|
||||
Приказна за Александар и Букефал |
Александар, Букефал и Македонија беше си биле и останале најсветли настани за сите Македонци. Во тоа лето во Пела во царските палати на Македонците под силни небески огнови се роди Александар, милениче на боговите, на царевите, на фалангата, макдонскиот народ, а покасно стана миленик на целиот свет. Тоа дете растеше за среќа на сите како ремек дело на човeчко суштество, за да стане најславниот човек што го дал човечкиот род. Тоа дете имаше од кого да учи, да научи и да знае се` за светот и човекот. Го опкружуваа традициите на претците, на долга листа наследни царства, војни, историја и искуствата опишани во Илијада. Така спиеше, растеше, сонуваше и го освојуваше светот Александар со своите врсници, царски другари, генерација. Тоа беа: Клито, Неарх, Птоломеј, Хефестион, Филота, школите, учителите, филозофите, уметниците и најмногу од сé строгата личност на Аристотел, сите заедно влијаеа на младиот принц да се придржува до канон на македонскиот народ и да надмине сé. Сепак Александар во душата беше дете како и секое друго. Тоа се потврди оној ден на стадионот во Пела кога се сретнаа Александар и Букефал и од тогаш стана најславен коњаник и најславен коњ до денешни дни. Своеглавоста и нескротливата сила на Букефал силно го возбуди и одушеви Александар. Коњот не се предаваше, се креваше на две нозе, клоцаше, ’ржеше и ги соборуваше на земја сите јавачи што му се доближуваа. Филип се договараше за судбината на коњот: да се погуби или да се проба да му се скрши снагата со изгладнување. Кога коњот беше затворен без вода и храна една недела Александар се искраде и тргна на запознавање на таа грдосија од снага на коњот. Се најде очи в очи со него. Дванаесет годишното дете со своето мало раче му даде тревка, го зарани и коњот го прифати со топол здив и Александар се испоти, си ја измерија топлината. Секој ден коњот ги чулеше ушите ги ширеше ноздрите, ја тресеше гривата и гребеше со нога. Александар му подаваше во едната дланка трева во другата вода. Се стекна доверба со љубов место со бич. Генералите на Филип се плашеа за своите глави да не му се случи нешто на принцот од тој див коњ. На стадионот се повторуваше здивената сцена. Букефал рипаше и на својата сопствена сенка и изгледаше уште пострашен. Никој не можеше да му се доближи, а кога сите се откажаа Александар го замоли Филипа за дозвола и тој да се проба. И кога коњот го намириса рачето што тајно го хранеше се смири и му дозволи да го грабне за грива, да го сврти спроти сонцето и откако го јавна како самиот Пегаз прелета низ Пелашкото поле. Сé замре во исчекување и на крајот Филип прозборе: Сине, Македонија е мала земја за тебе, со таков коњ ти припаѓа светот. И тоа се збидна како македонска легенда. Александар јавнат на коњот Букефал ги внесе Македонците во славната историја. На чело на фалангата тие прелетаа преку сите битки, создавајќи нови патишта и градови низ цел свет. Почна со Херонеја, Теба, преку водите на Граник до победите во Ис, Гавгамела, Тир, пустињите во Менфис, планините на Хиндај Куш, Памир, реките Хидаст во Индија и назад до Вавилон. Насекаде Букефал го носеше Александар на своите плеќи и целиот нивни живот помина во верност. Ги врзуваше споменот на детската дланка што го хранеше коњот и со срце што го скроти да ја споделат славата за Македонија во сите градови Александрии, по нив именувани во македонска легенда што опстојуваат веќе два и пол милениуми. Александар, Букефал и Македонија беше си биле и останале најсветли настани за сите Македонци. |