Среда, 17 Септември 2014   
Вистината за Македонија (1)

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

ПАТУВАЊАТА КАКО ПРЕДИЗВИК

 (ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

Моите патувања во различни земји во светот ми беа мошне возбудливи, исполнети со многу непреспиени ноќи, искушенија, релаксирачки моменти, сознанија и предизвици да запознаам различни држави, места, градови, народи, култури, религии, обичаи и многу карактеристики на современиот свет. Притоа, имав можност да посетам бројни споменици кои имаат светско значење и кои оставаат вечни траги во сеќавањата на посетителот. Затоа, тешко е посебно да се издвои место, град или држава, бидејќи сите тие Господови дарби на мајката Земја имаат свое значење, величие, карактеристики и улога во афирмирањето на државите од светот каде се чувствував како дома..

Публикацијата „Светот на дланка“, која има 440 страници е на македонски јазик, и токму на едно место, како на дланка пред читателот се отвораат широки хоризонти – и тој може да пропатува ширум светот, да се запознае со голем број земји, места, градови, интересни споменици на културите на домородното население, со културите и религиите донесени од освојувачите, особено на Англичаните, Шпанците, Французите и Португалците како и со креолизацијата на јазиците, народите..

Во поголемиот број земји во светот што ги посетив живее и македонско население од сите делови и краишта на етничка Македонија. Затоа, одењето по светот како новинар; потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија; како член на државни, црковни, новинарски и други делегации, и како човек на кого светот му е предизвик, патувањата беа тесно поврзани со запознавањето, истражувањето и афирмацијата на македонските православни цркви, друштва и други асоцијации ширум светот.

Инаку, Македонците во дијаспората имаат долга историја која датира од втората половина на XIX век и со различен интензитет трае сè до денес. Тоа било диктирано од жестокоста на искушенијата низ кои минувал македонскиот народ во борбата за својот опстанок на просторот на кој постоела и се развивала државата на големиот македонски цар Александар Македонски. Распаѓањето на Отоманското Царство и формирањето на балканските држави, пак, биле повод и причина за приграбување и освојување на територијата на Македонија и за нивно асимилирање како народ, во рамките на бугарската, српската, елинската и албанската држава, под насилничкиот патрон на Големите сили и нивните глобални интереси за доминација на Балканот.

svetot-na-dlanka

Историската неправда, а со тоа и иселеничката голгота, особено од беломорскиот дел на Македонија е голем предизвик да се фрли светлина на страдањата и борбата на македонскиот народ за одбрана на нивниот национален идентитет, верата, културата, традициите и обичаите, кои извираат од неговите библиски корени. Тој историски факт може да се најде и најсилно да се почувствува кај Македонците во дијаспората, кои како припадници на една од најстарите цивилизации во Европа,  во битката за одбрана на националната кауза, морале да минат низ големи искушенија и страдања и да се потврдат како успешни градители на Новиот свет.

Со создавањето на македонска држава во 1945 година, по Втората светска војна, и со прогласувањето на нејзината самостојност и независност во 1991 годи-на, состојбата во дијаспората рапидно се измени. Круната на тој историски вознес беше обновата на Охрид-ската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, чија улога на обединувачки фактор на Македонците дојде до израз и во етничка Македонија и кај Македонците во дијаспората, кои само тие и античките Македонци се нарекуваат со тоа име. Затоа, во оваа публикација  меѓу другото, направив обид да се осветли дел од иселеничката одисеја на Македонците во светот.

Патувањата кои обично се одвиваат по копно или вода, а најмногу во воздух во различни земји во светот ги започнавме токму од Македонија. И покрај тоа што  во изминатите  педесетина години нашите родители живееја во Торонто, Канада, сепак, за нас Македонија била почетна и завршна станица на патувањата. Сите патувања  по светот имале своја цел, а од нив се понесени безброј видувања, спомени, куп впечатоци, многу материјали, љубов... Сепак, враќањата во Македонија биле највпечатливи, највозбудливи и исполнети со една неопислива љубов кон својата родна земја, која човек и каде да оди, љубовта кон родната грутка, кон родната татковина во себе ја носи, таа љубов е голема и тешко може да се опише. Затоа, во книгата поместуваме материјал кој зборува за патувањата и враќањата кои почнувале и завршувале во Македонија.

Македонија е и ќе биде место каде што се вкрстуваат различни цивилизации и религии, почнувајќи од древниот период па до денес. Така, на овие балкански простори христијанството се појавило пред многу векови, односно уште од времето кога апостол Павле дошол во Македонија. Македонија како земја, повеќе пати се споменува и во Библијата. Историски гледано, почнувајќи од древните времиња на Александар Македонски, преку римскиот и византискиот период, како и преку големите миграции на различни племиња кон југ, а потоа и за време на отоманскиот период, Македонија била раскрсница на нации, цивилизации, култури, јазици и религии.

Оваа географска положба ја сместува Македонија на крстосницата меѓу Истокот и Западот. Сите воени експедиции морале да поминат преку неа, а таа била мост преку кој врвела развиената трговија, заедно со различните културни, религиски и други влијанија. Македонија била еден од првите региони во кој пристигнала христијанската вера и преку неа христијанството се проширило кон запад.

karta-na-makedonija
Карта на Македонија од 1913 година

Продолжува

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.