Среда, 05 Август 2015    PDF Печати Е-пошта
Свадбени обичаи од село Дебрене

debreneВо саботата нема веселба. Се прават подготовките, се дошиваат даровите, се распределува кому што ќе се даде.

Неделата кај девојката. Запалени се огновите, готвачот веќе готви. На невестата и ја измиле косата и ја плетат на плетенки. нејзините роднини – браќата, чичовците и др. подготвиле висок столб „дрбогласник“ и со големо внимание го забиваат во земјата на еден метар. Името дрбогласник произлегува од зборот доброгласник како што се вика она лице од световите на зетот, кое пред тоа на коњ истрчува до момините да каже дека идат сватовите. Тоа треба да се качи на столбот да ги симне поставените симболи и накитен со нив да се врати пак при сватовите.  Правењето на пратот (столбот) бара знаење и умешност, за да стане глатко без нерамнини. Ако ја нема потребната должина наставуваат по две или повеќе. Потоа се ископува едно метро длабока дупка и во него се закопува дрвото. Пред да се крене се мачка со масло, за да стане лизгаво и тој што ќе се качува да се намачи (за да предизика смеење). Го мачкале со маст, зејтин или најчесто со сок од варена тиква. Тоа му давало голема лизгавост. Некаде го триеле со восок. На врвот исто така претходно заврзувале со тел чутура со вино, во кои дробеле лути пиперки, китка босилек и зеленика. Доброгласникот или доброгласниците уште со пристигнувањето во дворот на момата треба да се качат и да ги симнат предметите. Тоа бидејќи е лизгаво бара умешност и хртаброст. Ако имаат практика од други качувања се собуваат на чорапи и се обидуваат. Не е дозволено дрвото да се наведнува или да се крши или да се стрела кон чутурата. Ако не моле да ги достигнат се враќаат при сватовите и кумот, за да се спаси од срам, ветува голема сума пари. Сликата е следната: невестата е затворена, момите – исто, сватовите се на коњи и го чекаат симнувањето. Смеење и закачки се слушаат на сметка на кумот, младоженецот идр.

Имало и такви сложени случаи: доведуваат коњ со самар до пратот, на него се качува еден од доброгласниците и почнува да се качува,  веднаш по него од коњот се качува и друг и му помага на првиот, се качува и трет итн. Се ределе до шест души. Потоа херојот се накитува со чутурата, низата со лути пиперки, вретено, лажица, вилушка, срп, маша, фурка со бубаќ (памук). Но тој го натопува памукот со вино зашто шегаџиите ќе му го запалат. Тој е нацрнет со саѓи од оџакот.

Недела кај момчето: Готвачите и тука готват. Тапаните удираат и под нивните удари ергените го бричат зетот.  Се вели „го бричат“. Ако момата е од истото село одат пешки, само таа е на коњ. Ако е од друго село, сите сватови си ги укасуваат коњите или мулињата за одење до селото на невестата. Над самарот ставале килим, ткаен на пилци – јадри орли, над него бел ткаен чаршав со тантели и мала перница на самарот, плетена на рака. Пред да тргнат за кај невестата, сватовите одат да го земат кумот. Тој има подготвено коч наречен „пукузја“ – бојадисан на грбот со црвено, јаболка набодени на роговите и меѓу нив венец. Кумот го носи пред себеси на коњот и и го дава на мајката на невестата.

Застануваат пред портите на невестата и по успешното симнување од дрвото на доброгласникот по откупувањето на вратите и на чеизот сите сватови влегуваат во дворот на момата. Деверот влегува при невестата и и ги дава свадбениот венец и нови кондури. Кога ги обува носите кондури момите пеат:

Собувај ле, моме, собувај,
татково ле купе,
татково купе,
триж купено, ич не покаено.
Обувај ле, моме, обувај,
момчево купе,
момчево купе,
еднаш купено, триж покаено.
Момите продолжуваат да пеат:
Девојко, мари, девојко,
на кого кажувах,
сарај да не градиш,
цвеќе да не садиш?
Сватове ке дојдат
сарај ке изградат,
цвеќе ке оберат,
тебе ке закарат.

