Вторник, 28 Октомври 2014   
ЛЕТОНСКАТА НАЦИОНАЛНА БИБЛИОТЕКА ГИ ДОБИ ПРВИТЕ МАКЕДОНСКИ КНИГИ

G 2

Летонска национална библиотека

Рига, Летонија, 23 октомври 2014

Од цртеж инспириран од летонските бајки до ремек-дело на архитектурата.

Летонско-американскиот архитект со светско реноме Гунар Биркетс го оствари својот сон за родната Летонија: замокот на светлината блеска и ден и ноќ со својата импозантност покрај реката Даугава и во прегратка ја има цела Рига. Во замокот на светлината не е сместена само Летонската национална библиотека, туку и летонскиот национален стремеж за слобода и независност.

По повод отворањето на новата Летонска национална библиотека и 95 години од нејзиното основање (1919) како и 18 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Летонија донирани беа првите македонски книги на оваа реномирана институција и една од најголемите библиотеки на Северот од Европа.

Донацијата македонски книги од име на Македонија и Македонската национална библиотека ја предаде Гоце В. Дуртаноски, предавач на Летонската христијанска академија заедно со студентите и колегите од бордот на Акедемијата.

G 1

„Се надевам дека овие книги ќе бидат мост на пријателство меѓу нашите народи, подигнувајќи ги културните билетерални односи и соработка на повисоко ниво“, истакна Дуртаноски при предавањето на донацијата.

„Оваа донација го одбележува и проектот Рига 2014 како европска културна престолнина и го поздравува претстојното летонско претседателство со Европската унија од 1 јануари 2015, целосно давајќи признание на Летонија како 'голем поддржувач на македонските аспирации за членство во Унијата' - потврда која ја искажа летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевич при неговата официјална посетата на Македонија во август годинава“, додаде Дуртаноски.

Заблагодарувајќи се на донацијата книги и за личниот подарок реплика на македонски ракопис за неговиот кабинет, г. Андрис Вилкс, директор на Летонската национална библиотека ги потврди одличните пријателски односи меѓу Македонија и Летонија: „Имајќи во предвид дека Летонската национална библиотека само што се в доми во новиот објект и бројката на посетители е над очекуваното, сепак за многу скоро ќе одговориме на овој ваш несебичен гест и ќе возвратиме со сличен подарок летонски книги за Македонската национална библиотека. Најверојатно тоа ќе го сториме преку вас, бидејќи вие станавте наш голем пријател и алка на поврзаност меѓу двете земји и нашите национални библиотеки. И повеќе од тоа, вие сте дел од нашиот образовен систем и колега од Летонската христијанска академија со која негуваме исто така одлични професионални релации“ - потенцира Вилкс.

Викторија Москина, координатор за меѓународна соработка на Летонската национална библиотека се осврна на неколкумесечната кореспонденција и подготовка за прием и дигитализација на донацијата книги од „амбасадорот на добра волја Дуртаноски„ како и посебниот интерес на Дуртаноски за збогатување на фондот при Институтот за ракописи, ранопечатени книги и картографија кој е дел од Летонската национална библиотека.

Професорот Гунтис Дишлерс од бордот на Летонската христијанска академија ја поздрави иницијативата на колегата Дуртаноски како „уникатна, едукативна и како голема придобивка за граѓанската дипломатија преку која Дуртаноски ја поврзува не само Македонија со Летонија,туку и многу други народи и држави. Неговото присуство кај нас на Академијата и воопшто во Летонија е придонес од големи размери и ништо друго не можеме да кажеме освен едно големо благодарам - заврши Дишлерс.

Со потсетување на 100 годишнина од почетокот на Првата Светска Војна и сите злодела што ѝ се случија на Европа во 20 век како и свесноста за денешните гео-политички турболенции кои го снаоѓаат светот церемонијата заврши со предавање на еден посебен подарок за музејот на библиотеката: оригинално парче бетон од Берлинскиот ѕид со кој одбележуваме четврт век (25 години) од крајот на Студената војна и почетокот на обединување на Стариот континент.

„Летонската национална библиотека сеуште ја има улогата 'симбол на летонската слобода' и ова парче камен од европската историја е вистинското место да биде дом на овој експонат“ - заклучи Дуртаноски.

Посетата на библиотеката заврши со посета на ексклузивната изложба „Книга: 1514-2014“ во која е прикажан 500 годишниот развој на печатењето книги во Европа и нивното значење како културно наследство. Оваа изложба ги содржи најзначајните и најскапите книги испечатени на европско тло, некои од нив се за првпат изнесени од библиотеките/земјите каде се чуваат под посебни услови и сигурност.

П.С. Покрај главната донација - едицијата 135 (133) македонски книги Гоце Дуртаноски на Летонската национална библиотека и Институтот за ракописи, ранопечатени книги и картографија донираше и еден документ од познатиот историчар и картограф Себастијан Минстер од 1560 година, латинското издание Oratoria in Tabulas од Хиеронимус Фреер од 1754 година и помал број на холандски и германски книги.

П.П.С. Георги Гоце В. Дуртаноски е предавач на катедрата за библиски писма на Летонската христијанска академија по предметот/техниката краснопис на старите писма со фокус на глаголица и стара кирилица. Летонската христијанска академија е единствена институција во Европа која ја негува христијанската уметност и вредности.

G 3

Превод и адаптација на македонски: Г. Г. В. Дуртаноски

Фотографии: Аугуст Зилбертс, Гунтис Дишлерс, Алексеј И. Кошкин, Г. Г. В. Дуртаноски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.