Среда, 22 Јуни 2016    PDF Печати Е-пошта
Во Кривогаштани откриен засега непознат антички град

Засега откриено е дека локалитетот е составен од акропола каде живеело населениетоидве некрополи каде се погребувале починатите. Годинава истражувањата се насочени кон постарата некропола...

krivogastani anticki grad

Голема воена населба или засега непознат антички град, што крие локалитетот Локвенско кале во општина Кривогаштани? Ова се прашањата кои се поставуваат со најновите археолошки истражувања кои за прв пат годинава се изведуваат на ова место.

Овој локалитет се наоѓа точно на тромеѓето помеѓу општините Кривогаштани, Долнени и Крушево. Од тука се гледа скоро половина Пелагонија. Поради значајната и стратешка позиција на ова место и наодите кои се пронајдени во некрополата се претпоставува дека станува збор за воена населба која функционирала во тој период.

„Претпоставката е дека во 4 век ова место е направено да служи како моќна воено-стратегиска база за надгледување на варварските народи кои навлегувале од север. Понатаму како се развивала оваа населба и дали нејзиниот карактер преминал и во цивилна населба треба да се потврди со истражувања на овој локалитет и тоа во акрополата“, вели м-р Дејан Кебакоски, раководител на проектот.

И според директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ станува збор за позначајно откритие на антички град кој засега останува непознат.

„Норовско или Локвенско кале било оградено со еден огромен ѕид и тој бил широк од 2 до 3 метри, не е откипан. Се надевам дека во догледно време ќе го отвориме, ќе го конзервираме и ќе го отвориме за туристите и јавноста. Тоа е горниот град, акрополата. Таму југозападно се наоѓа долниот град, кој се вика Градиште и интерресно е тоа што сите тераси биле населени. Ние се уште незнаеме како се викал тој град. Претпоставуваме дека можеби тој бил античкиот град Писаион што е споменат во историските извори. Јас се надевам дека во некој среќен ден ќе излезе некој епиграфски споменик и натпис каде ќе биде напишано името. Главно е тоа што овој град бил оформен во архајскиот период, па живеел се до римско време“, истакна Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Наодите кои биле откриени во гробовите укажувале на тоа дека се работи за воени лица. Засега биле откопани 8 гробови.Во еден од нив се пронајдени и монети со ликот на Александар Македонски кои според првичните информациии потекнувале од 4 век. п.н.е.

anticki grad krivogastani

Според верувањата во антиката овие монети биле поставувани во гробовите за да може покојниот со нив да го плати патот до светот мртвите. Бидејќи тука станува збор за сребрена монета се претпоставува дека тука е погребан некој финансиски помоќен жител на таа населба. Освен монетите откриени биле и други вредни предмети.

„Отворени се околу 130 м2 од некрополата, пронајдени се еден краток железен бодеж, игла омега тип и се пронајде сребрена пиксида изработена во техника на филигран со златна жица. Ова е исклучително интересен и редок примерок и мислам дека на територија на Македонија ова е третиот досега пронајден ваков примерок“, додаде м-р Дејан Кебакоски, раководител на проектот.

Од локалната самоуправа велат дека во иднина планираат од ова место да направат вистинска туристичка атракција и да обезбедат пристапен пат за туристите.

„Доколку наодите покажат дека се работи за град кој е од големо значење за историијата на Македонија ние како општина, нормално во содејство со министерстовот за култура, Владата на РМ и соседните општини ќе изготвиме еден проект за да може сите оние кои сакаат да можат да го посетат тој локалитет и да имаат пристап до некрополата“, потенцираше Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.

Истражувањата планирано било да траат уште 2 недели и да продолжат идната година.

cooltura-izmena

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.