Среда, 31 Декември 2014   
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (28 дел)

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со културата

Културата претставува збир на духовни и материјални вредности.  Под духовна култура се подразбира: јазикот, фолклорот, писменоста, уметноста начинот на живот и друго, а под материјалната култура спаѓаат: сликарството, архитектурата, вајарството, украсувањето на народните носии и предмети од секојдневна употреба и сл.

Се што негувале старите народи во однос на културата, негуваме и ние денес, со тоа што денес науката и техниката имаат многу напреднато.

Што се однесува до македонската култура, таа има свои длабоки корени во минатото. Познато е дека во Македонија е пронајдено и најстарото палеолитско орудие. Се работи за примитивна камена рачна секира. Веќе спомнавме дека во Македонија е пронајдена и најраната досега откриена  неолитска населба. Тоа е населбата откриена неколку километри северно од Бер. Оваа населба е датирана помеѓу 6300 до 5300 година пред Христа. Куќите во оваа населба имале повеќе соби, а некои од нив имале и тераси. Во секоја куќа имало огниште, складиште за храна, како и централно светилиште. Во населбата била најдена претстава на женска фигура, како и цртежи на жаби, кози, диви свињи и бикови. Сето ова зборува за култура со свои длабоки корени.

Што се однесува до периодот на антиката, се знае дека и тогаш постоела автентична македонска култура, која за жал, денес во повеќе публикации е прикажувана како "грчка".                                                                                             

Посебен придонес во ширењето на македонската култура имал Александар Македонски. Се разбира дека тој, во склоп на својата војска, имал и Грци, Тракијци и припадници на други народи, па со самото тоа ги ширел и нивните култури во Азија, но сосема е погрешно да се пишува дека тој ја ширел само "грчката култура".

Инаку, познато е дека Александар изградил поголем број градови во Азија и Африка. Тој таму ја ширел балканската култура (македонската, грчката, тракиската...). Во Персија укинал неколку народни закони, кои не биле во склад  со цивилизираното однесување (брак помеѓу син и мајка, канибализам во некои краеви и сл.).

Да посочиме неколку примери во врска со презентирањето на културата во антиката од страна на некои странски автори.

Во книгата на Бернард Рандал под наслов "Александар Велики" (цит. дело), на стр. 8 пишува дека Александар ја ширел грчката култура. Овде не е ни спомната македонската култура, што јасно зборува за тенденциозноста на овој автор.  Овде читаме:

 "Тој ги направи Египет и Средниот Исток дел од грчкиот свет и иницираше ширење на грчките идеи и филозофија далеку од Грција" (На англиски: "He made Egypt and the Middle East part of Greek world and he initiated the spread of Greek ideas and philosophy far beyond Greece ").

Покрај останатите грешки во овој цитат, гледаме дека и овој автор ја споменува "Грција", која тогаш не постоела. Меѓутоа, на стр. 9 овој автор самиот (како редок чесен исклучок) признава дека Грција во антиката не постоела. Овде читаме:

 "Иако денес има држава која се вика Грција, во антиката таква држава не постоела". (На англиски: " Although today there is a country called Greece, in ancient time it did not exsist ").

Тој пишува и дека за зборот "Грција" тогаш се користел збород "Хелада", а Грците биле Хелени.

 На стр. 84 авторот ги одделува Македонцте од Грците и вели дека генералите во војската на Александар биле речиси сите Македонци, освен неколку Грци.

Во врска со културата, овој автор пишува:

 "Александар ја втемелил хеленистичката култура во секој агол на Империјата". (На англиски: " Alexander had founded Hellenistic culture to every corner of his empire ").

 Овде треба  да потенцираме дека терминот "хеленистичка култура" означува мешана (главно македонско-грчка) култура, која била распространувана од Македонците низ земјите со кои владееле. Оттаму, терминот "хеленистичка", не е сосема соодветен термин, затоа што испаѓа дека оваа култура во себе го содржела само хеленизмот. Сепак во историографија се прави разлика помеѓу термините "хеленска" (грчка) и "хеленистичка" (мешана - главно македонска и грчка) култура. Така, на пример, Македонците Селевкиди во својата држава наложиле неколку чисти македонски културни сегменти. Тие го наложиле Македонскиот  календар, ја нало-жиле македонската топонимија, па дури се обиделе да наложат и некои елементи од македонската мода (подетално во книгата "Исус Христос и Македонците" од Александар Донски, Штип, 2001 година).

Разни западни автори пишувале од различни аспекти и во однос на античката култура. Мнозина од нив погрешно на Грците им припишуваат културни достигнувања, кои всушност не им припаѓале, но има и такви кои ова коректно го интерпретираат.

Исто е и со презентирањето на зачетоците на културата во Европа, кога мнозина современи истражувачи  сметаат дека таа почнала на тлото на "Грција". Точно е дека на територијата на оваа држава има пронајдено навистина вреден уметнички и културен материјал, но погрешно е сето тоа да им се припишува исклучиво на античките Грци. Познато е дека тие многу културни сегменти ги прифатиле и нучиле од постарите не-грчки народи. Дури и за многу вакви сегменти се знае точно од кој народ Грците ги превзеле, па сепак денес овие сегменти неправедно се нарекуваат "грчки".

Авторот Натанаил Харис (цит. дело) коректно ја пре-несува вистината кога пишува дека по своето доаѓање на Балканот, Грците најпрво се сретнале со културата на Крит од која примиле многу сегменти. Овде читаме:

"Кога дошло до средба помеѓу Критјаните и Грците, Грците биле тие што ја копирале и учеле од културата  на овој остров, а веројатно Грците имале свој удел и во уништувањето културата од која учеле" (на англиски: " When Cretans met Greeks, it was the Greeks who copied and learned from their island, although eventualy the Greeks also had a hand in destroying the culture they had learned from ").

Значи, Грците прво ги превзеле елементите од критската култура, а потоа ја уништиле оваа култура, додека нејзините сегменти ги прикажувале како "грчки". Навистина ова Харис убаво го објаснил.

П р о д о л ж у в а

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.