|
||||
Лерин е град во Егејска Македонија |
Лерин е град во Егејска Македонија, според современата административна поделба на Република Грција се наоѓа во западниот дел на периферијата Западна Македонија, и е главен град на префектурата Лерин. Сместен е на западниот раб на Пелагонија во Леринското Поле, на надморска височина од 680 метри. Со железничка пруга градот е поврзан со Битола и Солун. Градот има 16.771 жител, од кои поголемиот дел е македонско население. Во Лерин се наоѓа седиштето на организацијата на Македонците во Грција - Виножито. Како град и област со доминантно македонско население, Лерин во историјата дал голем број на македонски борци, револуционери и херои. Во времето на Отоманската империја, во Лерин и Леринско крстосувале повеќе македонски чети кои биле организирани од познатиот револуционер поп Коста од леринското село Буф. Врз основа на леринскиот говор во 1925 година грчката влада под притисок на лигата на народите ќе го изработи Букварот (Абецедарот) за учениците Македонци, кој по запалувањето на возот со кој бил транспортиран беше повторно издаден и промовиран во Солун и Атина во 2006 година. Лерин и леринско ќе дадат и голем број на партизани и борци во ДАГ за време на втората светска војна (1941 - 1945) и граѓанската војна во Грција (1945 - 1949), за што македонското население ќе доживее невиден терор, убиства, мачења и протерувања од своите огништа од страна на грчките власти. Најкрвав настан ќе биде убиството со обезглавување на повеќе млади Македонци и Македонки, од страна на грчките монархофашистички сили и англиските војници, среде бел ден во центарот на Лерин. Денес е актуелна состојбата со земјиштето на кое се наоѓа масовна гробница со тела на Македонци и Грци - борци на Демократската Армија на Грција кои загинале во битката за Лерин. |