|
||||
Една година гурбет во Гостиварско |
Зимата ја минав со своитеШтом пукна пролетта почнав да се подготвувам за нови гурбетски искушенија. Во едно бев уверен. Во Грција никако. Сегде на друго место ама во Грција не. Морници ми минеја ноз сногава, кога ќа се сетев какви моки видовме, кога скитавме од село до село бараеќи работа само за корка леб. А коде да се одет: Угоре високо, удолу длобоко, често велеше мајка кога не ќа можеше нешто да свршет. Таке и ја. Во Грција не. Во Бугарија никако. А коде, овде во нашиов крај немат работа. Решив да замина за Скопје. Белки тамо ќа најда работа. На потот за Скопје застанав во Гостивар. Свратов во Мирчевиот ан, малу да се одмора од долгиот пот и да се напија еден чај. Кога во анот го најдов мојот баџанак Русе од Ростуше. Ми кажа дека нашол убава работа во Чегране. Пазарил една плевна за четири илјади динари. За теја време четири илјади динари не беје мали пари. Баџанакот Русе ми предложи да останам овде и заедно да ја свршеме пазарената работа. Ја отприлика зноев како је тамо али пошто немав пари за да се рашетува, да бара поарна работа склонив и појдов со Русета во Чегране. Шо ќа видеш? Мизерија једна. Куќите никакви. Луѓето спијат заедно со стоката. Нејсе, било како било, склонив да остана во Чегране. Отидов да ја вида работата. Пустото плевниче, не со метро мерено него со чекори, гостиварски. Цела казарма. Русе ја пазарил работата и мораше да се работет. Мије двајца почнавме да и ѕиздаме ѕиздоите, а Русе веќе имаше главено деца од селото да ни носет кал. Дојде пладне време за ручек. Газдата некој добар Албанец ни даваше јадење. За ручекот ни донесе грав без запршка и еден грст палени пиперки. Гравот горешт, пресникот горешт, пиперките изгорени, водата кречна, мене почна да ми се дујет меот. Дојде и ноќ. Ќа идеме да спиеме. Коде ќа спиеме. Виѓам домаќините и затворије козите во једно котарче. Изметије гребушките и послаје искинатите веленциња. Тује ќа спиеме. На мокачите од козите. Аман си велам, налет и пари, налети све, како ќа се издржет овај наш проклет живот. Работавме 16 сати од утро до мрак и теја во најубавиот месец мај кога природата е најубава и кога пилињата и пејет најубавите песни, само мије, си вела, од зори до ноќ ја пееме истата песна качени по скелињата заработувајќи го горкиот печалбарски леб. Ама од пишаното не се бегат – се сеќавам често велеше мојата мила мајчица. Во теја време една мајсторска тајфа – нашинци, работеше во селото Вруток. Водач на тајфата беше мајстор Спасе, а со него беа ушќе: Мино Миноски, Исак Никудиноски и Србин и Ламбе Глушески, Огнен Кузманоски, Негрија Никудиноски, Аритон Илов и некои други. Меѓу нив имаше многу мајтапчии. Исан Никудиноски, мојот сват, измисли многу смешна песна. Во песната и покрај навредливите зборови, ама вистински, никој не се налути. Содржанијето беше оваке: Три години шетав, питав, низ селата гостиварски, нигде лебец не се најде веќ се најде в село Вруток. Пособрал ми долдуп Спасе, побратими одбор дружина. Први беше Огнен Кузман, севдалија за кумита, со палто искинато, подарено од Франција... А по него Аритонче, многу луто мајсторче, и по него стар Негрија, стар Негрија ќор сафросан а по него Србин Глуше, правциганче од Азија, со сестрето искинато, подарено од Франција... Не се мина многу време, се разболев од исијет и си легнав да си лежа... Ми донесоа понадица, мушќеница и сочиво ме докачи шпороина... Кога после си оздравев и си појдов дома мила, леб и пипер да се рана, Лаиница не ја мина, и стомниче не го клоцка, доста беше ова стреќа ова стреќа гостиварска да си појда са сви мало, да си гледа Крчин, Бистра... Ова смешна и духовита песна не само што го прослави Вруток, токо ја прослави и мајсторската група на мајстор Спасе, во кој покрај Исака имаше и други мајтапчии. Ова песна најмногу остана запаметена и по сватот Исак. Нему гурбетувањето во Вруток, со тајфата на мајстор Спасе, му беше прво и последно. Си остана домашар цел живот. Песната што ја напиша Исак, почна да се шири меѓу сите тајфи шо во теја време работеје во Гостивар и гостиварските села. Сите ја потпевнуваје. Огнен припростикав, таков каков шо го дал Господ, го прашува Мина: „А бре Мино. Да те праша нешќо Шо значет теја мераклија за кумита?“ А Мино целиот озбилен му велет: „Теја значет дека имаш мерак да станеш комита.