Среда, 16 Август 2023    PDF Печати Е-пошта
Чудотворни икони на Пресвета Богородица

Селото Коњче и чудотворната икона Св. Богородица

Theotokos of VladimirВо селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во таа црква се наоѓа една икона чудотворна. (Селото Конче е во Радовишко, помеѓу Струмичко и Лаковичко). Иконата је од мушама и је со лицето од Св. Богородица; таа икона била најдена горе на планината од една фамилија од селото Коњче. На ден Св. Цареи (Елена и Константин) било кога ја нашол човеко некоаш таа икона и од тоа време да до ден денеска излегуаат селаните од истото место кај што се нашла иконата на ден Св. Цареи. Не само кончани одат тамо, ами и од друзите села што се дојдени тамо, одат и тамо свеќаваат вода за здравје и за бериќето што је по поле Богоројца да го чуа. (Оставајќи тамо иконата на местото кај што била најдена, ќе се испотела и со тоа се веруаат оти била животворна и чудесна).

На Спасоан се збира панаир во селото Коњче од многу села идат. По црквата после ќе поседнат луѓето поземи, на ред еден до други и секој ќе си има послано пред себеси:  кој торба од коњо, кој уздата од коњо, кој шамија од жена, кој фес од маж, кој алиште и друзи нешта. Сите тие нешта што клаваат пред себе сет од некој болни луѓе, и од болно имање. Има и од здрави луѓе што не можат да бидат тамо за да му падни иконата на нив.

Откоа ќе поседнат сите луѓе на ред, ќе излезит еден чоек од црквата надвор со иконата в раце, ама чоеко јет од истата фамилија, као што кажав понапре, што ја нашол иконата на планината. Иконата је закоана на черчеиња и во стредето на иконата има едно дрво, што је закачена, а пак од обете страни на иконата има две дрвца, што ’и држи чоеко што ја носи. На гушата има еден ремен, обесен до појасо долг и на долнио крај има една како инка од ѓон, кај што је закачено дрвото. Демек, ја носи чоеко како што се носи некој бајрак.

Едно излегуање од црква чоеко со иконата, и ќе  тргни да оди, ама како да не оди тој, ами како да го носи иконата, и не пополека да оди помеѓу луѓето, ами како да го носат ветриштата, се ќе трча и со двете раце ќе ’а врти иконата и надесно и налево, ќе ’а навали на глаата на некој чоек, со ќошот од иконата.

- Таксај што ќе таксаш, чоече- ќе му речи чоеко со иконата – на Света Богоројца, ако сакаш да стани од тебе иконата!

На часо тој ќе такса ја ока вино за манастиро, ја педеседрам масло, ја печеесе пари. Штом ќе такса и ќе стани иконата од него, та ќе трешти да трча низ луѓе као во несвес и туку ќе падне иконата на друг чоек над глаата, и тој ќе си такса и ќе стани иконата. Така ќе трча чоеко и со двете раце ќе ја игра, налево и надесно и ќе ја носи по луѓето.

На сите луѓе ќе падни иконата, арно ама никој не знаи коа ќе му падни, чунки со ред не паѓала од чоек на чоек, ами од еднио крај ќе појдела на другио и така сите ќе и изредела и сите бакшиш во црквата ќе даеле. Ако сака некој да такса многу пари, од шеесе пари нагоре не примала иконата и нестануала од глаата на чоеко, тики сака-неќи малце пари ќе таксуа, да така да стани.

Мнозина болни што оделе во с. Коњче во времето коа паѓала иконата оздравуале и мнозина болни оздравеле коа му ’и однесуале кому капата, кому кошулата и друзите работи.

Се забележуало од селаните оти од вадењето на иконата и по луѓето имало здравје и по полето му се чинел бериќето.

При сите добриње што му подаруала Богоројца на тие селани, се нашле некој даскалчиња, што абер немале од веко, да ји кандисаат селаните да не ’а вадат иконата, оти било страмота од Турците, да кој глеа од рисјаните. На тоа згора кандисале  селаните и не ’а извадуале иконата неколку години на ред. Арно ама, во тие годиње нито во луѓето здравје имало нито со имањето, нито па во полето.

Така видуајќи селаните од сите села и Турци и каури, се созборуале и ошле во Коњче, та го молиле чоеко што ја носел иконата па да ја вади, како што ја вадеше секоја година, и да му паѓа на глаите.

Од тие големи молби од селаните, па почнале да ја вадат иконата и да паѓат како што паѓала и напред.

Друга икона во град Велес Чудотворна

Во г. Велес имат една жена што ја викаат Марија Зрзаноа. У неа имат една икона чудотворна со лицето од Пресветаја Богоројца. Иконата јет многу стара и не ет многу голема, стредна јет, ем со два капака што ја покриваат. Кај Марија Зрзаноиа је носат болни и од друзи несреќи, којшто имат, Господ да чуат, во куќа, кошули, за да преноќеваат и ноќта ќе је кажела иконата (Богоројца) на Марија што ќе им бидит на тие луѓе, али арно, али лошо.

Којшто не носел кошула ја земал иконата дома си кај болнио и ќе му кажела иконата на куќните од болнио али ќе оздрави, али ќе умрит. Ако не умрит болнио, иконата ќе била вечерта многу весела и радосна. Сите луѓе ќе ја гледаат таква радосна и усмевната, сите ќе се уверуат оти болнио ќе оздравит; а пак ако је болнио за да умри, иконата ќе стои како невесела и се туку ќе се поти (од мака зер што је иди дека болнио ќе умрит). Коа ќе ја видат луѓето такваа испотена, ќе се уверуаат оти ќе умрит болнио и сите ќе се ускрбат, како што ќе бидит и Богоројца ускрбена. Сопрво ќе ја обришат иконата од потта,  белким повторно не ќе се испотит, арно ама са ноќ ако сакаат да ја бришат, таа пак ќе се поти и друго ништо.

Од тоа потење на иконата веќе сите ќе се уверуат оти ќе умрит болнио и за вистина ќе умрит, а други ќе стани коа ќе је весела иконата.

Од записите на Марко Цепенков.

Марко Китевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.