За секоја прилика од свадбеното празнување во селото Лесково има посебна песна. Вечерта спроти недела, денот на свадбата, сватовите одат во домот на момата, каде што се случува плаќањето на момата (платеинту). Ете зашто преку денот кога тргнуваат по невестата малку пред тргнувањето пеат:
Наизлигоа се сватуве, Јунак нема да излезе, Оште чеќе прушувајте Ут нејну татку, Ут нејна мајка, Ут нејни роди руднини. Кога ќе тргнат со невестата и кога ќе ја носат кон дома, момите пеат: Дивојко, дивојко, Што толку сношти сидете, Три п’ти петли пијаа, Тувар борина гурете. Пред да ги дарува роднините невестата, малку пред да се качи на коњ, и се пее оваа песна: Дивојка молба молише: Чини ми, Боже, гулем ден, Да с наседам, пуседам, Ву таткуви дворе. Кога невестата се кани да тргне кон домот на младоженецот пеат. Скарал’ се мајка су керка, Ву с’ба спрути нидеља, Мајка на керка гуворе: - Ут тука, керку, ут тука, Оти ми се керку, дудија, Ут стројници причикање Ут љута ракија мирење, - Путуна мајко, путуна, Ву таа река д’лбока. - Пливи ми, керку, пливи ми, И мајка така пливела. Пред да влезат во домот на младоженецот се пее оваа песна: Ја излези драга мале, да причекиш силен сокол, Ја пу сокул млада невеста, Млада нивеста убава, Пу нивеста, драга мале, Пу нивеста, девит конаци, Девит конаци су девит коње. Мајката на младоженецот ја пречекува невестата, а едно мало момче, секогаш со живи родители (да не е сирак) ја воведува во куќата. Тука момите пеат: Молба ти се мољ’м мили нуне, Молба ти се мољ’м, назут да ма врниш, Назут да ма врниш, ву таткува куќа, Ву таткува куќа, ву братуви дворе.
Народни песни од Мегленско, соопштува К. Младенов. |