Среда, 11 Ноември 2015    PDF Печати Е-пошта
Близнаци и едномесечета, Малешевијата во минатото

Кога жената има деца близнаци или едномесечета за да останат живи, се зарануваат со јајце кое има две жолчки. За таа потреба жолчките претходно се подготвуваат и исушуваат.

Со тоа близнаците се зарануваат на раскрсница. Таму ги носи некое дете, кое не им е роднина. Оттогаш тој им станува побратим. Откако тука децата ќе се заранат се пренесуваат на едната и на другата страна на патот и потоа се носат дома. Потоа децата нема да боледуваат од истите болести (зашто се верува дека близнаците се подложни на заболување од исти боелсти).

За таа своја работа, побратимот добива од мајката на децата дар (кошула).

Ако од тие близнаци едното дете умре, се зема висината (бој) на живото дете (се мери со прачка од ружа) па се закопува во гроб со умрениот брат. Додека умреното дете е дома, живото се носи кај соседите за да не го гледа својот умрен брат. Живиот близнак не смее да го знае гробот на умрениот. Во спротивно и тој ќе умре брзо.

Така се работи и со деца едномесечиња (кои се родени во еден месец).

Врачарите денес вражаат тајно (никој да не знае). Дури тоа се крие и од луѓето. Врачари има во Русиново, Чифлик, и Ратево. Во струмичката област има познати врачари кај кои оделе многумина Малешевци. Во Берово и Пехчево врачаат некои були, па и муслимани. И сега, кога некој сака да ги повика на врачање, мора најпрвин да бара дозвола од властите зашто и муслиманите се плашат од казната. Во Берово една була знаела да гледа во боб (грав), а во Ратево имало еден гатач, кој знаел како Св. Јован да гледа во кобилица (самар од кокошка), но морал претходно од неа да го симне месото и да го изеде (се разбира печено).

Врачарите најмоногу се барани за време на последните војни да погодат дали некој војник е здрав и жив, дали е заробен итн.

За некои потешки болести дали ќе се преболат или не народот сепак повеќе верува во Бога. Затоа кога некјој лежи од потешка болест (офтика, падавица) оди спроти Св. Тодор кај црквата Св. Тодор во Берово и тука ноќева со верба дека ќе оздрави.

Еве уште некои врачања за народот од Малешевијата.

Кога детето ќе прооди се меси баница и се дели меѓу него и децата во соседството. На баницата се става книга, огледало и други работи купени во чаршијата. При делењето на баницата се гледа што ќе земе детето. Ако ја земе книгата – ќе биде учено, ако земе нешто што е купено во продавниците ќе биде трговец, ако земе од баницата ќе биде изесливо.

Кога некој ќе се почеша по грлото, укне во прстите за со тоа да го избрка тоа што го предизвикало чешањето. Според народното верување, ако некого го касне змија доволно е само да му се бае. Главно не треба да се убие. – Ако таа се вовлече во куќата, по некој знае со свирење да ја извлече надвор. Тогаш треба да се фати да се однесе во полето и да се пушти.

Гатање на бачило. За некој, првиот ден на бачилото кога се прави премоз, да не ги урочи овците еден од овчарите-молзничари, кога се тераат овците од паша кон оградата (каде што ќе се прави молзењето) оди пред овците и носи поголемо стебло од дрво во форма на бајрак на чиј врв (на гранките) се обесуваат разни дрвца, (врзани со влакна од коњска опашка) за да се мафта и со тоа да  ги привлекуива погледидте на присутните и да не гледаат во овците и нивните вимиња.

Исто такво стебло се става и на загонот на оградата каде што ќе влегуваат овците.

Пред да влезат овците во оградата, прво се пушта да влезе овчарскиот пес како пре’одник.

За стоката да има многу млеко, во првото млеко се става една пара и Богородичина (млечна) трева. Кога овца ќе се разболи, ако се мисли дека болеста е од урок, му се врзуива црвен конец на врвот на опашката и ќе оздрави.

За волците да не дојдат кај овците на трлото на еден поголем кол се обесува дел од облеката на човекот, за тоа страшило да личи на човек. -  На истиот кол се става и костур од коњска глава. – Коњска глава се става и кај пчелите (поради урок).

За житото и овошките. -  Во добро жито и во добар сливарник, па и во градина, поради урок, на поголем кол се става костур од коњска глава.

За житото на нивата добро да роди, спроти Јановден (Иванден) ноќе, гола жена (или само по кошула) јава на вратило и оди во туѓа пченица, и на повеќе места ја жнее. Се смета дека таа тогаш го зема доброто жито од туѓата нива и го пренесува во својата.

За пченката побрзо да расте и добро да роди, пред да се сее, се зема еден корен и се фрла во реката за водата да го однесе. Како што водата брзо го носи коренот, така треба и пченката да расте.

За да престане да паѓа град, жените го изнесуваат ситото на прагот од куќата молејќи ја Бела Субота (градова сестра), градот да паѓа во пуста гора и во длабока вода, каде што нема луѓе, петли, кокошки, волови, ни овци. Или: ако двајца браќа близнаци проголтаат по едно зрно од градот, тогаш градот ќе престане.

За јаболкото (овошје) се смета дека е лековито ако е чувано во зетовска облека или во девојчински ковчег.

За сливите секогаш да раѓаат, не треба да и се дозволи на жена што нема деца прва да набере и да јаде од родот.

Селото Робобо пред 50-60 години немало родна земја како денес. Дотогаш робовци докупувале жито за својата исхрана. Но откако го повикале владиката со литија да им ги обиколи селските меѓи нивната земја станала родна.

За во градината се добро да роди, за оттука да се избркаат кртовите, се вика свештеникот да чита молитва.

Суеверуето кај Помаците. – И Помаците имаат многу суеверие скоро повеќе од Христијаните. Ако некој е болен доаѓа кај нашите свештеници да му читаат молитва. И нивните жени тоа го прават, тогаш дури си го откриваат лицето. – Сите тие веруваат дека молитвите на нашите свештеници ќе им помогнат.

Вражалиски боб – бакла – во старо време се употребувал за вражање (некои и денес го употребуваат). Тоа се правело вака:  Се закачува зрно боб на црвен конец и се обесува во оџакот, каде што зрното поцрнува од чадот. Тогаш се верува дека болниот сигурно е урочен. Потоа се зема тоа зрно со конецот и се носи во шумата, каде што се врзува за дрво - шип.

Кога за време на суша се посакува дожд, се отвора некој непознат гроб и во него се тура малку вода.

Кога од нечија стока ќе се земе млекото, а не се знае кој го направил тоа тогаш тоа лице се погодува вака: сопственикот на стоката од која е земемо млекото повикува некој свој роднина од друго место, и тој ноќе од кравата молзи млеко три пати. Потоа тој сад со млеко се врзува со ленена крпа и се носи во туѓа бавча и се обесува за слива, џанка. На тој сад ќе се соберт многу инсекти кои споменатиот роднина ќе ги фати и ќе ги затвори во некоја цевка. Откако тоа ќе го направи веднаш му доаѓа она лице што го зело млекото, да моли тие инсекти да се пуштат, зашто истото зло се случило и кај неговата стока (се намалило млекото кај столката или му умрело теле).

Од книгата „Малешево и Малешевци“ од Јеремија Павловиќ, Београд 1931 г.
(Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.