Среда, 06 Август 2014   
Славе Николовски - Катин: Од патувањата низ Албанија (3)

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА”

ВО ДОМОТ НА ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ

При нашата посета на Тирана бевме сместени во хотелот „Еуропарк“ во центарот на градот и тргнавме да го видиме тој за нас непознат град и свет. Се чинеше дека во тој кус период не можевме многу да видиме. Но, во сеќавање ни остана средбата со едно македонско семејство. Имено, во Тирана го посетивме домот на семејството на познатиот и признат писател Стерјо Спасе, во чиј дом бевме примени со љубов и топлина, со македонско гостопримство.

Инаку, Стерјо Спасе е еден од најпознатите романсиери во Албанија. Тој е од македонско потекло и е роден во 1914 година во селото Глобочени, Општина Пустец, Мала Преспа. Се школувал во Корча и Елбасан, потоа студирал педагогија во Флоренца во Италија, а магистрирал во поранешниот Советски Сојуз. По Втората светска војна работел како книжевен критичар, а пишувал за бројни албански списанија. Починал во Тирана во 1989 година.

Стерјо Спасе ја започнал својата писателска кариера кога бил наставник во селското училиште во Дервичане во близината на Гирокастро. Тој е автор на дванаесетина позначајни романи на албански јазик. Романот „Тие не беа сами“ (“Ata nuk ishin vetëm”) (1952) на Стерјо Спасе е објавен и на македонски јазик во 1989 година во превод на
познатиот учител во Мала Преспа, Никола Беровски. Исто така, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и Институтот за национална историја од Скопје, го објавија на македонски јазик делото на Стерјо Спасе под наслов „Македонски народни песни од Мала Преспа“ (1992), што го подготви д-р Благој Стоичовски. spase

Писателот Стерио Спасе

Посетивме и бројни други културно-историски споменици од минатите времиња кои зборуваат за животот, постигнувањата, тагата... Ја видовме и православната црква во центарот на Тирана и квартот на луѓето од власта кои се школувале по светот, а го оставиле својот народ во мрак.

При нашата посета во Тирана ги потврдивме нашите податоци дека Македонците се едно од малцинствата во Албанија кои претежно живеат покрај албанско-македонската граница во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, а ги има и во Корча (Горица), Елбасан, Драч, Тирана и други места. Така, во областа Голо Брдо во 1924 година, дванаесет години по формирањето на Албанија, била поделена меѓу тогаш-на Југославија и Албанија. Во Албанија областа Голо Брдо територијално е поделена на три општини: Требишта, Острени и Стебљево, со 16 села чисто македо-нски. Во општините Острени и Требишта живеат исклучително само Македонци, а во Општина Стебљево населението е етнички мешано и Македонци и Албанци. Во областа, пак, Долно Поле, по на север од Голо Брдо во Општината Маќеларе останати се само три македонски села и тоа Горно Крчиште, Долно Крчиште и Ербеле, кои во 1924 година Албанија ги добила од тогашна Југосла-вија во размената на територии по граничната линија.

Инаку, Македонците муслимани се етнички Македонци кој зборуваат македонски јазик и се познати под повеќе различни имиња. Македонците муслимани живеат во Република Македонија, во Албанија, на Косово, во Турција и на други места.

Македонците со исламска вероисповед се мнозинство и во македонските етнички територии надвор од границите на Република Македонија, особено во областите Гора во Албанија и Косово и во Голо Брдо во Албанија. Поради тоа што овие луѓе се Македонци, нивните здруженија и организации постојано апелираат да се престане со употребата на разните имиња (кои често имаат погрдно значење) и за нив да се користи само името Македонци бидејќи тоа и се.

Главна карактеристика за сите нив е што го зборуваат македонски јазик во дијалектна форма според регионот во кој живеат. Но сепак поради различноста на регионите во кои живеат секоја група има задржано свои специфични етнолошки и други карактеристики.

Првите податоци за исламизирањето во Македонија датираат од средината на XV век. Отпрвин примањето на исламот било доброволно и најчесто во ислам преминувале оние луѓе кои имале големи имоти и кои биле побогати со цел да ги зачуваат своите имоти и богатства од одземање од страна на Турците. Еден дел од Македонците христијани го примиле исламот со цел да ја задржат земјата и имотот и понатаму братски во задруги да ја обработуваат со своите роднини кои останале христијани. Подоцна имало и присилна исламизација, а денес, пак, се јавуваат нови форми на однародување на Македонците – муслимани од своето македонско ткиво, што се врши со големите националистичките апетити.

Денес Македонските муслимани од Гора (Горанци) во Косово официјално побараа да бидат вклучени во новиот предлог за уредувањето на Косово како посебна македонска национална заедница, со гарантирани пратенички места, со овозможено образование на мајчин македонски јазик и давање на културна автономија на областа Гора.

Голо Брдо, пак, е претежно планинска област во источниот дел на Република Албанија. Населението во овој регион е македонско, од кои мнозинството се со исламска вероисповед. Македонците од овој дел на Албанија се организирани во здружение наречено „Мир“. Тие се борат за добивање на своите човекови и национални права и имаат надеж и веруваат дека тоа ќе им се оствари во блиска иднина.

Во утринските часови ја напуштивме Тирана и тргнавме кон Корча и Мала Преспа. Беше убав и топол јунски ден кога пристигнавме во Корча, град којшто по многу нешта наликува на Битола. Тој е распространет на јужната страна на плодното Корчанско Поле. Во минатото, овој град бил еден од најзначајните трговски центри на тие балкански простори, со кој луѓето од Лерин, Битола, Охрид, Струга, Поградец, Костур, Ресен, Љубојно, Герман и од други места имале многу блиски и одлични трговски врски со заедничко живеење.

Денес градот Корча е административен и културен центар и еден од поубавите и позначајните поголеми градови во Албанија. Во него има неколку индустриски капацитети, меѓу кои, термоелектрана, фабрика за шеќер и фабрика за пиво, од кои и покрај тоа што некои од капацитетите се со стара технологија и со низок степен на продуктивност, сепак, претставуваат значаен дел на албанската индустрија.

Во Корча останавме една вечер во хотелот што се наоѓа во центарот на градот и претставува единствен туристички објект од таков вид. Таму се сретнавме со група Македонци кои чекале подолг период само да се видиме и да разговараме. Средбата беше блиска, пријателска, но трогателна. Секој сакаше да се поздрави, да каже или да праша нешто. „Јас сум Македонка од Корча; а и јас сум од Корча, ама моите се од Долна Преспа; јас сум Македонец од Билиште од...“ се слушаа овие зборови. А потече и некоја солза, но овој пат од радост, од возбудата предизвикана од средбата со свои луѓе.

1

Македонско оро од Требиште

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.