Среда, 11 Март 2015    PDF Печати Е-пошта
За обичајот „Креват Крсти“ во охридските села

ohrid

20. 12. 1894 г.

Креват крсти

Скоро сите села во Охридско одат со крстот да „Креват Крсти“. Исто така и градот Струга пред 20 години редовно одел „С крсти“. Пред извесно време во вашиот весник еден дописник подзагатна дека тој обичај бил лош и дека затоа требало да се изостави. Но очигледно тој не го проучил добро тој обичај што се изведува во Охридско, или пак таму по неговите села обичајот има друго значење. Но според мене тој обичај имал големо значење во минатото, кога луѓето не биле запознати со четирите страни на светот, со времето и часовите, а се се одвивало според преданието од постарите на помладите, така што и денес тој обичај го има своето значење. Одењето с крсти се прави на два начина, ако можам така да се изразам: редовно и вонредно. Редовно креваат крсти во секое село еднаш во годината во определен ден, така на пр. Вехчани, одат со крсти на Ѓурѓовден, Октиси на Велигден, Мишлешево на Руса Среда итн. а вонредно кога тоа го бара нуждата на пр. кога има голема суша, некаква болест по добитокот, напаст од скакулци или глувци по полето.

 Редовно „Кревање крсти“ како што реков се прави во еден определен ден преку годината и тогаш треба да се заобиколи границата или како што ние велиме синорот на селото и да се моли Бог да ги чува сеидбите или да им даде дар, берикет и сл. И тој обичај многупати во судниците послужил да се реши прашањето до каде се границите на некои села. Вонредно одење се прави според потребите, кога е предизвикано или од подолга суша или појавувањето на штети по полето. И го молат Бога да ги чува од злото. Ми се случувало да присуствувам на овој обичај во многу села, но ќе го опишам одењето С крсти во селото Мишлешово Струшка нахија, Охридска каза. На исток од градот Струга на половина час растојание се наоѓа селото Мишлешово, тоа крева крсти на Руса Среда (Преполовение) и тој ден се празнува како Велигден, се собираат гости од околните села, се прави нешто како на други места што се прават соборите. Најнапред свештеникот служи литургија облечен во светлата облека, а по распуштањето на црквата излегува на сретселото предводен од момчињата кои ги носат херувимите и прапорците со крстовите и таму среде селото се прави водосвет. Тука секоја куќа носи по една паница со крма, трева матица и по едно котле полно со вода. По водосветот секој си го зема котлето со водата, крмата и си оди право кај добитокот, му дава да касне од крмата и да се напие од водата и за тоа велат дека ја закрмиле стоката. А свештеникот придружен од многу народ: мажи, жени и деца, ќе почне да го обиколува синорот низ нивите, ливадите, лозјата и др. и ќе ги прска со светената вода, до каде што ќе мине, а секаде каде што има кладенец или извор макар и локва вода, ќе направи водосвет така што се случува да направи 7-13 водосвета во ист ден. Сите мажи, жени и деца одејќи и обиколувајќи ја нивата ја пеат следнава песна на црковна мелодија.

С крсти одам, Бога молам, Госпоиди помилуј,
Бога молам да заросит, Господи помилуј,
да заросит ситна роса, Господи помилуј,
ситна роса берикетна, Господи помилуј,
да се родит вино, жито, Господи помилуј,
вино, жито мед и млеко, Господи помилуј,
да нарастет чениците, чениците, Господи помилуј,
чениците, чениците до стреите, Фосподи помилуј,
јачмењето до гредите, Господи помилуј,
уроите до појаси, Господи помилуј,
овезите до рамена, Господи помилуј,
ржоите до шлемиња, Господин помилуј,
да се ранат сиромаси, Господи помилуј,
сиромаси сирачиња, Господи помилуј,
да се живи Рисјаните, Господи помилуј,
Рисјаните Ристосои, Господи помилуј,
да и чинет адетите, Господи помилуј,
адетите Ристосои, Господи помилуј.

И откако ќе го обиколат синорот доаѓаат во црквата и во црковниот двор наседнуваат мажите, а жените и девојките завиваат оро со следнава песна која секој ја слуша со внимание и со молчење:

Крсти дојдоа, крсти паднаа,
крсти паднаа, пред лепа црква,
пред лепа црква, пред Свети Јован,
крсти сакает големи поклон,
от орачите бела погача,
от ратајците књоњион преснец
от домаќини љута ракија,
от копачите рујното вино,
от овчарите рудоно јагне,
от козарите пресното млеко
от девојките ситното оро.

И по испевањето на таа песна и изигрувањето на орото веќе почнува да се слуша гласот на гајдата, се завиваат ора, се развеселува многу народ, ги вадат паурчињата и започнуваат вообичаените честитања, по час до час и половина веселење стануваат и ги викаат гостите од надвор на ручек. И така секој руча и повторно со гостите доаѓаат во црковниот двор каде што до темница се веселат со свирки и песни. Уште да споменам дека во некои села во секоја куќа има свој прапорец со крст за обиколување, така што гледаш дека колку што куќи има во селото толку прапорци го обиколуваат селото. Некои од учителите успеале да ги убедат селаните на тој празник да фрлаат лотарија во корист на училиштата или црквите и за тоа заслужуваат пофалба.

Дебар 30 декември 1894 година. Јак Дерабанов. Објавено во „Новини“, Цариград, 20 дек. 1894 г.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.