Среда, 24 Септември 2014   
Напади против славјанството отпочнати во Моравија, Руско-турската војнa

Руски император Александар Први

Пишува: Јанко ТОМОВ

aleksandar-prviНапади против Славјанските народи, од поедини Европски народи и вери,  се уочливи од времето на Византијското владеење со Македонија, во Северозападните делови на Моравија, денешна Чешка, Словачка и нивни околни држави, што продолжува со Отоманското владеење, Руско-турските војни, со нападот на Русија од страна Французинот Наполеон Бонапарта и натаму до денешни дни, со напади и непризнавање на македонскиот национален идентитет и уставното име на Македонија, од страна на Грција, Бугарија и Албанија.

Во статијата на интернет порталот  “Македонска нација”, од 3 Септември 2014: “САД треба да ја поддржат Македонија за влез во НАТО”стои:

Упорното противење на Грција во спорот за името, заедно со нелегалноста на нејзините позиции според меѓународното право, ја поткопуваат политиката на НАТО на отворени врати“, смета Лук Кофи експерт за безбедносни прашања во анализата објавена од „Херетиџ фондацијата. Тој истовремено препорачува дека „Грција треба да работи со Македонија и да бара помирување, а САД треба да игра водечка улога“.  И тоа е погрешно и бара многу децении да се оствари, а е во полза на доасимилацијата и доденационализацијата на македонците во етничките окупирани делови на Македонија, отпочната пред 100 години. “Лук Кофи препорачува Грција да се притисне зад сцената за да влезе Македонија во НАТО под условите на привремената спогодба од 1995 година…”, што и тоа не е поволно за Република Македонија, бидејќи  и со тоа не се признава уставното име на Македонија, за кое име се борат сите Македонци во дијаспората  и во републиката, за да се сочува националниот, јазичниот, историскиот, културниот и други македонски карактеристичности и идентитети. На денешната американска и европска демократија им е поважно финансискиот ефект отколку просперитетот на светот со мир и меѓусебна равноправна соработка.

Дека одзема долги години и децении, за решавање на нашето уставно име, иако сегашните лидери кои се одговорни за нашето име и членство во меѓународните организации, ако не реагират навреме, според меѓународното право и Повелбата за човекови права на Генералното собрание на Обединетите нации од 1948 година, ке биде касно. Според искуствата, од досегашните лидери, кои не сторија ништо за Македонија, а по престанокот на нивното  званично лидерство во ЕУ и НАТО, иако денес се за членство во ЕУ И НАТО со уставното име на Македонија, немаат потребна сила или доволен авторитет, за да помогнат при признаване на уставното име и посакуваното членство во меѓународните тела. Изгледа ќе остане на тоа дека тие потенцираат дека тоа непризнавање донесува статут кво за прием во ЕУ и НАТО, а што самите го означуваат за погрешната политика на тие институции, во кои ја врачунуваат и политиката на САД.

Од сето тоа, како закључок  произлегува  дека сите вртат сучат, а никој од нив директно и званично не побарал САД, НАТО и ЕУ да ја примат Република Македонија, во своите редови,  како  равноправен член, со уставното име, како што се и останалите нивни членови. Според тоа, ние Македонците не спиеме, но сме немоќни и очекуваме некој посилен да направи нешто што ке ја задоволи нашата правда. Ние што живееме во дијаспората, имаме многу блиски односи и родбински врски со нашите сонародници западни жители на САД, Канада, Австралија и Европа,за што наповеке би сакале нашите преставници на владите на тие земји да бидат во добри просперитетни односи со Република Македонија и рускиот народ, Украина, Словачка, Полска, Словачка, Совенија Хрватска и други Источно Европски славјански држави и народи, кој по крв и вера е најблиска до нас Македонците.

Горното е видлив доказ дека САД, НАТО и ЕУ, досега нивните лидери и институции, не сакааат да го  изгубат влијанието над Грција, која е од стратешка значење, за нивната доминантна позиција во Средоземскиот, Егејскиот  и Црноморскиот базен, насочен кон заштита на своето милениче Израел, а што е најважно насочена против Славјанските народи, меѓу кои и македонскиот, а  посебно Рускиот народ и Руската Федерација,  која им се спротивставува. Но, американците со европските партнери, играат дволична улога према Република Македонија, мислејки дека им веруваме, правејки не нивни сојузници и заштитници, на лукав-итер начин ја “тераат водата” кон наше национално и суверено исчезнување, на сметка на Грција, Бугарија и Албанија, кои не го признаваат нашиот Македонски национален идентитет!

