Среда, 06 Мај 2015    PDF Печати Е-пошта
И Турците се поклонувале пред чудотворецот свети Јоаким

sveti-joakim

Турскиот знак со карактеристични исламски белези бил донесен со дозвола директно од Цариград и служел да се заштити овој православен храм од уништување.

Осоговскиот манастир е единствениот православен храм во кој може да се сретне турски заштитен знак, со типични исламски обележја, кој и ден-денес стои веднаш до големата манастирска црква посветена на патронот свети Јоаким Осоговски. Овој камен-симбол (столпче со турбан на средината) сведочи за посебниот третман што го имал манастирот во текот на османлиското владеење на нашите простори, а служел како заштита од негово уништување од тогашните турски власти. Се претпоставува дека знакот бил поставен пред околу еден и пол век, како забрана дека никој не смее да посегне по светоста на овој верски објект и по духовната сила на чудотворецот.

Сличен знак само во Аја Софија

- Ваков знак може да се сретне само во Осоговскиот манастир и единствено уште во Аја Софија во Истанбул. Но таму дадената заштита не е докрај испочитувана затоа што овој верски храм е поделен така што половина е црква половина џамија. Нашиот манастир е единствениот православен објект, кој добил турска заштита да не се уништува и пренаменува во што и да било друго, што јасно говори за заштитничката функција и за моќта што ги уживал свети Јоаким благодарение на неговата чудотворна сила – вели старешината на манастирот, протојереј ставрофор Добрислав Бошковски.

Во народот постојат повеќе преданија, но и пишани документи од повеќе извори и автори, за поставувањето и за улогата на турското обележје, од кои некои се во тесна врска со житието на осоговскиот светец.

Познато е дека во текот на османлиското владеење манастирот ги доживува најтешките моменти и бил запустен, но во средината на 19 век повторно се обновува. Во тоа најзначајна улога одиграл познатиот трговец Хаџи Стефан Бегликчија. Тој ја снабдувал војската во Истанбул со овци и уживал посебни права кај Турците поради што не било тешко да се издејствува царски ферман за изградба на црква во Крива Паланка во 1833 година, а во 1847 година и дозвола за изградба на манастирскиот комплекс.

- Според преданието, за да издејствува дозвола за градење на манастирскиот храм, Бегликчија првин побарал дозвола за изградба на џамија во Крива Паланка, а потоа од султанот добил и дозвола за изградба на христијански храм. Се претпоставува дека специфичното спомен-обележје пред манастирот е поставено во негово време како знак за заштита што ја гарантира лично султанот – наведува Јордан Михајловски, автор на повеќе дела за свети Јоаким Осоговски.

На влезот на големата манастирска црква, пак, постои запис, кој сведочи дека овој храм бил ставен под заштита на султанот Хамид во 1884 година. Се смета дека и самиот ја доживеал немоќта на неговите аскери пред чудотворната моќ на свети Јоаким Осоговски и потпишал ираде за обновување на манастирот. Тој со султанскиот акт го ставил објектот под заштита на Отоманската Империја, што е прв и единствен случај од ваков вид во православните земји во кои таа владеела.

Цариград дал 5 кг злато

Во народната традиција најпознато и најраширено предание за заштитната функција и за чудото на овој светец е преданието што го раскажува старешината Бошковски.

- На патрониот празник во манастирот се собрале голем број луѓе, но кон него се упатил турскиот паша со аскер за да го растурат народниот собор. Во тоа не успеал зашто луѓето дале силен отпор, па посегнал по моштите на светецот. Зел дел од нив и на коњ се спуштил до местото Света Вода каде што занемел и се фатил како прободен со меч. Дал знак да се вратат моштите во манастирот и веднаш оздравел. Потоа ги известил претпоставените во Цариград за ова чудо, по што стигнала наредба за заштита на манастирот и строга забрана да не се посегнува по неговата светост. Од таму бил донесен и турскиот знак, а биле дадени и 5 килограми злато за дотогашните штети и зулуми, кои Турците му ги нанеле на манастирот- раскажува Бошковски.
Тој нагласува дека посетителите се многу изненадени кога ќе го забележат овој споменик, а посебно кога ќе им се раскаже приказната.

Преземено: Дневник

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.