Среда, 22 Јули 2015    PDF Печати Е-пошта
За венците при погребите

venci

Евангелското учење за бесмртноста на душата, е едно од основните вистини на нашата православна вера. Божјиот Син затоа и дошол на земјава, постана човек, умре и воскресна, за нам да ни осигура бесмртност, та секој, кој го слуша Неговото слово и верува во Оној, Кој го испратил, да има живот вечен, да не доаѓа на суд, туку да премини од смрт во живот.

Со таква вера, дека нашите роднини и пријатели се живи пред Бога и по смртта, ние христијаните не ја прекинуваме духовната врска со нив, се молиме на Бога за нив, служиме заупокоени помени, правиме добри дела во нивно име, им принесуваме бескрви жртви – восочните свеќи и т.н. Сето тоа го правиме, држејќи се до упатствата и правилата, кои Црквата ги пропишала и низ векови ги сочувала. Воведување на измени, кои се во спротивност со евангелскиот дух и вековната насока, по која Црквата со векови чекори, им припаѓаат на човечките установи и верските секти, кои отпаднале од вистинската Црква Христова. За Православието, таквите измени секогаш биле туѓи и непознати.

Во последно време, се забележува обичај, на погребенијата да се носат што повеќе венци, изработени од природно или вештачко цвеќе. Гледајќи едни од други, луѓето како да се натпреваруват на чиј погреб ќе има повеќе венци, па според нивниот број како да се мери почитта и значењето на покојникот: колку поголем број на венци, толку поголем е рангот на покојникот и неговото семејство. Околу некои гробови по гробиштата, се подигнуваат и високи огради од венци. А, кога од врелото сонце и од невремето ќе се исушат и избледат, даваат многу грда и примитивна слика.

Нашите православни верници треба да знаат дека, старите незнабожечки народи – Грците и Римјаните, ги украсувале гробовите на своите покојници со венци од лисја и цвеќиња. Дури и постоеле посебни денови, кои токму заради венците од цвеќиња, особено од рози, ги нарекувале „Денови на розата“ (Dies Rozarum).

Кај Евреите и древните христијани, при погребенијата немало венци. На незнабожечките приговори, зошто христијаните не го прават тоа, при крајот на II век им одговорил учениот апологет, бранителот на христијанската вера, Минуциј Феликс, со зборовите, кои се актуелни и денес: „Блажените (во оној свет) немаат потреба од цвеќиња, а несреќните нема да му се израдуваат“. Кажано со други зборови, овие зборови значат: „Според христијанската вера, оние покојници, кои го заслужиле Царството небесно и кои се вселиле во Божјиот рај, таму гледаат бескрајно поубаво цвеќе, дури и од најубавото на земјата, а да не говориме за хартијата и пластиката. Оние, починати, пак, кои според своите дела го заслужиле пеколот и вечните маки, каде што нивниот црв не умира и огнот не се гаси, на таквите дури и в раце да им се стават венците, нема да ги видат, па дури и на главите да им се наредат, од тоа нема да имаат никакво олеснување од маките, во кои се наоѓаат“.

Значи, кога овие венци немаат никакво значење, ниту корист за покојниците, тогаш јасно е дека оние, кои ги носат на погребенијата, не ги носат заради покојните, туку заради себе и насобраниот народ, за да ја покажат својата одменост и подготвеност да бидат како и другите. Истото ова се однесува и на подготовките на богатите и раскошни раздавања и помени за покојните, кога се прават гозби и пирови со безброј раскошни и обилни јадења и пиења.

Христијаните мора да се ослободат од тоа, особено што при погребенијата има толку многу други и неопходни давачки, па неразумно е таквите давачки уште повеќе да се зголемуваат со непотребни трошоци. И тоа дотолку повеќе во ова наше време на скапотија и секојдневно зголемување на основните животни трошоци. Зарем парите, потрошени на претерани гозби и некорисни венци, не можат да се употребат во неспоредливо покорисни и поблагородни цели? Во некои места, свештениците заедно со верниците почнуваат да се трудат, задушниците и помените да ги извршуваат најскромно што можат, а венци на погребенијата да не се носат. Наместо венци, благочестив обичај од роднините и пријателите би бил, онолку пари, колку што чини венецот, да бидат приложени како помош на семејството на покојникот, или на некое друго сиромашно семејство, или на многудетно семејство, или како завештание за подигнување на некоја нова црква, наменувајќи го тој прилог за покој на душата на покојникот. Зарем не е поблагородно и подобро да се постапува вака христијански? Вистинскиот христијанин, секогаш и во сè, треба да се однесува според својата вера, а не да оди слепо по модата и однесувањата на другите, не интересирајќи го дали некој ќе му се потсмева, или ќе го окарактеризира како заостанат и некултурен.

Убеден сум дека овие зборови ќе бидат сфатени и прифатени најдобронамерно. Разумот и добрата волја треба да надвладеат над неразумната и неумесна навика!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.