Да ги погледнеме историјските факти од Средновековниот период, кои факти се многубројни и кои и денес се присутни меѓу нас и не потсетуваат за пробувањата на поедини европски народи и религии, со цел да извршат доминација и потиснување над славјанските народи. Во тој поглед да си спомнеме за тогашниот Моравски принц-владетел, Светислав, кој ги побарал Светите Македонски и сесловенски просветители, браќата Кирил и Методиј, да дојдат во Моравија( денешна Чешка и Словачка). Целта била  за да го прошират славјанското писмо-Глаголицата, со цел да се заштити славјанството со своите мајчини говорни дијалекти и акценти, кои биле   нападнати од германските верски  владетели и нивно германизирање. Понатаму, после векови,  гледаме дека Римо-католиците извршиле вијание врз дел од Балкански народи, како  кај Словенците  и Хрватите, за да ја  постават латинската писменост, а да го исфрлат Кириличното писмо, изготвено врз база на Глаголицата, од страна на Св. Климент Охридски.

Во 18-ти век,  стратешкиот притисок на западните држави, за занемарување на Македонскиот народ и Македонија, почнува некаде, после Карпошовото востание во Македонија. Тој притисок  продолжува, неочекувано, со Руско-турската војна, а е осетен против Македонците, од заклучоците  на Санстефанскиот конгрес, кога по погрешна политика  на Царска Русија, занемарувајки  ја слободата на Македонците и на Македонија, под Отоманско ропство погрешно се определила, за поголемиот дел на Македонија да припадне на Бугарија!?

Да си спомнеме поедини детали од Виенскиот конгрес одржан во 1814 година. По неговото извршување , што таело до Јуни 1815 година, каде  се донеле видни и важни решенија , за безбедноста на Европските држави,  одма по победата над Наполеон Бонапарта. Имено сојузот против Французинот Бонапарта-антинаполеонска коалиција, во која влегувале Русија, Австрија, Прусија и Велика Британија, донело стабилност во Европа, преку познатиот “Виенски систем на меѓународните односи”.Во ктаја Европска  стабилност предначела Царска Русија, предводена од Рускиот император Александар Први. Според “Нова Македонија” од 4 Септември 2014,”Конгресот во Виена ја започнал својата работа со средбата на тројцата императори, кои во победениот Париз влегоа на чело на сојузните војски како „сложни царски браќа“. Меѓутоа, на овој собир, единствен со реално значење на еден вистински суверен, сепак беше само рускиот император Александар Први. Неговите пруски и австриски сојузници Вилхелм Трети и Франц Втори своето учество на конгресот го сведоа само на неговиот свечен-церемонијален дел. Но без оглед на тоа, Виенскиот конгрес со својата работа, што траеше сѐ до јуни 1815 година, донесе судбоносни решенија и определи ставови за иднината на земјите-сојузнички, но и за цела Европа. Некои од тие решенија се актуелни и денес - 200 години по нивното обелоденување”.

Од тогаш, а се виде дека и во Илинденското востание, Балканските војни и Првата светска војна, македонскиот народ беше незаштитен, ниту преку ветувањата од  Бугарија, а ниту од други големи сили од Европа.  Во Втората светска војна, Македонските партизани, инспирирани за победа над силите на  Хитлерова Германија, застанаа рамо до рамо на   страната  на отпорот на сојузниците: Русија, САД, Велика Британија и Франција. Македонските борци, беа  раководени од Методи Андонов-Ченто, Брашнаров, Влахов,  Апостолски и други лидери на Народно ослободителната војна на Македонскиот народ, оличотворена во Првото заседание на АСНОМ, на 2 Август 1944 година, во манастирот “Прохор Пчински”, успеа да  обноват дел од античката и средновековна дрзава Македонија, прогласувајки државност на македонскиот народ, кој во рамките на Федеративна Народна Република Југославија, се прикњучи и Народна Република Македонија, а која на 8 Септември 1991 година стана самостојна Република Македонија.

Единствено, Советскиот Сојуз, после Втората светска војна “помогна” и проба за воведување на комунизам во Грција, со што им вети на Македонците од Егејска Македонија  признавање на националниот идентитет, мајчин јазик, култура и сл., но во рамките на Грција, што не се оствари во Граѓанската војна на Грција, водена од 1946-49 година. Не се оствари, а илјадници Македонски борци и цивили изгинаа од напол бомбите од англичаните, а и од  пасивноста и непружањето  потребна помош, од страна на  комунистичка Југославија и тогашна Народна Република Македонија. Не само што  не ја помогнаа  борбата , туку и не ги примија бегалците, од запустените и разорани огништа на Mакедонците од Егејска Македонија, праќајќи ги по Источно европските комунистички земји. Најголеми кривци испаднаа САД и Англија, бидејќи имаа, а и сеуште имаат економски и геополитички  влијанија, на тој дел од светот, кој е граничен меѓу хистијанството и  муслиманскиот свет и тогашниот капиталистички и комунистички свет. Значи во прашање се материјални-економски и геополитички влијанија,  на западот према останалиот свет, на штета на Мегународното право и мирот во светот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.