Среда, 19 Ноември 2014   
Од патувањата по светот – Израел (3)

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Како нераскинлив дел од Тел Авив, на јужната стра­на е сместен градот Јафа или Јафо. Во него жи­веат и Евреи и Арапи и тука се измешало и ста­ро­то и новото, и библиското и современото. Таму ја по­­сетивме Католичката црква „Свети Петар“, каде апос­толот ја ставил раката врз девојката Табита, која подоцна оживеала. Го посетивме и стариот дел на градот, во чија непосредна близина на црквата се вгнездиле познати уметници и отвориле  галерии на улиците што ги носат имињата на зодијачките знаци.

Тел Авив, заедно со градовите Хаифа, Еру­салим и Тиберијада се познати во светот по ре­же­њето, брусењето и продажбата на дијаманти. Всуш­ност, шеесет отсто од приходите на државата се ост­ва­руваат токму од дијамантите. А, брусењето на дијамантите е еден од најпознатите занаети на Евреи­те. Со оваа дејност Евреите почнале да се за­ни­маваат уште од најстари времиња, кога не биле си­гурни каде ќе останат и каде ќе им биде нивната др­жава. Во честите прогонувања и преселби, тие пос­тојано размислувале како да најдат нешто што ќе им обезбеди живејачка и лесно ќе се пренесува, за да не им прави проблем при честите преселби. Единствено решение им биле светлите ситни ка­ме­њa, што ги чувале како очите во главата и ги прене­су­вале во џебовите, во чорапите, во чевлите...

Често се вели дека историјата на човештвото е оградена со ѕидови. Меѓу нив, три заземаат посебно место: Кинескиот ѕид, граница меѓу цивилизацијата и вар­варството; Берлинскиот ѕид, сведоштво за една умисла да се пресече живото европско ткиво на два де­ла; и Ѕидот на плачот, симбол на секојдневната сред­ба на Евреите од целиот свет со својата судбина.

Западниот ѕид, наречен од британската ман­да­торска  управа како „Ѕид на плачот“, поради секој­дневните, честопати со солзи накапени моли­тви на Евреите свртени со лицата кон ѕидот, се смета за последен остаток за најголемото свети­лиш­те во јудеизмот. Тоа е храмот кој на едно возвишение во Еру­салим го изградил Соломон, синот на кралот Давид, пред 3.000 години.

При посетата на Ерусалим се уверивме дека тој е исто­рис­ка крстосница на многубројни свети места; со посебна архитектура обли­кувана исклучително од ерусалимски камен ваден од пусти­ната со конфи­гурација на мали ритчиња од чии ви­со­чинки може  да  се види Мртвото Море. Инаку, уште од времето на Британците пос­тои за­кон со кој се регу­лира  изградбата  на  сите згради, куќи  и други об­­јек­­ти, да бидат исклучително со бел делкан камен.

erusalim
Вечниот Ерусалим

Ерусалим е град на вечните убавини и на светите места. Низ милениуми  населението на Ерусалим, но и тие што доаѓале и доаѓаат да му се поклонат, го воспевале и го воспеваат како град на вечноста, како центар на светот, како главен град, како град со голема политичка моќ… Според тоа тој има повеќе имиња што му се дадени во Светото писмо, во Мојсиевите записи и во литературата. Израелците го нарекуваат Јерушалаим, од каде потек­нува и денешното негово име - Ерусалим, што значи „град на мирот“. Меѓутоа, за постоењето на  Еру­салим - местото на Христовите маки, смртта и вос­крес­нувањето, во текот на последните два миле­ниумa не е врзан поимот мир. Ниту на едно свето место во светот не потекле толку потоци крв како овде. Ни­ка­де толку жестоко не се воделе борби, никаде толку гневно не се мразело и напаѓало како во овој свет град што е сместен на студените и сиви карпи на планината Јуда. Трите светски религии - еврејската, христијанската и муслиманската, од градот напра­виле центар на раздорот. Истовремено, никаде не се кажале толку многу молитви како во Ерусалим.

Приказната за Ерусалим почнува кога моќ­ниот крал Давид го купил ридот над градот. Целта му била да изгради свет храм каде што би бил сместен Заветниот ковчег во кој се чувале плочите со Десетте Божји заповеди што Господ, преку Мојсеј, им ги објавил на децата на Израел. На кралот Давид, моќниот творец на првата еврејска држава, сепак, не му било дозволено да го изгради храмот, не­говите ра­це биле крвави. Таа света должност ќе стане ама­нет на неговиот син Соломон.

Уште од Мојсеј, од колено на колено се пренесувал споменот на илјадниците Евреи кои останале затрупани под камењата на египетските пирамиди. Градењето на светиот храм како трајно седиште на Заветниот ковчег, би требало да биде паметник  за годините на ропството, но и решеност ни­когаш повеќе да не се градат кули за туѓите господари или бесконечно да се талка по пустините. Со храмот, Евреите се пронаоѓаат самите себеси, на својата земја, под сенката на светилиштето кое ќе биде печат на нивниот сојуз со Бога. Градот Еру­са­лим станува свет град, а храмот светост над светос­тите.

erusalim2

erusalim3

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.