Среда, 23 Јули 2014   
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (5 дел)

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Несоодветна употреба на терминот "грчка земја" среќаваме и во книгата на Шон Шехан (Sean Shеаhаn), цит. дело.

На стр. 72 исто така пишува дека околу 6000 година имало населено "заедници на грчката земја".

Овде  практично е напишана речиси истата реченица од книгата на Мекдоналд со што се потврдува она што го напишавме во уводниот дел, а тоа е дека мнозина историчари само некритички ги препишуваат и превземаат податоците едни од други, без да водат сметка дали се тие исправни или не.

          На стр. 35 (но и на други места) авторот Шехан, мислејќи на периодот на антиката, ја споменува "историјата на Грција", иако рековме дека таква држава во антиката никогаш не постоела. Тој вели дека класичниот период во оваа историја почнал од победата на Грците над Персија (во 480 година пред Христа), а завршил со смртта на Александар Македонски (во 323 година пред Христа).

Шехан не е единствениот автор кој историјата на античка Македонија ја сместува во рамките на историјата на Грција. Овде малку ќе се оддалечиме код темата за да изнесеме докази врз основа на кои јасно се гледа дека античките Македонци не биле никакви Грци, се` со цел да го побиеме ваквото тврдење на Шехан и на нему сличните автори. Воедно ќе презентираме и неколку коректни претставувања на историјата на античка Македонија од страна на современи западни автори.

Во книгата "Времето на боговите цареви" ("The Age of  God-Kings") во издание на Time-Life Books (цит. дело) исто така е спомната "Грција" во периодот на раната антика, кога таа воопшто не постоела како држава.

Овде читаме дека островот Крит бил населен во седмиот милениум пред Христа и дека, според една античка легенда,  постојано "силен ветер често дувал од север од Грција кон Крит".

Лагата овде е во тоа што во античката митологија воопшто не бил познат терминот "Грција" (види подетално кај Александар Донски: "The Descendants of Alexander the Great of Macedon", Stip/Sydney 2004). Оттаму, никако не можело во оваа античка легенда да се спомнува "Грција" затоа што творците на овие легенди никогаш во животот немале слушнато за таква држава. Тенденцијата и овде е очигледна, а тоа е да се претстави Грција како "многу стара земја".

Грција е спомната и на стр. 104 од оваа книга. Пишувајќи за Миноанците  и за нивното населување на Балканот тој пишува:

"Миноанците формирале колонии низ Кикладите, вклучително и островите Тера, Мелос и Хиос, но се вкорениле и на грчкото копно".

И овде се гледа истата тенденциозност на овој автор, кога ја споменува "Грција" во време кога немало ни помен од нејзиното име.

Авторот и натаму ја спомнува Грција, па вели:

"Луѓето од грчкото копно биле земјопоседници и затоа не претставувале воена закана за островите".

Практично и овде е направен фалсификат со спомну¬вањето на "грчкото копно" во време кога таков назив не постоел.

П р о д о л ж у в а

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.