Среда, 24 Јуни 2015    PDF Печати Е-пошта
Ѓаволот и пчелата

Tome-Veljanovski

Наследниците од потомството на првите луѓе на земјава, Адам и Ева, почнале сé повеќе да се размножуваат. Господ им ги дал сите благослови надвор од Рајската градина да живеат со пот и работа. Господ сакал да им направи на адамовите потомства воденица за мелење брашно и да го олесне начинот на живеење. Направил млин - мелница на вода за мелење брашно по негова замисла. Го наполнил кошот со жито и ја пуштил водата низ јазот во буката да го врти воденичкото коло. Тоа го завртило воденичкиот камен, го отворил вратничето на кошот да течи жито, кое се сомлело. Господ го пробал брашното, по вкус негов, ама не го бендисало, оти било поцрно и горчливо. Пробал да ја открие грешката, но не успеал.

Отишол кај ѓаволовата воденица каде и тој мелел брашно од какол. Го пробал брашното од какол, по боја црно, ама нема горчина и мирис. Прашал: “Ѓаволе, каква грешка имам? Сомлев пченица, ама брашното има маана, поцрно е и горчи”. Ѓаволот му рекол: “Ќе видам, само не сакам ти да бидеш тука за да не ја преземеш мајсторијата. Ако треба нешто да изменам или поправам, ќе биде без твое присуство”. Господ прифатил. Се договорил со пчелата да ја сокрие и таа да набљудува и да му ги пренесе сите откриени грешки. Ѓаволот ја затворил вратата, развардил околу и почнал да ги отстранува господовите грешки. Чинел со стапот - ластарот, преврти го делот и речи “Ова не треба вака, треба вака! Ова треба вака, ова вака!”. Ја пуштил воденицата да мели, го пробал брашното, кое било бело и вкусно. Откако ја завршил работа, пчелата летнала кон Господ да му го каже марифетот. Ѓаволот го слушнал брмчењето на пчелата, се пуштил да ја фати и да ја отепа. Не успеал. Пчелата побегнала во шумата и се пикнала во шуплините на старо дрво. Ѓаволот ги затнал сите дупки со клечки. Со прачка буричкал да ја бара. Ја погодил пчелата во половината и ја прекршил, но останала жива. Пчелата повредена летнала кај Господ да му ги кажи грешките, откриени од Ѓаволот. Господ ја закрпил пчелата, а таа оздравела, но останала потенка во половината. Глуждовите што денес се во дрвото, се остатоци од клечките со кои Ѓаволот ги затнувал дупките и ја бркал пчелата. Господ ја благословил пчелата до век и векови. “Човекот ќе се блажи од твојот труд и пот и на леб ќе го мачка. Од сé повеќе ќе го сака. Од сласт и прстите ќе ги лиже и за лек ќе служи”.

Затоа, денес, техниката се чува во тајност, оти тоа е ѓаволски изум. Ѓаволот, каков - таков, туѓо сака сé да знае, ама своето не го открива. Старите велат, техниката е ѓаволска работа, а не господова.

Не е позната етимологијата на зборот воденица. На македонски јазик е мелница или мелица за мелење брашно, пребор, крши ситни нешто. Да се направи воденица, мелница на вода, потребни се повеќе услови, како местото за довод на водата, височината на местото, јачината на водата, познавање за траењето на водената сила, сончевата местоположба заради топлина зиме... По одредувањето на местото, се копаат темели на куќата. Се ѕида воденицата, со оставени места за врата, прозорци и за водното коло. Се покрива и се израмнува внатре. Се оставаат две устинки за довод на водата до колото и одвод и истек. Се монтира колото како задното колце од запрежна кола. Но, со големо главина со наредени плоскати дебели перки, прицврствени во дрвени перничиња. Околу има голем обрач, кој ги држи перничињата. Внатре, над воденичкото коло се ѕида неподвижен воденички камен со дупка во центарот. Низ него се спушта оската за движење на колото туркано од силата на водата. Се прицврствува во главината на колото кое лежи хоризонтално. На горниот дел на оската се монтира вториот подвижен камен воденички и се прицврствува за оската. Тој се токми за поситно и појадро мелење и за клепање на двата камења. До неподвижниот камен се прави амбар за течење на сомеленото брашно или пребој. Над него се монтира конусен дрвен кош, поврзан со преносувач на оската за тресење на житото од кошот за да течи во камења за мелење. Брашното зависи од квалитетот на житото, воденичкиот камен и од мајсторлакот на воденичарот. Кванитетот зависи од водената сила. Водата го врти системот со буката, а притисокот ја одредува брзина. И тука има механизам за одредување на водата. Ако водата во јазот има голем капацитет на притисок, се отвора механизмот да истекнува повеќе вода од воденичкото коло или пак се намалува количината во јазот со испуштање вода во реката. Се пушта водата низ буката, претежно метална од буриња до воденичкото коло, кое го движи со голема брзина и проработуваат сите механизми. Кошот пушта жито, камењата го мелат и сомеленото брашно тече во амбарот и се собира во вреќи.

Има мајстори за воденици. А водениците работат од есен до крајот на пролетта, додека има силна вода. Во тоа време, сите домаќини мелат жито за брашно. Инаку одат подалеку, до манастирот Чебрен во Мариово и други места во работното летно време.

Во Првата светска војна, манастирот и воденицата биле разурнати и не се поправиле.

Додека работеле водениците преку зима биле собиралишта на луѓето. Стопаните правеле печалба од наплатената такса, ијем, за сомеленото брашно. Ноќе се правеле разни мангал муабети. Оттаму излегувале вести за арно или лошо. Жените, перачки, по реките ги пренесувале и ширеле вестите. Водениците исчезнале со појавата на модерните фабрични камења после Првата светска војна. Марулските камења за водениците биле прочуени и барани дури до Солун.

Томе Велјановски Марулецот

Гетеборг Шведска

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.