“ А Огнен на теја: „Немој бре. Каков кумита. Поарно да ме клаете ловџија...“ „Каков ловџија, бре Огнене,- му велет Мино. Па ти нишќо немаш отепано. Ти едино личеш железда, ама толку скришно, шо немојет и даванијата да и нает...“ И ушќе една шака од Вруток. Една вечер Мино и собул опинците не стругани и за да не му и изедет кучиња, ги сокрил под лизглавјето на Ламбета Глушев. Утредента рано, рано Мино стануват и го скореват Ламбета. - Ламбе, Ламбе, потстани малу. - Шо ти је бре. Шо сакаш? – му дрекна Ламбе. - Поткрени ја малу главата да и зема опинците, - со шепотење му велет Мино. - Леле, леле бре, за теја цела ноќ нешќо ми смрдеше како на куче пцојсано... И му скокна Минове в гуша. Сите се насмеаје. Сакал-нејќел се смири Ламбе и тој се насмеја на несмасната шака шо ни ја напраи Мино. Во теја време во Стенче работеше една вељборска група мајстори. И за неја, сватот Исак измисли песна: Да ни је жив Ѓорѓе Фидан, шо ни најде рамно место, да дигнеме света црква... А по него Филип глава шо разбират политика а по него Трпе беслеме со Аврама Лефтерија шо ни грубет сето село... Ој ти тебе Зуно Евлад шо ќа правеш без Угрина стално служби ми ти давит а за тебе је ниједна... Без мајтаплоци тешко врвеше времето. Работавме и мислевме на шаките и мајтапите. Духовно не крепеје. Ни го чуваје умот да не ни шќукнет. Навистина тешка, ама бериќетверсен со Русета убо ни одеше работата во Чегране. Не само што ја изѕидавме и иградивме плевната што ја пазарил Русе, токо пазаривме ушќе една. Малтерисавме и неколку одајчиња по куќите. Надниците ни беје убави зашќо како аргати имавме земено деца од селото. Ними Русе им даваше шо ќа му даеше срцето. Зноев дека им дават малу зашќо беше скржав. Дури и едно ќесе тутун не му го плати на газдата. Приврши градежната сезона. Дојде време за враќање дома. Со Русета го напушќивме Чергране и дојдовме во Гостивар. Овде се најдовме со мајсторската тајфа од Вруток. И тије беје тргнати за дома. Решивме заедно да го газеме потот. Во Гостивар купивме шо прокупивме и книсавме пешки преку Лаиница, Маврово и Радика. Кроце покроце ги минувавме завијоците низ Лаиница, а кога го поминавме и Мавртовското поле и се спушќивме по Барич и Радика, потот ни се стори многу полесен и веќе започнавме со шаки и мајтапи. Му вела Минове: Погледај го ќепарено Огненово. Да го свариш во казан, едно тенеќе маст ќа наполнеш... – Мино голем враг и мајтапчија викат: - Огнен, Огнене, застани малу... - Шо ти је бре? Шо ти стана? Врви и гледај по потот пред тебе. – луто му дрекна Огнен. А Мино: - Стрико Огнене, жити Бога, дај ми го ќепарето. - Зошќо ти је ќепарево моје, си имаш твоје – пак му се врекна Огнен. А Мино мирно, ама многу зајадливо: - Да го врла во рекана и да ја фата рибана. Огнен лут и навреден: - Леле, леле, бре. Шо ќа је сега овеја. демек мојево ќепаре је серкме. Страм да ти је. Најде со постар човек да си играш. - Какво играње бре стрико Огнене. Вистина ти вела. Твојето ќепаре је толку измастено што ако го фрла во Радика сите риби ќа се стрчајет по него. На глас со солзи, се изнасмејавме сите. Само Огнен нешќо ѓамкаше во себе. - Не лути се, Огнене. Мино имат право. Твојето ќепаре не је испрано откако го имаше облечено – му рече сватот Исак. Одевме таке по Радика. Го газевме потот. Вистина уморни, ама умор не осеќаме зашќо веќе наближувавме до дома. И шо ќа ми текнет мене. Му вела на баџанакот Русе: „Шо мислиш баџо, по Радика да врвеше воз, а ти да беше главен. Облечен во железничарски рутишќа со железничарска капа на глава, торба преку рамо, свирка в уста и бајраче в роци... Ќа немаше поубав и поличен од тебе. И кога ќе стигнеше возот под Џероиница, ти како чигра ќа скокнеше до врата и силно ќа викнеше: „Џароиница... Џароиница!“ Потаке кога возот ќа стигнеше меѓу Јанче и Аџиевци ти пак ќа дрекнеше: „Аџиевац... Аџиевац...! Ќа ечеше цела Бистра...Ќа немаше поубав од тебе.“ Гледа Русеве му се бендиса муабетот и ококорен во очите и малу поднасмејан ми велит: „Аклија си. Мене за таја работа ме бидува. Не је многу тешка, а и дома ќа си бида стално.“ Таке со шаки и мајтапи стигнавме дома. Бев пресреќен шо сите дома ги најдов живи и здрави. А и тије беје стреќни шо цела зима ќа бидеме заедно. Фала му на Бога од гостиварскиот гурбет дома донесов убави пари. Од книгата „Копанка“. Печалбарски запис на Трпе Фиданоски, Подготвил Гале Фиданоски, Битуше 2010 г. (Подготви Марко Китевски) |