|
|
МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА ЌЕ БИРААТ НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ |
НЕКА ПОБЕДАТ ИДЕИТЕ, нека победи онаа листа која ќе добие најповеќе гласови. Да се избориме за промени, нови лица, нови идеи. Од нас зависи. Се работи за нас Македонците, затоа ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕД СЕ ______________________________________________________________ Како и сите други малцинстава, така и ние Македонците во Србија, оваа година ќе бираме нов состав на националниот совет. Според соопштението од Министерството за државна управа и локална самоуправа на Србија, од 05.08.2014 година, Одлука за распишување на изборите за Национални совети, ќе се донесе на 20.08.2014 година. Изборите ќе се одржат на 26.10.2014 година, едновремено за сите национални совети. Ова ќе биде трет пат да бираме раководство на Националниот совет. Првиот состав на Националниот совет на Македонците беше избран во 2004 година и мандатот му беше до 2010 година. Тогаш советот го избиравме по пат на електори. Прв претседател на советот беше Јован Радевски, од Јабука. Изборите во 2010 година, беа по новиот закон за Национални совети на Србија од 2009 година. Заради малиот број на запишани Македонци во Посебните бирачки списоци, и тогаш, советот го биравме по пат на електори. Само да се потсетиме дека тогаш советот го избравме „едвај“ дури во третиот обид, на 31.08.2010 година. Оваа година се донесе нов закон за Националните совети, во кој што има доста измени, посебно во делот на регулативата за изборите, кои што ќе ги спреведе Државната изборна комисија. Според тој закон, малцинствата во Србија можат да изберат свои Национални совети, заради остварувањето на правата на самоуправа во областа на културата, образованието, известувањето и службената употреба на јазикот и писмото. Средства за финансирање на Националните совети се обезбедуваат од буџетот на Република Србија, буџетот на АП Војводина и буџетите на единиците на локалната самоуправа. До сега во Србија има регистрирано 20 Национални совети. Оваа година, свое барање за формирање на Посебен бирачки список заради формирање на свој совет, поднесоа и претставниците на полското и црногорското малцинство во Србија. Според законот, членовите на националниот совет се бираат на непосредни избори или по пат на електори. Услов за тоа е, секое малцинство, на 24 часа пред донесувањето на одлуката за распишување на изборите, да има запишано во ПБС повеќе од 40% припадници на тоа малцинство, според податоците од последниот попис. На 18.08.2014 година, надлежното министертво времено ќе ги заклучи бирачките списоци, за да донесе одлука кои совети како ќе го бираат својот совет. На 20.08.2014 година ќе знаеме, колку Македонци се запишаа во ПБС и како ќе одиме на избори. Според последниот попис од 2011 година, во Србија се изјасниле како Македонци 22.755 лица. 40 % од тој број се 9.102 лица, запишани во ПБС. Нажалост, ние Македонците и оваа година, највероватно советот ќе го бираме повторно по потешкиот пат, со електори, затоа што нема да имаме доволно запишани. Во 2010 година, во ПБС не имаше запишано 5.336 лица. Нема ни време сега пред изборите да запишеме преку 9.200. Зошто е тоа така и дали можевме и ние да имаме непосредни избори? Секако дека можевме. Некому му беше во интерес да не запишеме доволно лица во ПБС и пак да одиме на избори со електори. Не стојат оправдувањата дека ние Македонците не сакаме да се запишуваме во тие списоци. Што не ги погледнеме другите малцинства. Законот за сите е ист. Дали и нашите избори за совет, како и за сите други совети,ќе беа полегални, полегитимни ако сега одевме на непосредни избори. За овие 4 години, ако не повеќе, можевме да запишеме барем 50% од тие 22.755 Македонци, според последниот попис и да го исполниме условот за непосредни избори. Запишувањето во ПБС нема никаква врска со изјасувањето на пописот. Тука можат да се запишат и оние Македонци, кои на пописот не се изјасниле како Македонци. Колку електори ќе имаме сега за овие избори? Според законот за НС, за малцинства од 20.000 