Среда, 16 Јули 2014   
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (4 дел)

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Тенденција постои и во книгата “Историја на светот, Предисториска и античка Европа” (History of the World. Prehistoric and Ancient Europe), објавена во 1990 година (цит. дело).      

Еден од поднасловите на оваа книга гласи: “Цивилизацијата во Бронзовата епоха на грчката земја” (“The Bronze-Age Civilization of the Greek Inland”). Се пра­шуваме од каде терминот “грчка земја” во Бронзовата епоха? Авторот можел да напише дека се работи за “Бронзовата епоха на територијата на денешна Грција”, но тој очигледно сакал да им сугерира на читателите дека  “грчка земја” постоела уште во тоа време, иако ќе повто­риме дека Грција како држава е создадена дури во 19 век.

Ваква тенденција е забележана и на мапата на стр. 40, на која е прикажан Балканскиот Полуостров од Бронзовата епоха, а на мапата е означено името “Грција”, иако таква област тогаш не постоела на Балканот.

Дрзок фалсификат е направен и во книгата “Окс­форд илустрирана историја на предисториска Европа” од авторот Бари Конлиф (Barry Conlife: “The Oxford Illustrated History of Pre-Historic Europe” (објавена во 2001 година).

На страница 139 од оваа книга авторот, пишувајќи за неолитскиот период, ги спомнува сите денешни држави на Балканот, но не и Македонија. Наместо името на нашата држава тој го споменува градот “Скопје”. Очигледно дека овој крајно необјективен автор е под влијание (а можеби и материјална стимулација) на грчката државна пропаганда.

Овој автор пишува глупости и на стр. 145 од неговата книга каде го споменува “неолитскиот начин на живот во Грција” (на англиски: “неолитхиц њаѕ оф лифе ин Грееце”).

Значи, тој ја споменува “Грција” и тоа во времето на неолитот кога немало ни трага од таква држава, а не сака да ја спомне Македонија, иако во 2001 година (времето кога неговата книга е издадена), Македонија веќе десет години егзистира како обновена независна држава. Тој ја споменува “Грција”, кога пишува за неолитот и на стр. 149 од својата книга, а на страница 215 ја споменува дури и “предисториска Грција” (!?), наместо да напише “предисторискиот период во денешна Грција”. Грција не постоела ниту во историјата, а камоли во предисторијата.

На крајот од својата книга Бари Конлиф пишува:

Првите населени земјоделски заедници  во Грција и на Балканот... потекнувале од 7000 - 6000 година пред Христа”.

И ова е крајно тенденциозен и неточен податок и безобѕирен фалсификат. Не само што никаква Грција не постоела во тоа време, туку и се знае дека првата организирана населба во Европа е пронајдена на терито­ријата на Македонија, а не во денешна Грција. Тоа е најраната досега откриена  нео­литска населба. Оваа населба е откриена неколку километри се­верно од Бер и истата датира помеѓу 6300 до 5300 година пред Христа. Куќите во оваа населба имале повеќе соби, а некои од нив имале и тераси. Во секоја куќа имало огниште, складиште за хра­на, како и централно светилиште. Во насел­бата била најдена прет­ста­ва на женска фигура, како и цртежи на жаби, кози, диви свињи и бикови (Подетално кај Александар Донски: “Уделот на Македонците во светската цивилизација”, Штип, 2001, кој овие податоци ги цитира од современи грчки извори).

Да ја спомнеме и книгата  на Фиона Мекдоналд под наслов: “Жената во историјата на античка Грција” (Fiona Macdonald: “Woman in History - Ancient Greece”, цит. дело).

Грешката е содржана уште во самиот нејзин наслов со спомнувањето на “античка Грција”, т.е. на држава која никогаш не постоела во историјата.

Овој термин е користен и во содржината на книгата. На стр. 5 пишува дека околу 6000 година пред Христа, населението што се занимавало со земјоделство се населило во “грчката земја”, иако во практика оваа земја била наречена “грчка” илјадници години подоцна.

П р о д о л ж у в а

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.