Среда, 15 Октомври 2014   
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (17 дел)

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Македонија била првата централизирана унитарна држава во Европа и навистина не е во ред кога таа се претставува како "дел од Грција".

 Фалсификати се направени и во книгата на Бари Кунлиф под наслов: "Историја на пре-историската Европа". Се што е балканско или македонско, тој во оваа книга го означува како "грчко".  На стр. 200 во оваа книга го читаме следното:  "Пред малку повеќе од сто години нашето познавање за грчкото бронзово доба беше засновано  само на големиот киклопски ѕид на Микена и Тиринс и нивната врска со Хомеровите легенди за Агамемновата експедиција против Троја и  и лошата судбина на враќањето на многу грчки херои" ("Little over a hundered year ago our knowledge of the Greek Bronze Age was based only on the great Cyclopean wall of Mycenae and Tiryns and their link with the Homeric legends of Agamemnons' expedition against Troy and the ill-fated return of many of the Greek heroes").

 За овој цитат само ќе кажеме дека терминот "грчко бронзово доба" е сосема погрешен и тенденциозен. Во тоа време не постоело ништо грчко, ни држава ни народ.

Погрешно е и тврдењето за враќањето на "грчките херои" од експедицијата против Троја, опишано од Хомер. Имено, во времето на Хомер, етнонимот "Грци" воопшто не постоел. Самиот Хомер ниту еднаш нема спомнато ваков етноним, па оттаму нејасно е како можеле неговите херои да бидат "грчки херои".

 На стр. 224 авторот прави уште една грешка пишувајќи дека "Отпрвин Микенска Грција ги вклучувала Пелопонез, Атика, Бојотија и Фугија и одвај допирала до тесалискиот брег" ,на англиски: ("At first Mycenaean Greece included the Peloponese, Attica, Boeotia and Phogia and just reached the Thessalian coast..").

 Познато е дека Микена никогаш не била грчка пред доаѓањето на Грците од Африка. Всушност, Грците токму од Крит научиле многу сегменти од својата култура, а Крит потпаднал во границите на Грција дури во 1913 година.

 Меѓутоа, во продолжение авторот коректно заклучува дека Грците имале колонии  само на македонскиот брег, додека внатрешноста на Македонија била населена  со локално домородно население. Оваа реченица на англиски гласи: "It is likely that there were settlement on coast of Chalcidike in Macedonia, but inland Macedonia, like Epirus and Thrace preserved its' own local identity".

 П р о д о л ж у в а

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.