум во Гдањск ги прифати аргументите и издржаните факти од рефератот на проф. Проева со што македонската божица на војната Ма добива уште една верификација во научните кругови на меѓународен план.

Гоце Г. Дуртаноски
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.