Среда, 28 Октомври 2015    PDF Печати Е-пошта
Крушево - Цркви и манастири

Во урбаната структура на градот со својот волумен се истакнуваат црквите како доминантни во просторот. Тие импресионираат со својата архитектура, особено со внатрешниот простор. Тие имаат истакната позиција и локација. Градени се во базиликна форма и тоа како трикорабни базилики, со доста големи димензии. При посета на истите можете да видите: икони, фрески, иконостаси, мајсторски совршени дела од едно одминато време кои говорат за одреден историски и уметнички период од православната култура.

image 03 b

Света Богородица Црквата Св. Богородица 1867 г. е голема еднокорабна градска црква, градена од обработен камен. Кровот е на две води, на средината се издига висок осмостран тамбур. Внатрешноста на црквата е поделена на три травеја со помош на колони, по три на северната и јужната страна. Во внатрешноста на црквата доминира голем монументален иконостас, работен во 19 век и на него се наоѓаат евидентирани икони од истиот период. Во внатрешноста на црквата има прекрасен фреско-живопис во калотата и во тамбурата на средишниот дел од црквата, како и во слепата калота на западната страна. Фреско-живописот над порталот датира од 1870 г., а се наоѓа на западниот фасаден ѕид на црквата.

image 02 b

Св.НИКОЛА била изградена 1832г., таа доминира во просторот на чаршијата која е со уситнета структура. За време на Илинденското востание во 1903 г. црквата како и голем дел од централниот дел на градот е изгорен и разрушен. Црквата е возобновена во периодот од 1905г. до 1907 г. Таа има централна позиција и е ситуирана во чаршијата, така што со својата големина и монументалност доминира во просторот на градот. Црк вата е трибродна базилика, со тоа што кај неа е издигнат средниот брод. На јужната страна од црквата е изградена камбанарија на која е поставен градскиот саат. Иконите во црквата ги изработил зографот Михаил со синовите Данаил и Никола, а иконостасот бил дело на познатите копаничари Петре Филипович-Гарката и Димитар Станишев. Најстарите икони изложени во оваа црква се од 1884 година. Во сакралните објекти се наоѓаат грижливо чувани, некои ретко видени, некои никога ш невидени мајсторски совршени дела кои говорат за одреден историски и уметнички период од православната култура. При посетата може да се види заслепувачката убавина на иконописот, живописот, копаничарството. Ќе се запознаете со големи уметнички дела на една автентична традиционална култура која е дело на големи мајстори зографи, копаничари и иконописци чиј опус на творештво е доста обемен и уметнички вреден.

Црква Св.Јован Црквата Св. Јован кај крушевчани позната е како „ Влашка “ црква. Изградена е 1904 г. и е најсочуван сакрален објект кој се наога во центарот на градот. Во црквата нема живопис. Доминира прекрасно изработен дрвен и к оностас, направен од плитка резба од браќата Несторови. Тие го работеле непрекинато, со голема љубов и умешност и тоа повеке од 4 години. Таму можете да ги видите книгите со цртежи - скици за деталите на иконостасот како и алатките со кои е изрезбарен иконостасот, како и иконите од крушевските мајстори - зографи од 19 век. Во влезот на црквата Св. Јован исто така се наоѓаат фрески кои се пренесени од црквата Св. Атанасије во с. Локвени а датираат од 1627 г. а на нив се прикажани Св. Архиереи, Св. Богородица, итн.

Св.Троица Изградена е во1881година и се наоѓа на периферијата на градот во близина на хотел “Монтана”, во Ѓупското маало. Св. Троица е опожарена во Илиндеското востание, но набрзо потоа е обновена.

Црквата на манастирот Св. Спас во близина на Крушево е изградена 1826г. и се наоѓа на 600 м. надморска височина и има идеални климатски услови. Се наоѓа во прекрасен шумски амбиент и е омилено излетничко место за мештаните и туристите. Манастирскиот комплекс Св.Преображение, подигнат бил на месноста Ручало на околу 1642 м надморска висина, во прекрасен и живописен природен амбиент. Од Крушево, на север, комплексот е оддалечен околу 8 км. Се наоѓа во близина на локалитетот Слива. Манастирот вандалски е разрушен во почетокот на 19 век, а возобновен е во 1986 година.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.