|
||||
Варошки Манастир |
Варошки Манастир се наоѓа во село Варош, Прилеп Основан е 10 век
Варошкиот манастир попознат и како Манастир „Св. Архангел Михаил“ се наоѓа во населбата Варош во непосредна близина на Прилеп. Манастирот се состои од црквата „Св. Архангел Михаил“ и двата манастирски конаци. Денот на манастирот е Голем или Источен Петок. Во манастирот опстојува сестринство коешто го одржува монашкиот живот. „Св. Архангел Михаил“ се вбројува меѓу најубавите и најзначајните културни споменици и религиозни центри во Македонија. Главната манастирска црква е посветена на Аехангелот Михаил. Таа е изградена врз темелите на две постари цркви. Првата од нив е посветена на Св. Апостол, а датира од X век.Втората црква била посветена на Св. Никола и датира од XI век. На темелите на овие две цркви во XIV век е изградена црквата Св. Архангел Михаил која е подигната врз карпи и камени блокови. Ктитор на црквата бил монахот Јован. На тремот се забележуваат монолитни камени столбови кои се остатоци од антички објекти, а на едниот од нив се наоѓа натпис со кирилични букви од 996 год. и претставува втор најстар натпис со кирилични букви. Црквата е еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и со отворен трем со камбанарија на западната страна. Се претпоставува дека првичната црква била изградена во втората половина на XII век. За нејзиното подигнување, како и за подоцнежните обновувања и доградби, постојат различни мислења и тези околу кои по лемизира научната јавност. Конаците се изградени од двете страни на манастирот во XIX век, од страна на прилепскиот еснаф и претставуваат убав пример на староградска архитектура.Во дворот од манастирот се наоѓа извор со лековита вода, посветен на Света Богородица.
|