Среда, 22 Јуни 2016    PDF Печати Е-пошта
1000 години од отсекувањето главата на Свети Владимир Дукљански и Елбасански

sv-vladimir-dukljanski

Си биле еднаш еден цар и една царица и си имале ќерка многу мила и сакана, напросто обожувана од двајцата родители. Кога стасала за мажење принцезата се заљубила во еден млад благородник, арноама пленик од далечен крај. Името мu било Владимир, а нејзиното име било Косара.

Познато, зарем не.

Легендата вели дека младите лудо се вљубиле, па нејзиниот татко царот Самуил ја благословил нивната врска, ги венчал и ги пуштил во Дукља, близу Скадар, мирно да си живеат и владеат под будното око на царот.

Некои злобници тврдат дека тоа било брак со политичка заднина, но било како било, нивниот брачен живот не бил од долг век.

По смртта на царот Самуил, неговиот син - новиот цар охридски ги поканил на гости зетот и сестрата и со подмамка го убил Владимира!

Eдни велат при лов кај Ќафасан, други во Крани, Преспа а трети пак дека платеници му ја отсекле главата до црквата Богородица Челница- и оттогаш во оваа црква не се вршат ниту крштевки, ниту венчавки...

Тоа се случило на 22 мај одн. по ново на 4 јуни 1016 год.

Овдовената Косара успеала да го измоли братта си да го одведе телото на покојниот сопруг во неговата татковина Дукља, кадешто по погребниот обред таа станала калуѓерка под името Теодора.

Минувале векови па еве деновиве се навршуваат и точно илјада години од настанот.

Дукљаните неговата смрт ја сметале за маченичка, во име на верата, и побарале од папата да го канонизира за светец, но сè укажува дека сепак Охридската Црква била таа која го прогласила Владимира за светител и чудотворец. Се кажувало дека од неговите останки течело миро и се случувале чуда, па неговите мошти немаат мир еве цел еден милениум.

Тие биле положени најнапред во црквата Св Богородица Краинска на брегот од Скадарското Езеро, а покрај него била погребана и неговата верна сопруга. Тука се чувале се до 1215 кога Епирскиот владетел Михаил Комнен ги пренесува во Драч, а во 1381 г.тогашниот владетел Карло Топија врз темелите на стара црква го подига манастирот Шин Ѓон/ Свети Јон и тука ги преместува моштите на Владимира и тој го добива името Св Јон Владимир, заради судбината слична на Св Јован Крстител. Околу манастирот почнува да се издига средновековниот град Коњух, денешен Елбасан, па некои денеска светецот го нарекуваат и Владимир Елбасански.

Претстава во Бигорскиот манастир

Дел од моштите-главата на светителот денес се чува во манастирот Зограф, Света Гора, кој манастир според легендата, запишана во "Сводната грамота", бил основан во 9 или 10 век од тројца браќа од Охрид - Моjсеj, Арон и Јон Селима, а дел од моштите бил вграден во темелите на грандиозната камбанарија посветена на св Владимир во манастирот Свети Наум. Моштите денес се во православниот катедрален храм во Тирана, Албанија.

За ширењето на култот на овој светител на Охридската Црква најзаслужен бил Кузман Китијски (1643-1702), по потекло тунижанец со граѓанско име Константин Мавруди,инаку вршител на должноста охридски архиепископ! Тој, како поранешен игумен во елбасанскиот манастир Св Јон Владимир напишал житие на грчки јазик , според слушаните преданија, кое го отпечатил во 1690 г во Венеција и со тоа го распространува култот на овој светител на територијата на целата Охридска Архиепископија.

Житието е препечатувано повеќе пати а зачуван е и превод на македонски / охридски направен од страна на Јонче Снегар (25 април 1870 год.)

Православните цркви го празнуваат денот на Св Владимир , во зависност од јулијанскиот или грегоријанскиот календар. Бугарската црква го одбележува на 22 мај како св.Иван Владимир, бугарски кнез, српската црква на 4 јуни како св Јован Владимир како српски кнез а црногорската како прв црногорски светец.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.