Среда, 27 Јануари 2016    PDF Печати Е-пошта
Мостови и кафези

Приквечер,
покрај брегот на Балтичкото Море
се шетав со синот...
Јануари е,
мразот го оковал брегот,
чиниш е Дојранското Езеро,
а Дојран е далеку
во Македонија некаде,
поделен меѓу две Македонии.
Во близината,
со сијалици како ѕвезди
го гледам осветлениот мост
протегнат меѓу две копна
над морето
што ги спојува Шведска и Данска,
што го поврзува Малме
и Копехаген,
за син ми
во мојот
македонски молк
полн тага
ми дошепне
дека и во морето има тунел
во кој минува воз на среќата,
меѓународен,
без полицајци и цариници,
за да биде катадневна врска
меѓу народите.
Внукот, мојот малечок внук,
ме прашува:
Дедо мој,
дали е така кај нас ,
дали е така и во Дојран
и Дојранското Езеро
и како може да е поделен
меѓу две Македонии
кога Македонија е една...
Кај нас е Балкан, дедино внуче,
му шепнам на десетгодишникот,
на Горазд,
на мојот шведски корен,
таму нема
и не се градат мостови,
таму има само граници,
полицајци,
цариници,
војници
и бодликави жици,
таму има кафези
од кои и ти одлета како пиле
кон слободата!

Pande Manojlov
Панде Манојлов

14. 01. 2016 г.                 
Малме, Шведска

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.