Среда, 18 Јуни 2014   
Од патувањата низ Бугарија (2)

slave-katin

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА” ОД СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН
ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА

ВО НАЈГОЛЕМИОТ ПИРИНСКИ ГРАД - БЛАГОЕВГРАД

За голема жал и човеков страм, бугарската влада одбива да признае постоење на македонско малцинство во Пиринска Македонија и продолжува да ги крши основните човекови права. Членовите и симпатизерите на ОМО„Илинден“ – ПИРИН, политичка партија и организација за човекови права и ОМО Илинден, организација за човекови и малцински права се малтретирани, тепани, казнувани, па дури и затворани, едноставно за прогласување на својот македонски идентитет.

Причината за упорното негирање на Македонците во Бугарија доаѓа од бугарската националистичка догма дека нема, не може и не треба да има Македонци. Меѓутоа, вистината е друга не само со пописот, туку и со вистинското постоење на народот. Затоа ние сакавме да се увериме, да го потврдиме тоа и да ги информираме читателите за дел од вистина на Пиринска Македонија. Така,во утринските часови на едно ноемвриско утро, тргнавме кон Горна Џумаја, денешен Благоевград. Во далечината горделиво се издигаше Пирин, убавецот и највисоката од сите планини во Македонија. Чиниш со раце ќе ја допреш славната планина на Јане Сандански за која се врзани безброј легенди на Македонците од овој крај.

Под Пирин Планина, во рамниот простор што реката Струма го дели на два дела, се вгнездил градот Благоевград (порано Горна Џумаја). Бргу се спуштивме низ густата шума на патот за Благоевград. Овде-онде среќававме по некој автомобил и трактор. Влеговме во градот и откај автопатот што води кон Софија се упативме по улицата која води во центарот на градот, каде што е подигнат споменикот на Гоце Делчев, големиот македонски син, кој за жал, неправедно и грубо, во пиринскиот дел на Македонија, од страна на Бугарите, се прикажува како борец на бугарскиот народ. Но, бугарските националисти ќе го поставеле споменикот на Гоце Делчев во Варна, ако бил Бугарин, туку го поставиле во Благоевград, во Пиринска Македонија, бидејќи бил Македонец.

Со чувство на непријатност, подзатскривајќи се, направивме неколку фотографии од споменикот на Гоце Делчев и се упативме на спротивната страна од паркот, од кај реката во тесната уличка, каде што живее еден наш роднина роден во Воден, во егејскиот дел на Македонија, а бил донесен во Бугарија заедно со уште многу илјади Македонци, кои како стебла беа откорнати од родната грутка и преселени со грчко - бугарскиот договор за размена на пограничното население од дваесеттите години на минатиот век.
Лесно ја пронајдовме куќата и влеговме во дворот. Нашиот роднина е црномурест, со крупни веѓи натежнати над очите од кои зрачи пријателство, светлина, тага... Тој е со карактеристични црти на лицето на кое времето оставило трајни белези. Поради својата национална определеност како Македонец немал успеси во животот во Бугарија, но тоа не ја променило неговата определба во врска со националното прашање. Кога се сретнавме почна да нѐ гушка и да плаче од радост. Ни збор не можеше да прозбори од возбуда. Седна и со внимание нѐ слушаше за сѐ што му кажувавме.

Инаку, како старец, изнемоштен, со мала пензија и во тешки услови за живот, тој бил учесник во културно-просветната дејност кога по Втората светка војна во пиринскиот дел на Македонија беа отворени македонските училишта, книжарници, весници. Ни раскажуваше за минатото, за тешкиот живот, за својата тага која, како што рече тој, е голема како Пирин Планина. Кај него, веројатно, носталгијата беше поизразена, така што постојано ни зборуваше за својот роден град Воден. За жал, откако го прогониле од родната земја, никогаш повеќе не го видел родното место и гробовите на своите предци. Неговата тага беше уште поголема што не се здобил со национална слобода, но беше горд што останал Македонец. Ја чуваше личната карта од времето кога во Бугарија беа признати правата на Македонците и кога во документите можеше да се напише дека по националност е Македонец.

Со тага се разделивме со нашиот роднина, а потоа го продолживме нашето патување кон градот Симитли, кон Разлог и Банско. Патот што води кон исток се искачува долж реката Елвица, која извира од северните падини на Пирин Планина и се слива во Струма. Патот е тесен, асфалтиран, но не многу пријатен за возење. Меѓутоа, живописната природа: брзата река, високите букови шуми и прекрасните елки што се издигаат над голем број падинки вдолж патот, го тераат човека да заборави сѐ што се случува во не многу контролиран сообраќај.

Брзо стасавме до планинскиот превој наречен Предел кој се наоѓа на 24 километри источно од Симитли, а 12 километри западно од Разлог, на надморска височина од 1.140 метри. Тоа е пријатно планинско катче за одмор и рекреација и е тесно врзано со историјата на македонскиот народ. Имено, во непосредна близина на Предел, во правец на Симитли, на 16 септември 1901 година, четата на големиот и славен пирински цар Јане Сандански ја грабна американската мисионерка Мис Стон, за која доби богат откуп за купување оружје. Во таа борба за слобода на Македонија легендарниот војвода Сандански рекол: „Ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други тирани, па ни со бугарски тирани и бугарски кнезови. Македонија треба да стане автономна, независна, слободна држава и да биде на Македонците“.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.