Среда, 30 Март 2016    PDF Печати Е-пошта
Манастир „Св. Атанасиј“ село Лешок, Тетовско

sc-atanasij-lesok

Кога во Македонија ќе се спомене името на „Св. Атанасиј“ веднаш се помислува на манастирот кој што е изграден во тетовското село Лешок на надморска височина од 610 метри. Но кога станува збор за овој манастир треба да се напомене дека во дворот на Лешочкиот манастирски комплекс има две цркви. Првата е црквата на „Св. Богородица“ изградена во првата половина на 14-от век а обновена од темел во 17-от век а втората црква е на „Св. Атанасиј“ изградена во периодот од 1321 до 1331 година од страна на јеромонархот Антониј кој што бил долгогодишен епископ под името Јоанакие. За манастирот се знае дека е два пати уриван, првиот пат е во 1690 година кога турците го разурнале а вториот пат на 21-ви Август 2001 година кога до темел беше бомбардиран во воениот конфликт од страна на албанските терористи. Манастирот се наоѓа на 8 километри оддалеченост од градот Тетово на југоисточното поднебје на планината Шар Планина. Во Лешочкиот манастир се наоѓа и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ еден од најпознатите македонски преродбеници во 19-от век. Со неговото доаѓање во Лешок, манастирот прераснал во книжевен и просветен центар а се обновиле и конаците по цели 130 години. По смртта на Пејчиновиќ во 1845 година негов наследник е игуменот Серафим кој продолжил со изградбата на манастирот и изградил уште два поголеми конаци а целосната изградба ја завршил игуменот Ташко во 1934 година. Била изградена во византиски стил со три куполи а на десната купола е вградена камбанарија. За внатрешното уредување и за изработката на иконостасот и архиерејскиот трон во 1936 година биле ангажирани мајстори од Гостивар од чии имиња се познати само иницијалите И.С. Т.Р.Ж. испишани на задниот дел од царските двери. Во текот на времето се менуваат повеќе монаси а во 2000 година од страна на митрополитот Кирил е изградена угостителска сала и со бетон е изградено плато пред конакот. Разурнатата црква од 1690 година стоела се до 1927 година кога ги раскопал монахот Теодорит и ја изградил црквата. Црквата е 80 сантиметри во земја, подот е со камени плочи а плафонот е засводен. Покрај јужниот ѕид се наоѓаат столови. На западниот ѕид од јужната апсида се наоѓа архиерејскиот трон кој е од 19-от век. Во самата црква забележителни биле малата богата галерија единствена во Полог од раката на мајсторските зографи која само во овој манастир можела да се види и да се восхитува на неа. Живописот и зачуваните записи ни откриваат дека тој е од два периода и тоа од 17-ти и 19-ти век. Од живописот во нартексот забележителна е композицијата „Страшниот суд“ која е зографисана на целата површина на северниот ѕид. Ликот на Пресвета Богородица е повеќе пати застапен во различни сцени а додека Господ Седржател е насликан три пати. Иконостасот е изработен во 1879 година од галичанецот Михаил Ѓурчинов а истиот е поставен по завршувањето на живописот. Сите икони биле со изедначен квалитет и истите биле евидентирани од заводот за заштита на културно-историските споменици. Живописот во црквата се состои од фрески и икони. Иконите кои што се на царските двери се на Пресвета Богородица и Свети Архангел Гаврил. Лево до дверите е Пресвета Богородица а до неа на влезната врата е Свети Атанасиј. Десно од дверите е Господ Исус Христос а на десната врата е Свети Јован Крстител. Во втората зона се дванаесетте апостоли, Распетието Христово и под него Воскресението Христово. Над централната купола е Христос Седржател. Сите се изработени од непознат зограф во 1936 година. На северниот и јужниот ѕид се наоѓале фрески изработени од зограгфот Теодос Колоски од Скопје од 1962 година и истата е зографисувана од повеќе зографи. Во олтарот на чело на престолот се наоѓа монументален крст изработен од камен-оникс. На влезната врата се наоѓаат две фрески едната е на Свети Атанасиј а втората на непознат светител. Дополнително обновување на манастирот е извршено во периодот од 1965 до 1968 година во времето на игуменијата Меланија а во поново време се вршат обновувања по заслуга на епархискиот архиереј господин Кирил. За камбанаријата се знае дека е подарок од српскиот патријарх Варнава во времето на игуменот Ташко. Црквата со својата атрактивна архитектура зрачеше во просторот се до моментот кога на 21-ви Август 2001 година направени се вандалски оштетувања а украдени се важни црковни предмети. Полиелејот е искршен а при минирањето останат е само нартексот во западниот дел и скоро целиот западен дел од наосот. Останати се и двете куполи на нартексот а на јужната купола биле видливи конструктивни пукнатини. Од експлозијата уништено е се освен неколку фрески на светители. Оштетени се и манастирските конаци од 19-от век при што има оштетувања на кровната конструкција и на фасадата на конаците кои се истотака ограбени. Во кругот на манастирскиот двор оштетени се гробовите на архимандритот Силвестер и на јеромонахот Кирил Пејчиновиќ а додека новата летна трепезарија е обиена и украдена. И покрај тоа што манастирот беше разрушен месното население со верба во Бога и голема љубов кон манастирот успеаа да го возобноват. Со несебичните заложби на Митрополитот Полошко-Кумановски господин Кирил, МПЦ, Европска комисија, верниците, фирми од Македонија и надвор од неа се успеа да се возобнови она што беше уништено, вандализирано и тероризирано. Манастирскиот комплекс беше завршен во 2006-та а осветен во 2007-та година кога МПЦ ја прослави својата 40 годишна автокефалност. Секој 28-ми Август на големиот православен празник Голема Богородица традиционално во дворот на манастирскиот комплекс се организира манастирски собир, кога доаѓаат голем број на верници како од околината така и од странство а на предвечерието на празникот Успение на Пресвета Богородица традиционало се одржува Тетовскиот Фолк-Фестивал.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.