|
||||
Јегуновска тврдина над селото Јегуновце |
Јегуновска тврдина е археолошки локалитет кој се наоѓа над селото Јегуновце, во подножјето на Жеден, на ридот Градиште. Според проценките на археолозите локалитетот датира од доцниот неолит. Според ископувањата се докажува дек тврдината и гратчето под неа, што се наоѓаат во Дервенската клисура, биле живеалиште во континуитет од бронзеното време, се до 19-от век. Тврдината на не многу високиот рид со населби во подножјето, крај Дервенската клисура, со својата посебна важност како фортификациски пункт од каде што се бранела важна комуникација, има значење на темел на македонската цивилизација. Фортификацијата, што датира две илјади години пред новата ера, во континуитет до 19-от век има функција на почетен одбранбен пункт на патот што ги поврзува Полог и скопскиот регион. Симптоматично, важноста на оваа комуникација завршува по доаѓањето Турците, кои губат интерес за него на сметка на патот на север од Скопје. Културните хоризонти на трагите на ова јако утврдено гратче, од доцниот неолит, преку македонистичкиот период, доцната антика и средниот век, допираат до 19-от век, отсликувајќи организирано и богато општество со автентична култура. Според Среќко Јованоски, директор на тетовскиот музеј, досега се откриени монети, делови од стрели и копја, остатоци од градби, бронзени предмети и разни алатки. Керамиката е застапена уште од бронзеното време, а наодите велат дека имало солидна архитектура и покрај аграрот и сточарството, се живеело и од златарскиот занает. Фортификацијата, што датира две илјади години пред новата ера, во континуитет до 19-от век има функција на почетен одбранбен пункт на патот што ги поврзува Полог и Скопско. Населби од времето на неолитот, античкиот период и на средниот век се евидентирани во првата фаза од археолошкото ископување на археолошкиот локалитет Градиште, оддалечен четири километри од сетоло Јегуновце. Локалитетот на одреден начин претставувал тврдина сместена во подножјето на планината Жеден крај Дервенска Клисура, која, пак, го контролирала патот преку кој Полошката Котлина се поврзувала со Скопје и Скопската Котлина. Тука луѓето континуирано живееле од неолитот до средниот век. Наводи
Микулчиќ И, ТИР 66. |