до 50.000, според последниот попис, ако се оди на електорски избори, тоа малцинство ќе треба да има минимум 45 електори, за да може да се одржи изборното електорско собрание. Сите проценки, прогнози се дека ќе обезбедиме околу 50 до 55 електори. Со 50 – 55 електори, со подршка за кандидатура за секој електор по 45 Македонци запишани во ПБС, тоа е бројка од 2.250 – 2.475 Македонци. Ова значи дека „само“ околу 2.500 Македонци во Србија, од 22.755, колку сега не има по пописот, на некој начин ќе дадат легалитет и легитимитет, на изборите, да избереме совет. А тоа е само 10% од вкупните Македонци по попис. Ако имавме сега запишано само 50% од Македонците според последниот попис, и ако само 50% од нив излезеа на гласање, тоа се 5.688 Македонци кои ќе гласаа за советот, што е 25 % според последниот попис, што е повеќе од 10%.Друго е прашање што стално повторуваме, дека во Србија, не има барем 10 пати повеќе, некаде преку 200.000 Македонци. Можеби тука е објаснувањето зошто некому му одговара да имаме електорски избори. И за ова ќе мора да се позабавиме малку подетално после изборите. Каков совет ни треба, кого да кандидираме за електори? Според законот, нашиот совет има 23 члена. Од нив се бира претседателот на Советот и членовите и претседателот на Извршниот одбор. Претседателите и членовите на четирите задолжителни одбори и сите други членови на останатите одбори немора да се членови на советот. Логички се поставуваат прашањата:
До 20 08.2014 година, кога се донесува одлуката за распишување на изборите и од кога почнува собирањето на потписи за подршка за електорите, имаме уште време, да се консулираме, да поразговараме, да предложиме, да ги избереме најдобрите кои ќе не водат во наредните 4 години. Јас како кандидат за електор и како носител на една од листите за овие избори, под наслов „ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕД СЕ“, и на овај начин упатувам некои мои предлози во врска со кандидирањето на електорите Критериуми за предлагање на електори -Покрај општите услови предвидени со закон, електорот да е запишан во ПБС и да има подршка од најмалку 45 лица запишани во ПБС на Македонското малцинство во Србија, да се придржуваме и кон следното: -Електорот да го зборува македонскиот јазик, да знае да чита и пишува на македонски јазик. -За електори да се кандидираат лица кои имаат углед во своите средини и здруженија, кои се активни членови во работата на здруженијата, -За електори да се кандидираат лица кои знаат, можат и сакаат да работат во Националниот совет за доброто на Македонската заедница во Србија. -Предложените кандидати да се докажале во досегашната работа на нашите здруженија, асоцијации, или во своите средини, на своите работни места. -Најмалку средна школска спрема, пожелно познавање на јазици. -Комуникативни, толерантни, подготвени за колективна работа и избор во органите на советот. -Задолжително познавање на работа со компјутер. -Пожелно е да има електори од сите региони во Србија, од сите здуженија -Пожелно е да има подеднаков број на кандидирани лица, машки и женски лица /минимум 1/3 треба да се женски за листа/ -Во однос на политичката активност на предложените електори и членството на истите во други партии, не би требало да предлагаме лица кои се активисти и на функции во други партии, освен во ДПМ. -За електори можат да се кандидираат и избрани раководители на функции во Сојузот на асоцијациите на Македонците во Србија и Демократската партија на Македонците /ДПМ/, но подоцна, да нема дуплирања на функциите. Тоа го запишавме и во Стратегијата, што значи тие неможат да се на функции и во ДПМ и во Сојуз и сега во советот. Дали и колку ќе успееме да ги предложиме и избереме „најдобрите“, ќе покажат изборите. Формирањето на повеќе листи е дополнителен мотив и гаранција, изборите да успеат и да ги избереме најдобрите. НЕКА ПОБЕДАТ ИДЕИТЕ, нека победи онаа листа која ќе добие најповеќе гласови. Да се избориме за промени, нови лица, нови идеи. Од нас зависи. Се работи за нас Македонците, затоа ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕД СЕ Славе Груевски |