Среда, 16 Декември 2015    PDF Печати Е-пошта
Мултимедијален перформанс на Марија Емилија Кукубајска

Овогодишниот добитник на 8 Ноемвриската награда на град Штип, писателката и професор на Филолошкиот факултет, д-р Марија Емилија Кукубајска, презентираше уште едно свое иновативно и инспиративно остварување насловено „ПТИЦИТЕ се СЛОБОДНИ (?)“. Во едночасовен перформанс на седмата меѓународна конференција „Знаење за можности и способности“, одржан во  Банско, Бугарија, Кукубајска го претстави првиот новогодишен календар од таков вид во Македонија. Изданието со 12 книжевни текстови во нејзино авторство и 12 уметнички илустрации од студенти на УГД Ликовната академија, и со музичката свита Пер Гинт од Едвард Григ, промовираше актуелни и ангажирачки теми.

vangel-krstinovski
Илустрација на насловната страна: Вангел Крстиновски, 1 година, УГД Ликовна Академија

„Перформансот е креиран во чест на денот на студентите како и на Св. Климент, македонскиот христијански просветител од 9 век, педагог, основач на првото сеучилиште во Македонија. Просветителот Климент во своите учења ги интегрирал тогашните широки согледувања и науки од духовни и практични десциплини, од просвета, книжевност и култура до агрикултура. Инспирирана од Климентовата моќ да ги толкува мисловните и практични промени и духовните движења, денес и јас се вклучувам во чествувањето на Климентовото дело и студентската креативност со свои согледувања и прашања за промените и движењата во светот, и човекот.

Реторичкото прашање „Птиците се слободни“ (?) укажува на недозволивоста  слободата, како и миграцијата на птиците и нивните просторно-временски промени,  да се претвори во радикален поим, бидејќи тогаш слободата самата би се поништувала себе си во анархична антитеза, безредие, хаос, како што се случи со комунистичката револуција на идеализираната Комуната на Париз 1789 година, и другите комунистички утопистички револуции кои доведоа до дистопии и катастрофи во 20 век. Овие сложени теми ги изразувам на едноставен македонски јазик на кој надежта и верувањето во слободата ги гледам како вродена позитива во човекот, и покрај деструктивните промени и движења кои ги  манипулираат слободите и правата, без да учат од минатото. Во месец бр. 5 од календарот (насловна страна), строфата се осврнува на проблемот: 

Птици, птици, убаво време или лоши вести носите? / Летоци за напади или кодоши врнат, врз црквата ...

Храмови други... Лоши вести врнат против нас, а  / Градевме, да се радуваме. Од бомби сега се чуваме...

Како и во сите мои книжевни експерименти кои во седумдесеттите години се занимаваа со модерни и постмодерни промени, за подоцна да се определат за разумна синергија меѓу традиционалното и современото, и во овој календар верувам дека љубовта кон човекот и грижата за неговите здрави вредности се таа позитивна енергија која ја менува свеста на подобро, на движење кон светоста на умот и душата, во одбрана од анти-божјите мејнстрим диктати и негативни хабитати и акции. Позитивна духовна сила е таа со која „се движиме кон Бог“, како што рекол и Св. Климент“, Кукубајска го завршува својот коментар.

Истражувањата за феноменот на летањето и птиците низ антрополошки, психолошки, верски и културолошки инклузивен контекст, д-р Кукубајска ги има вклучено и во научен труд поднесен на истата конференција, под наслов „Птиците: митски симбол на миграција, убавина и бестијалност“. Истражувањата ги анализираат симболите на птицата како мир и спас (од светски митови до Стар и Нов Завет), како предисториска летечка аждаја и како адикција на агресија во анимирани дигитални игри Angry birds.

pticite-se-slobodni

Перформансот ПТИЦИТЕ се СЛОБОДНИ (?) е дел од Арт-По концептот (уметност и поезија), основан од Марија Кукубајска во 1973 година. Од тогаш Арт-По е изведуван на бројни теми и во различни културни, образовни, уметнички, општествени и здравствени институции во САД и Европа, меѓу кои и Asia-Pacific Museum, Pasadena; Irvine Fine Arts Center; University of La Jolla Marymount; Chaffey College Wignall Museum, Rancho Cucamonga; Vietnamese New Year and Orchid Festival, Santa Ana, Los Angeles; Gallery Kubaiski, No. Hollywood; Viet Nguyen Gallery, Burbank; Branson Arts Council and U.S. Army Corps of Engineers - Earth Day Performance; University of Columbia Children’s Ward, Missouri; Crown Plaza Hotel Gallery, Branson.

Во воведот на календарот Кукубајска пишува: „Слободата има своја возвишена и зла страна. Фолклорот, фантазијата и книжевноста секогаш биле фасцинирани со птиците и нивниот феномен на летање како метафора за слобода на издигнување над приземноста, за миграција и размножување во непознати простори, за флуктуација во сезонски на-доаѓања, или како метафора за конфликти помеѓу добронамерноста и непријателството, доброто и злото. Фикција или факт, птиците одразуваат вродено двојство како позитивни, но и негативни симболи. Нивните метафори летаат од митски до современи уметнички, религиозни, книжевни и културолошки полиња, мутирајќи го своето значење на постоење, живот и смрт, но, и низ темнина – сепак издигнувајќи се, привлечено од моќта на мирот, радоста и светлината, што е суштината на се создадено од Бог.“

Издавач на календарот „ПТИЦИТЕ се СЛОБОДНИ“ (?) е ЕМАРИ Институтот, Штип, чиј ко-основач, со Емилија Кукубајска, и претседател е Марија Емилија Кукубајска.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.