Сите се излезени во дворот на веселба. Во одајата на момата остануваат неколку моми и кумата. Тие и ја соблекуваат нејзината облека и и облекуваат нова саја, шкортела, каврак и др. Потоа го ставаат венецот и ја забулуваат. И редат телови – бели и жолти „сим“ купени од Петрич. Кога е готова ја изнесува брат и  фатена за шевре, ја води во дворот ја качуваат на коњот подготвен од домот на свекорот и убаво накитен и оттука ги дарува нејзините домашни. Момите запеваат:

Развивај ле, моме, развивај,
тенки дарове.
Дарувај ле моме,
татко и мајка.
Дарувај ле моме,
сестри и браќа.
Дарувај ле моме,
браќа и снаи.

2.

Девојко, мори, девојко,
м’р помоли се на Бога,
да си постоиш, постоиш
на таткови ти дворове,
на мајкини ти одаи.
По дарувањето кое е проследено со плачење од сите роднини на девојката, запеваат:
Санге моме, Санге, леле,
останала Санѓа, леле, останала,
мала маленичка, леле,
в шарена љулка, леле сираче,.
Роса заросило – Санге обањало,
ветер подунало – Санге изсушило,
кошута минало – Санге подоило.
Кога веќе тргнале кон црквата, момите што ја испраќаат пеат:
Мари Стано ле, тенка Стано,
мари обрни се наназаде,
да си видиш сичка рода,
и роднини и нероднини.

За сето време невестата на десната рака го носи колакот ставен од деверот. При минувањето низ вода застануваат. Деверот слегува од коњот, ја симнува левата обувка на невестата, ја полни со вода и преку кулакот и дава да пие – ја запојува.

Невестата се свртува и плаче. Пред црковната врата свекорот ја симнува невестата од коњот и в раце заедно со неа завртува три пати околу коњот. Кога ќе ја остави и даваат решето со семе од бубаќ, пченица и ситни бонбони. Таа сее со решетото го врти и со собира на куп. Фрла зрна на четири страни, зад неа, пред неа, на лева рака и на десна рака. Ако може да го сврти семето значи ќе може да работи и кога се врши житото и кога се вее. Сватовите гледаат и викаат: Знае, знае. Кога ќе појдат во новата куќа, таму ја чека свекрвата, забрадена за тој случај со бела забратка, и со китка на главата. Невестата застанува пред неа, три пати и се поклонува и и бакнува рака. Свекрвата и запашува прегач и става леб под мишките и дава благо – најчесто мед  и таа ја мачка по челото старата (да се благи) ја мачка и вратата. И дава машко дете и така натоварена се качува горе. Се поклонува на гостите.

Вечерта на вечерата ги дарува роднините на момчето. Ора и веселби има додека младите заминат во својата одаја. Тогаш сите молчат и чекаат сигнал – пукање. Ако младоженецот пукне, со тоа покажува на целото село дека невестата е чесна. Кај неа влегува само кумата да ја види кошулата.

Во понеделник јатрвата, облечена во облеката на невестата, кани на блага ракија- шише ракија, засладена и обоена. Исто во понеделник на мајката на невестата треба да и се испрати вест за настанот. Таа чека. Ако е се добро деверите носат баница, погача, вино и ракија. Во спротивен случај и испраќаат дисаѓи со коњски измет. Во вторникот оди на вода. Деверот полни малечко барденце, невестата го турка со десната нога и го истура. Потоа стомните ги носи дома, им полива на новите домашни и ги дарува со крпи.
Во саботата одат на „отвратки“ кај мајката и се враќаат во неделата.

Информаторка: Вангелија Темелкова, 50-годишна од село Дебрене. Знае многу песни и обичаи.

Запишала  Евгенија Несторова, долгогодишна учителка во гимназијата во Сандански.
(Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.