Среда, 09 Март 2016    PDF Печати Е-пошта
Свадбени обичаи од село Џигурово, Светиврачко

dzigurovo

Свадбата започнува во четврток. Во четвртокот преку денот деверот кани со чутура, наполнета со вино, цело село, за да донесат дрва кај младоженецот.

А во петокот преку денот 3 и 5 момичиња наречени золви,  облечени во најубави носии и со специјални стомнички накитени со китки одат да канат низ селото момичињата да донесат засевка и китки за феруглицата (бајракот) кој се подготвува во петокот вечерта кај младоженецот. Во петок вечерта деверот со чутура, накитена со китки облечен во убава облека и дизгии (дисаги) преку рамото, дадени од невестата, оди кај нив да ја однесе свадбената облека. Потоа ја зема засевката, донесена од момите и ја носи на воденица за да се сомеле, а од брашното се готви леб за савадбата. Исто така, во петокот прават колак за кумот и за доброгласниците кај момчето. А и кај момата прават колак, кој се закачува на еден висок прат со шише вино во средината и колак за невестата за раката.

Во саботата наутро деверот го кани целото село за свадба и за вечера во саботата навечер. Во неделата пред да ја облечат невестата момите се собираат да кршат погача кај момата. Деверот седнува на еден стол, држи чаша со вино и над неговата глава неколку моми ја држат погачата со пекмез. Момите пеат:

По море плива сребрена чаша,

та кој да пратим да ја улови.

Ја кршат питата и ја раздаваат на сите.

Во неделата момите ја подготвуваат невестата, и ги облекуваат облеките донесени од момчето: риза, саја, шкуртела, прегач и чумбер – покривка, подресена со цалки, а одгоре венец од китки виен со повит. Идат сватовите сите на коњи и носат еден коњ за невестата, тој коњ го јава свршеникот до нејзината куќа.

Кумот носи јадење: понозе за момите, леб, вино, месо и жив овен, кој го остава кај девојката, а јадењето се јаде само кај девојката. Деверот и ги носи на невестата обувките и феруглицата (бајракот).

Кога сватовите ќе стигнат до куќата на момата нејзините гости ја залостуваат вратата и ги запираат сватовите, додека не плати кумот. Се случува пазарување и наддавање. Исто и момите го застануваат деверот, за да плати. Тој ги носи новите обувки, и ги обува, а момите пеат:

Собувај, собувај, девојко,
татково купе.
Триж купено, ич не покаено.
Обувај, обувај девојко,
момково купе,
веднаш купено, триж е каено.

Деверот излегува а момите ја подготвуваат девојката.

На девојката и даваат чеиз, го товараат на коњот и го носат кај момчето, каде што неколку жени го подредуваат.

Невестата ја прекриваат со чумбер и заедно со момчето гувеат (се поклонуваат) пред кумот и таткото. Момите ги пеат прошталните песни:

1. Девојко, мори девојко,
ја се врни, поврни,
земи си прошка од татко,
от татко и от мајка,
че са те малка гледали,
девојко, мори девојко,
ја се врни поврни,
земи си прошка од браќа,
од браќа и од сестри,
че сте заедно раснали.

2. Развивај дарове, девојко,
дарувај татко и мајка,
каква невеста нежалостива
мајка и плаче, она не плаче.

Ја качуваат на коњот и почнува да дарува, најнапред татка си, мајка си, браќа си, сестри, роднини и блиски. Откако ќе ги дарува, се врти кон исток, се прекратува три пати и тргнуваат кон црквата. По патот кон црквата каде што ќе сретнат вода деверот ја „запојува„ И дава да пие вода од обувката низ свадбаниот колак со дупка во средината кој го носи на раката.  Кај црквата ја чекаат свекорот и свекрвата, свекрвата облечена во свадбена носија на главата со бела „булка“ (крпа).

Свадбени обичаи од Св. Врачко запишани од Евгенија Несторова. во 20-тите години на 20 век.
(Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.