Среда, 22 Октомври 2014   
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (18 дел)

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Во насловот "Појавувањето на елитите: најраниот бронзов период во Европа од 2500 до 1300 година пред Христа" ("The Emergence of Elites: Earlier Bronze Age Europe 2500 - 1300 BC") сосема коректно е претставена оваа постара историја и во неа никаде не се среќаваат грчки детерминирања,  како во некои други книги.

Авторот вели дека во Бронзовата епоха во Егејот биле произведувани ткаенини во боја и слично, што значи дека се работело за цивилизиран свет.

 Во книгата "Предисториска Европа" на стр. 337, авторот Бери Кунлифс пишува за (цитат): "Железното доба во општествата во западна Европа помеѓу 800 и 140 година пред Христа" ("Iron Age Societies in Western Europe and Beyound, 800 - 140 BC"). Овде тој го споменува "раѓањето на грчко-римскиот свет" од 800 до 400 година пред Христа" ("the birth of the Graeco-Roman world 800 - 400 BC"). Грешката овде е во тоа што во 800 година пред Христа не постоел никаков "грчки свет". Во зачуваните неколку дела од тој период (Хомер и Хесиод) ниту еден автор не споменува никакви "Грци". 

Овде само ќе кажеме дека нашата забелешка за употребата на грчките детерминирања за некои сегменти во време кога такви детерминирања не постоеле, практично претставува ретроактивност. Тоа е исто како кога некој би напишал дека, на пример, цар Јустинијан се родил во "Југославија" (држава која многу подоцна била создадена на просторот каде тој бил роден) или дека водачот на римското робовладетелско востание Спартак бил "роден во Бугарија" (само затоа што се родил во Тракија, на чија територија подоцна била создадена Бугарија) и сл. Ретроактивното  користење на грчките детерминирања за период во кој тие не постоеле, практично им сугерира на читателите за непосотечката  "старост" на грчката култура и сл., а тоа е крајно некоректно. Исто како што Југославија и Бугарија не се заслужни за раѓањето на Јустинијан и на Спартак, така и Грција и Грците не можат да бидат заслужни за цивилизациите што постоеле на оваа денешна територија во времето кога Грција не постоела. Но, гледаме дека за мнозина автори оваа обична логика и природни правила не важат.

Понекогаш се среќаваме и со различно етничко детерминирање на една иста личност од историјата. Како илустрација за ова ни зборува  случајот со Октагоналната кула во древна Атина. Авторката Ема Ј. Стафорд во својата книга "Античка Грција" (цит. дело) пишува дека оваа кула ја изградил еден Македонец или како што вели таа "Андроникос, македонски астроном околу 50 - 25 година пред Христа".

Но, на многу други места се среќава податокот дека Андроникос бил "Грк".

Во книгата од Дејвид Нашмут под наслов: "Кој беше Александар Македонски Велики?" (цит. дело)  на стр. 8 читаме:

"Александар Македонски Велики станал цар на Македонија - најсилната држава во Грција, во 336 година пред Христа" (на англиски: "Alexander the Great became king of Macedonia, the most powerfull state in Greece, in 336 BC").

Овој несериозне автор слободно можел да напише и дека "Александар Македонски Велики станал цар на Македонија - најсилната држава во Југославија, во 336 година пред Христа" или: "Александар Македонски Велики станал цар на Македонија - најсилната држава во Отоманската империја, во 336 година пред Христа" и сл.

 Исто како што Југославија и Отоманската империја извесно време владееле со Македонија, но се појавиле многу подоцна на ова тло, така било и со Грција, која исто така се појавила како држава на Балканот дури во 19 век.  Еве со какви глупости се труе публиката на Запад од страна на несовесни поединци автори во врска со македонската историја.

Овој автор продолжува со пишувањето бесмислици, па (исто така на стр. 8)  вели:

"Северното грчко царство наречено Македонија ја поразила заедничката армија на останатите грчки држави". (на англиски: ("Northern Greek kingdom called Macedonia smashed the joint army of the other Greek states").

За разликите помеѓу Македонците и Грците веќе наведовме повеќе сведоштва од античките грчки автори. Веќе спомнавме дека самиот грчки историчар Аријан (1 век) напишал дека поѓу Македонците и Грците постоело (цитат) "расно ривалство", додека Квинтиј Куртиј Руф напишал дека Македонците и Грците комуницирале преку преведувачи. Белки авторот Нашмут не мисли дека знае повеќе од самите антички автори, кои јасно ги издвојувале Македонците и Грците. Очигледно овој автор е обичен  грчки пропагандист, а не историчар.

 На стр. 9 овој автор пишува дека Македонците зборувале "грчки", наспроти сведоштвата од античките автори Плутарх, Аријан и Руф, кои го споменуваат посебниот македонски јазик. Има и други бесмислици во книгата на Нашмут, кои не заслужуваат никаков коментар.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.