Среда, 09 Декември 2015    PDF Печати Е-пошта
Водениците во Прилепец и Чумово

tome-veljanovskiНекогаш, во многу старо време, можеби и пред милион години, мариовската котлина, пелагониската рамнина и демирхисарската котлина биле полни со вода. Претставувале голема водена површина. Дошол некој жеден змеј да пие. Друг змеј, стопан на водата, се исплашил да не му ја испие сета вода, па му забранил и му наредил да престане, да не пие повеќе од неговата вода. Дошло до кавга. Се налутиле змејовите еден на друг и отвориле меѓусебна борба со сабји. Во тепачката ја пресекле планината меѓу Мариово и кавадаречко и водата од мариовско се испуштила и пред себе ги однесла градовите и селата, истекувајќи во Егејското Море.

Пелагониското Езеро се делело на два дела - долно и горно езеро. Долното држело од Скочивир до Тројкрсти и Новоселани. Оттука нагоре држело горното езеро до Гостиражни. Од Бучин нагоре држело демирхисарското езеро. Откако се испуштило мариовското море, водата од долното езеро создала силен притисок, браната кај Скочивир попуштила и водата од долното езеро, битолско поле преку празното мариовско езеро истекла во Егејско Море. Откако истекло долното езеро и водата од Пелагониското езеро во планинскиот масив меѓу селата Новоселани и Тројкрсти, ослабел притисокот во горното езеро кај прилепското поле. Со времето, од притисокот планинскиот насип меѓу Тројкрсти и Новоселани, бил пробиен и водата преку долното езеро и мариовската котлина истекла во Егејското море. И демирхисарското езеро ја поткопало природната брана кај Бучин и водата преку долното езеро, преку битолското езеро и преку мариовската котлина отишла во Егејското море.

Со истекувањето на водите со векови, се создале брзи реки низ планините, а езерското дно се претворило во ораница. Луѓето почнале да се населуваат и да создаваат селски и градски населби. Жителите покрај планинските реки направиле воденици - мелници на вода, за да го олеснат животот, да го мелат житото, место да го толчат, за да прават брашно како дотогаш. Се создала реката Црна, која од пелагонискиот предел преку Мариово и Вардар ги собира водите и ги носи во Егејското Море.

Приказната ја кажуваа дедовци, а Ристе Дамјанов Дамјаноски бил "експерт" за легенди.

На 4,5 км. источно од Прилеп се наоѓа селото Прилепец. Основано е покрај старото село Ивањевци и затоа го добило името Прилепец - прилепено. Селото лежи на западната страна од Селечка планина со врвот Коњарник од 1600 м. Синорот повеќе е планиниски. Поголемиот дел од обработливата земја е над селото со околу 30-тина домаќинства. Главно занимање на населението е земјоделието, жито, тутун, па и сточарство. Манастирот бил прочуен како туристичко место за лечење на нерви и хронични болести. Селска слава е Св. Никола летен, 3 јуни. Децата до четврто одделение одат на училиште во селото Волково, во непосредна близина.

Сета планинска вода се собира во прилепската река, која е доста голема и има услови за воденици - мелници. Имало девет прилепски воденици, и тоа: Петре Мангар со 2 воденици. Цветан Дурма, Стеван, Цветан Карандески, Трајан Саботкоски, Марко Џамоски и Дедо Васил имале по една воденица. А Клендовци со Ило Џамоски имале една заедничка воденица.

На шест километри југоисточно од Прилеп, во подножјето на брегот Волкојца, се наоѓа селото Чумово. Порано се викало Маломомци. Се наоѓало западно, меѓу денешните Чумово и Штавица. Остатоци од старото село Маломомци има во местото Шешерајца. Некогаш селото го фатила чума и повеќе од жителите изумреле. Преживеаните, од страв од чумата, се преселиле во густата шума. Новата населба ја заорале двајца браќа близнаци со два вола. Од тој себап, чумата не можела да прави пустош и да влезе во новата населба. Селото го сменило името од Маломомци во Чумово, лажејќи ја чумата како да не постојат повеќе жители од старото село Маломомци. Селото има 30 домаќинства. Повеќето се доселеници, отколку домородно население. Апостоловци дошле од  Клекоперци, кое Турците го изгориле за време на Мариовската буна во 1564/5 година. Јоновци се деленици. Риџовци, Марковци или Орленците се деленици, доселени од Орле, мариовско. Трипуновци по татково потомоство се од Палошовци од Клепач. Писокалците се доселени од некогашното село Писокал над Бонче. Крушејчаните се доселени од Крушејца, мариовско. Драпачовци се од племето Алтаманови од Рожден, Мариово. Талевци се доселиле од Прилепец.

Селаните се занимаваат во синарот со земјоделие... Селската корија е поделена на домаќинствата. Слава е Велигден. Има црква, Св. Никола и селско училиште градено во 1946/7 година. Низ Чумово минуваат две реки. Едната започнува одозгора до Волкојца и ги собира сите води над селото и со јаз е доведена над црква до местото за водениците. А втората вода често се меша во селото. Оттука почнуваат селските воденици. Ги има пет, од Блаже и Стеван Аџиовци, од Ристе Апостолоски со Димо, од Блаже, Илија Риџовџи, од Трипуновци со Петре и Крсте Бапковци или Чукаловци, од Апостоловци со Јоновци, Писокалците, Крушејчаните и Мустевци, кои имале по една заедничка.

vodenicite-vo-prilepec

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.