Среда, 06 Август 2014   
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (7 дел)

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Децидно сведоштво, со кое била оспорена секаква етничка (но, и мито¬лошка) врска помеѓу античките Македонци и Херакле, дал токму Гркот Демостен. Во еден од своите бројни анти-македонски говори, тој сосема јасно го оспорил правото на Македон¬ците да се сметаат себеси како потомци на Херакле. Критикувајќи ги македонските пратеници, кои, некол¬ку¬пати повториле дека Филип Втори води потекло од Херакле, Демостен изјавил:

"Јас сметам дека Херакле, секако со негодување ги слушна зборовите на пратениците, кои постојано повторуваа дека Филип води потекло од овој бог. Овој бог добро нека го запознае през¬рителот на сите религии. Овој грчки бог нека го согледа тиранинот Македонец. Овој бог, мразител, казну¬вач и уништивач на тира¬нијата..." (Квинтиј Куртиј Руф: Историја на

Александар Маке¬дон¬ски, во превод од латински на д-р Љубинка Басотова; Скопје, 1998 година, стр. 30).
Овде ќе спомнеме уште еден факт, кој денес, не е многу популаризиран во грчката историографија. Имено, во времето на Филип Втори, познато е дека дошло до ширење на границите на Македонија. Една од првите мерки што Филип Втори ја презел во тој правец било анектирањето на атинските колонии на тери¬торијата на Македонија. Филип Втори насила влегол во овие градови, од каде, ги избр¬кал грчките колонисти да се вратат назад на територијата на денешна Грција, а оние кои пружиле отпор, ги ликвидирал или ги про¬дал како робје. Еве како го опишува однесувањето на Филип Вто¬ри Македонски кон грчките колонии на македонска земја, совре¬мениот истражувач на античка Македонија, Артур Вајгал (Алек¬сандар Македонски, Скопје,1992, стр. 64):

"Во 349 година п.н.е. Филип повторно тргнал со својата војска на Халкидик, на источната страна на Солунскиот Залив, каде ја продолжил својата поли¬тика на задушување на бунтовите на грчките населби. Го повикал Олинт, главниот град на овие колонии, конечно да се предаде... Но, осигурувајќи ја помошта од Атина, овој град ги затворил портите пред Македонците и пружал отпор с# до 348 или 347 година п.н.е., кога златото на Филип изнудило пре¬давање на градот во рацете на Филип и истиот бил срамнет со земја, а граѓаните биле продадени како робје".

И понатаму:

"Паѓањето на Олинт било голем шок за Атињаните, кои им испра¬ти¬ле значителна помош во луѓе и снабдување на несреќните колонис¬ти, но да се разбереме Филип немал желба да биде во војна со Атина и сега бил це¬лос¬но спремен за мировна спогодба со нив, бидејќи веќе немало други атин¬ски или грчки колонии на неговите непосредни крајбрежја. Тој само са¬кал, како што велел, да го исчисти своето родно крајбрежје од овие стран¬ски жи¬тели, кои немале никакво право на македонската земја."

Значи, самиот Филип Втори велел дека Грците, во нивните колонии во Македонија, се странци и тој постапил со нив небаре биле окупатори.

Во светски познатата американска ЦД енциклопедија Енцарта (издание од 1998, наслов Еуропе) во врска со негрчкото потекло на Македонците читаме:

"Македонија, која се наоѓа на север од Грција, отпрвин не била составен дел од грчкиот свет. Но, во 4 век пред Христа, нејзината владеачка класа се хеленизирала. Под Филип Втори, Македонија го освоила поголемиот дел од Грција, ја приклучил и територијата на Персиската империја на ова царство".

Ниту Грците не им останувале должни на Македонците во експо¬нира¬њето на својата омраза кон нив, па големиот атински го¬ворник Демостен за Филип Втори Македонски ја дал следната навред¬лива изјава:

"Филип, тој човек не само што не е Грк, туку и нема ништо заед¬ничко со Грците. Барем да беше барбарин од некоја пристојна земја - но тој не е ни тоа. Тој е некакво шугаво суштество од Маке¬донија - земјата од која не можеш да доведеш ниту роб што барем нешто вреди".

Оваа изјава Демостен ја дал во своите "Филипики", каде што обја¬вил и дру¬ги навредливи изјави против македонскиот цар Филип Втори и про¬тив Македонците.
Расположението на Грците кон нивниот освојувач Македонија јасно се гледа и во фактот што речиси сите грчки градови со голема радост ја примиле веста за смртта на Филип Втори, надевајќи се дека лесно ќе излезат на крај со неговиот млад син Александар и дека бргу ќе се ослободат од македонското ропство. Во контекст на ова да го спомнеме и востанието што Грците од Теба го кренале против ма¬ке¬дон-ска¬та власт на Александар Македонски пред неговиот поход кон Ази¬ја. Овој¬пат ќе се послужиме со цитат од античкиот грчки историчар Аријан (Тхе Цампаигнс оф Алеџандер, во превод на Аубреѕ Де Селинцоурт, Пенгиун боокс, УСА, 1987, стр. 54-55), кој во врска со ова пишува:

П р о д о л ж у в а

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.