|
||||
Писмо на пророкот Мухамед до христијанските монаси |
Протоѓакон Славе Пројко Пројковски СПОРЕД ТРАДИЦИЈАТА НА ХРИСТИЈАНСКИТЕ МОНАСИ НА МАНАСТИРОТ „СВЕТА КАТАРИНА“ НА СИНАЈ. ПРОРОКОТ МУХАМЕД ЧЕСТО ГО ПОСЕТУВАЛ МАНАСТИРОТ И ВОДЕЛ РАЗГОВОРИ СО ХРИСТИЈАНСКИТЕ СВЕШТЕНИЦИ. ОВОЈ ДОКУМЕНТ Е ПИШУВАН 626. ГОДИНА, А СЕ СОСТОИ ОД НЕКОЛКУ ОДРЕДБИ ОКОЛУ ТЕМИТЕ ВРЗАНИ ЗА ЖИВОТОТ НА ХРИСТИЈАНИТЕ ПОД ИСЛАМСКО ВЛАДЕЕЊЕ, И НОСИ ПРЕПОЗНАТЛИВ ПРОРОКОВ ПЕЧАТ. СУЛТАНОТ СЕЛИМ ПРВИ ОРИГИНАЛНОТО ПИСМО ГО ОДНЕЛ ВО ИСТАНБУЛ 1517. ГОДИНА., КАДЕ И ДЕНЕС СЕ ЧУВА ВО МУЗЕЈОТ „ТОПКАПИ“, А НА БАРАЊЕ НА МОНАСИТЕ НАПРАВЕНА Е КОПИЈА И ОСТАВЕНА ВО МАНАСТИРОТ. СОДРЖИНАТА НА ПИСМОТО Е СЛЕДНАВА: „ОВА Е ОД ПРОРОКОТ МУХАММАД ИБН АБДУЛЛАХ, КАКО ЗАВЕТ НА ОНИЕ КОИ УСВОЈУВААТ ХРИСТИЈАНСТВО, ВО БЛИЗИНА И ДАЛЕКУ, НИЕ СТОИМЕ ПОКРАЈ НИВ. НАВИСТИНА, ЈАС, СЛУГИ, ПОМАГАЧИ, И МОИТЕ СЛЕДБЕНИЦИ ГИ БРАНИМЕ, БИДЕЈЌИ ХРИСТИЈАНИТЕ СЕ МОИ ГРАЃАНИ; И ЖИМИ БОГА СЕ СПРОТИВСТАВУВАМ НА СÉ ШТО НЕ ИМ Е УГОДНО. НАД НИВ НЕ СМЕЕ ДА ИМА ПРИСИЛА. НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА УНИШТИ КУЌА НА НИВНАТА ВЕРА (црква), ДА ЈА ОШТЕТИ, ИЛИ НЕШТО ДА ИЗНЕСЕ ОД НЕА ДО КУЌА НА МУСЛИМАН. ДОКОЛКУ НЕКОЈ ЗЕМЕ ШТО И ДА Е ОД НИВ, БИ ГО ПОГАЗИЛ БОЖЈИОТ ЗАВЕТ И БИ СЕ ОГЛУШИЛ ЗА НЕГОВИОТ ПРОРОК. ВИСТИНА, ТИЕ СЕ МОИ СОЈУЗНИЦИ И ИМААТ МОЈА ПОВЕЛБА ПРОТИВ СÉ ШТО МРАЗАТ. НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ГИ НАТЕРА ДА ПАТУВААТ ИЛИ ДА ГИ ОБВРЗУВА ДА СЕ БОРАТ. МУСЛИМАНИТЕ МОРААТ ДА СЕ БОРАТ ЗА НИВ. АКО ХРИСТИЈАНКА СЕ МАЖИ ЗА МУСЛИМАН, ТОА НЕ СМЕЕ ДА СЕ СЛУЧИ БЕЗ НЕЈЗИНО ОДОБРЕНИЕ. ТАА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ СПРЕЧУВАНА ДА ЈА ПОСЕТУВА СВОЈАТА ЦРКВА ДА СЕ МОЛИ. НИВНИТЕ ОБНОВИ НЕ СМЕАТ ДА СЕ СПРЕЧУВААТ, КАКО НИТУ СВЕТОСТИТЕ НА НИВНИТЕ ЗАВЕТИ НИКОЈ ОД НАЦИЈАТА (МУСЛИМАНИТЕ) НЕ СМЕЕ ДА СЕ ОГЛУШИ ЗА ОВОЈ ЗАВЕТ ДО ПОСЛЕДНИОТ ДЕН (КРАЈОТ НА СВЕТОТ). преведе п.с.п.п. |