Среда, 13 Мај 2015    PDF Печати Е-пошта
Изида, Изис или Асет е божица на плодноста и мајчинството од египетската митологија

Изида, Изис или Асет е божица на плодноста и мајчинството од египетската митологија. На египетски Aset или Eset - таа припаѓа на Енеадата од Хелиополис.

Таа е сестра (и жена) на Озирис, Нефтида и Сет; ќерка на Нут (Небото) и Геб (Земјата) како и мајка на детето Хорус. Во иконографијата на обожувањето, таа е претстава за архетип на сопруга и мајка.

Култот кон Изида главно се развивал во два центри: градот Хелиополис и (нилскиот остров) Фила. Обожувањето во Фила било најактивно на крајот од 4 век п.н.е., за време на 30-тата династија.

Нејзиното име буквално значи жена на трон, т.е. само „трон“ нешто што е често претставено како амблем или покривка на глава. Нејзиното име преку хиероглифите често се поврзува со светост на историските кралици. Често се прикажува како носи сончев диск и рогови од крава, кои се слични со оние од божицата на љубовта и забавата Хатор. Често се прикажува и грабливец/лешинар на нејзината круна или пак кралската кобра „Уреус“, која е симбол на магиските способности (Кундалини).

Во митот за Озирис, кој бил убиен и распарчан на делови од неговиот брат Сет, таа успева да ги собере сите делови (освен пенисот кој го проголтале крокодилите) од мртвиот сопруг и брат Озирис и да ги спроведе погребните обичаи. Откако Хорус пораснал, тој успеал да го порази вујкото Сет и да ја одмазди смртта на татка си Озирис. Оттогаш Хорус се смета како првиот владетел на обединетиот Египет. Затоа често пати во прегратките на Изида, наместо Хорус се прикажувани фараоните.

Во Книгата на Мртвите, Изида е спомната како дарителка на живот и храна за мртвите; се појавува и во улога на судија на мртвите. Друга нејзина улога била да го заштити Имсет, еден од четирите сина на Хорус. За време на Птоломеите (македонските династии во Египет) била почитувана и како заштитничка на морнарите.

izida
Изида со рогови од крава, сончев диск, седи на лавовски трон и го дои Хорус.

Изида е сметана како голема волшебничка и е позната по употребата на нејзините маѓепснички вештини. Толку била моќна магијата на Изида, што и самиот Анубис, богот на смртта, се плашел од неа. Како моќна волшебничка, заморена од земските работи, таа стекнала бесмртност откако го измамила богот Ра (Ре). Имено, таа успеала да му земе дел од неговата плунка и да ја претвори во кобра, која му ја пуштила по патот за да го измачува. Изида му ветила на Ра дека ќе го поштеди од маките доколку и го каже неговото тајно име. Откако го стекнало неговото тајно име таа почнува да изведува најразлични чуда. Затоа луѓето и` се молеле да им помогне на болните и оние кои се на умирање. Како божица на лекувањето и породувањето, таа ноќе ги посетувала болните, замавнувала нежно со нејзините крилја и изговарала магиски инкантации за да ги излекува.

Нејзиното потекло како божица не е со сигурност откриено, но се верува дека дошла од делтата на Нил. За разлика од другите фигури во египетската митологија, таа немала свој култ. Првото споменување за Изида потекнува од петтата династија, но нејзиното присуство се развива многу подоцна. Со време се проширува низ цел Египет, преку средниот Исток и Европа. И денес постојат нејзини храмови и статуи на пример во Обединетото Кралство, Македонија, Грција итн.

Како божица таа била добротворка, верна сопруга, чија љубов била насочена кон секое живо битие. Изида, всушност, била најчист пример на љубезна сопруга и грижлива мајка и токму затоа Египќаните најмногу ја почитувале.

Овие нејзини атрибути ги презеле раните христијани и ги пренесле на Дева Марија. Сликите на кои е прикажана Изида како го дои малиот Хорус, се смета дека влијаеле врз приказот на бројните икони со Девицата Марија и малиот Христос. (Види „Златна Гранка“ од Џорџ Фрејзер)

Изида била жена на Озирис и мајка на Хор; како божица на природата имала место во Сончевиот чун (барка) за време на создавањето, кој пловел по првобитната вода, кога веројатно служела како претставничка на зората. Поради нејзината жалост по Озирис кога бил убиен, заедно со својата сестра Нефтида станала божествената оплакувалка на мртвите. Таа, исто така, била позната како Кралица на небото и владателка над сите работи кои се поврзани со животот, мајчинството и волшебството. Таа го излечила Ра кога бил каснат од змија и му го дознала неговото име. Со тоа што му го дознала името добила моќ еднаква на него и и` била дадена голема магиска моќ, па станала „божествената волшебничка“. Исто така, и поради успехот во оживувањето на телото на својот маж со изговарање на магичните формули дадени од Тот, наречена е „господарка на волшебниците“. Изида имала различни видови, но најзастапен вид бил видот „божествена мајка“; во овој вид влегуваат илјадници кипови кои ја претставуваат како седи и го дои својот син Хор, држејќи го на нејзините колена.

Египетска религија - египетската идеја за задгробниот живот - Е.А. Волис Баџ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.