Среда, 08 Јуни 2016    PDF Печати Е-пошта
Промовирана монографија за пајонската престолнина Билазора

Оваа монографија на нашиот ценет проф. д-р Драги Митревски несомнено ги промовира богатството и слоевитото културно наследство на овој регион и на Република Македонија воопшто, но публикацијата јасно ги афирмира и нашите заложби за ревитализација на културното богатство што го поседуваме и за откривање нови наоди, нови културни добра кои се одраз на историското траење на овие простори ...

bilazora1

Научните резултати од археолошките истражувања на раноантичкиот град Билазора во овчеполскиот локалитет Градиште – Кнежје се публикувани во книгата „Античка Билазора – престолнина на независните Пајонци“, која беше промовирана денеска на Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе кој е издавач заедно со Народниот музеј од Свети Николе.

Автор на книгата, објавена на македонски и руски и на македонски и англиски јазик, е проф. д-р Драги Митревски. Тој ја предводи истражувачката екипа која во изминатите осум години интензивно работеше на локалитетот на кој од 7 до 2 век пр. н.е. постоел античкиот Билазора - најголем град во Пајонија кој бил и нејзина престолнина во 5 и 4 век пр. н.е. Во истражувањата на локалитетот учествуваа и студенти од Државниот универзитет Тамбов во Русија.

- Оваа монографија на нашиот ценет проф. д-р Драги Митревски несомнено ги промовира богатството и слоевитото културно наследство на овој регион и на Република Македонија воопшто, но публикацијата јасно ги афирмира и нашите заложби за ревитализација на културното богатство што го поседуваме и за откривање нови наоди, нови културни добра кои се одраз на историското траење на овие простори - истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на промоцијата на книгата.

bilazora2

Авторот Митревски рече дека целта на изданието е секој да знае барем основни работи за градот Билазора кој, како што рече, имал репрезентативна архитектура и техника на градење и украсување какви што нема ни денес. Освен за промоција на Општината, книгата ќе биде корисна за археолозите кои, рече тој, нема да чекаат 10-20 години за публикација од истражувањето, а со неа ќе се избегнат шпекулации и неточни информации за овој локалитет, како, на пример, неговото погрешно поврзување со Велес.

- Книгата не е најважната работа, туку најзначајно е тоа што се отвора нов пристап кон културното наследство, нов начин на соработка на повеќе институции и тоа што сите ќе имаат бенефит. Порано археологијата и културното наследство се доживуваа како потрошувач кој троши, а не носи пари. Целта на оваа книга е да го каже спротивното - рече Митревски.

Како што истакна градоначалникот Зоран Тасев, се очекува по целосното истражување локалитетот да стане туристичка атракција за домашни и за странски посетители. За таа цел, Општина Свети Николе направи асфалтиран пат до локалитетот. Јордан Ѓорчев од Славјанскиот универзитет додаде дека откривањето на локалитетот за јавноста ќе донесе многу луѓе како што Билазора, рече тој, била топ-дестинација во антиката.

bilazora3

На промоцијата се обрати и аташето за култура во Амбасадата на Русија Михаил Лушин, кој подвлече дека учеството на руски студенти во истражувањата уште повеќе ја продлабочува соработката меѓу двете, како што рече, братски и духовно блиски земји. Тој посочи и на тековните „Денови на духовната култура“ кои во Македонија ги организира Амбасадата на Русија, нагласувајќи ја и несебичната помош од Министерството за култура на РМ во нивото организирање.

bilazora4

На локалитетот Билазора континуирано во фази постоеле четири града еден врз друг, а како престолнина на независните Пајонци опстојувала во 5 и 4 век пр. н. е., како и во 3 век пр. н. е., но тогаш веќе била урната владетелската палата. Од 5 до 3 век пр. н. е. била независна пајонска држава со своја династија и владетели што ковале свои монети, имале своја политика и ритуално се крунисувале во водите на Брегалница.

bilazora5

Локалитетот е истражен околу 60 отсто и досега се откриени остатоци од пет градби со богата фрескодекорација - владетелската палата, култен базен што служел за водоснабдување, фортификациски систем околу акрополата и објект од јавен карактер кој бил стоа, храм или имал друга намена и кој засега е најзагадочен. Откриени се и питоси во кои се складирало жито.

Сите пронајдоци се ислустрирани во монографијата, заедно со фазите на истражување и откривање. Најдени се над илјада артефакти, луксузни керамички садови и накит, парчиња алат, монети кои се презентирани во Народниот музеј во Свети Николе.

Покрај книгата, денеска беше промовирана и веб-страницата bilazora.mk со сите информации поврзани со овој локалитет.

bilazora6

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.