|
||||
Венко Марковски: „Нашиот живот требе и може песна да стане, а нашата земја требе и може градина да биде“ (2) |
„Јасно како бел ден е за секого дека македонската култура е или премолчувана, или преиначена, или ограбена. Заради природните богаства, не еден во минатото се обидувал и се мачел да пронајде близкост и роднинство со Македонија. И туку гледаш едни се потат да докажат дека Македонија никога не соштествувала, дека Македонија требе да се замени со Јужна Србија или просто со Србија и дека Македонија е најсветлиот диамант на короната на српските кралеви. Други пак гледаш со библиска уфиленост се туфкаат и се биат во градите и везден се молат на Бога и палат по метро и пол свеќа за здравјето на Македонија и грмат низ печатот оти Македонија била класична земја на Бугарија, оти Македонија била најсветлиот скиптер во раците на бугарските цареви. А трети пак се мачеа да го затрат и го избришат од картата. Имаше и такви кои сакаа да ја затрат македонската култура, за да би можеле да го затрат и покорат после македонскиот народ. Непријателот едно забораваше дека македонската култура има длабоки стари традиции. Никој и не сакаше да го праша. Македонскиот народ беше монета за поткусурување.“ - пишува Венко Марковски во својот труд „Македонска култура“ („Македонска мисъл“ кн. 3-4, год. 1, 1945 г), Венко Марковски кога говори за македонската култура не може а да не ја спомне македонската иконографија, македонската книжевност и да не говори за македонскиот јазик и неговите белези. Говореќи за македонската иконографија тој ќе запише: „Четврт брилјант кој свети и кој вечно ке свети на диадемата на македонската култура е иконографијата. Македонската иконографија е стара и датира од 13 век. Иконографијата во Свети Герман ја преставува Охридската патриаршија со подчинетите ѝ епископи. И таму се сликите на сите епископи. По својата живос и длабочина интересна е иконографијата во црквата „св. Софија" во Охрид, во „Св. Іован Бигорски", во „Св. Причеста" во Кичево, во манастирот Лешок, тетовско, во Матка, „Св. Андреа" во скопско од времето на крал Марко. Манастирот „Св. Андреа” го носи името на Крали Марковиот брат. Внатре во манастирот запазена е фреската на Волкашин со двата сина Марко и Андреа. Интересна е иконографијата во монастирот Слепче, „Св. Димитрија", „Св. Архангел", после во манастирот „Прохор Пчински" кој е созидан од скопскиот војвода Роман Диоген како византиски цар од династијата Дука која по женска линија се сврзани со Самуил и се гордеел дека во жилите носеле Самуилова крв. Богати се фреските во Маврови Анови, особено фреската во Псача: тајната Христова вечера. Додека Тајната вечера се дава од сликарите на Ренесансата во наредено фронтална положба, дотогаш „Тајната вечера" во Псача е во сосем природно положба. Некој од апостолите со грб са завртени. Фреските во Нерескиот манастир во околијата на Скопје преставуваат големо богаство. Смело може да се тврди дека искрата на Ренесансот, која подоцна пламна во пожар низ Италија се роди во Македонија. Дрворезбата оставила исто така длабоки трагови. Иконостасите на Св. Спас во Скопје, иконостасите во Прилепско, Битолско и др. места се едно от ретките постигнувања на нашето дрворезбарско изкуство. А што да кажеме за школата на Зографите?“ Во својот осврт за македонската култура, Венко не може а да говори и за македонската книжевност за која го вели следното: „Книжовните традиции на македонскиот народ се исто така стари и длабоки. Кирил Пејчинович роден во село Теарце - тетовско е не само еден од по значителните писатели, но и првиот сликар кој прави обиди да создаде автопортрет и е првиот македонски стихотворец. Позната е неговата надгробна епитафија која завршува: Кој ќе помине ќе рече бог да го прости, зере и црвите отиде да ги гости. Неговото „Огледало" од рака на рака се препишувало. Додека Кирил Пејчинович беше пионер во областа на прозата, дотогаш Браќа Милалиновци Димитар и Констатин се пионери во областа на поезијата. По својата историска задача и одговорност и совесно исполнување на својот свет долг спрема македонската татковина. Димитар и Константин Миладинов со чест може да се мерат со Вук Караџиќ и со Браќа Грим. Константин Миладинов е и првиот голем поетски талент. Друг голем лирик на она време е Григор Прличев од Охрид. Пишувал на грчки, на руски, на македонски и на бугарски јазик, кој во тоа време се формираше како литературен јазик. Познат е фактот дека Григор Прличев е носител на наградата на Атинскиот универзитет 1860 год. и дека заради гениалната поема „О Арматолос" („Сердарот") напишана на грчки бил наречен втор Хомер. Ја преведувал „Илијадата" на македонски. Најголем меѓу сите нив во она време е велешанецот Ксенофонт подоцна крстен Рајко Жинзифов. Неговата „Крвава кошула" наизуст се изучувала. Неговите песни по Русија се печателе, неговите дела се преведувани на руски, украински и полски јазик. Рајко Жинзифов како поет е еден од најдлабоките поети на Македонија....“ Враќајки се назад во длабоко во минало на македонскиот народ, враќајки се во оние темни и далечни времиња кога за писмо и за култура во многу други народи не можело ни збор да стане, Венко ќе стигне до оние два светли образа, кои светат и кои вечно ќе светат во душата на Македонецот и не само на Македонецот. Тоа се образите на солунските браќа Кирил и Методија, нивните ученици и писменоста која им тие им ја дариле на славјанските народи: „Методија да се смета за првиот македонски книжевник. А двајцата го составуват „3акон Судни људи", во кои се зборува за наказанијата (пример за крадењето и др). Нивната азбука така да се каже цела и до ден дешен е зачувана во великиот славјански руски народ. Враќајки се назад во длабокото минато ние не можеме а да не се запреме на првиот наш учен, филозоф, законодавец и создател на првото училиште - Универзитет каде се учела енциклопедија - на Свети Климент Охридски. Во училиштето понекогаш бројот на учениците стигнувал до 3.000. Свети Климент го оставил првиот „Закон земљеделни", законик, во кој се разправа дека земјата припаѓа на човекот, земјата се дели на мерни, а мерните на задруги. Запазени се проповедите на Св. Климент во Романцевиот музеј во Москва. Свети Климент е епоха и создател на цела школа.“ - вели Марковски Исто така, кога говори за времето на Цар Самоил, Венко не може, а да не ги спомне македонските богомили и нивното влијание во Европа. За поп Богомил и неговото движење тој ќе забележи: „Враќајки се назад во длабокото минато на нашиот народ ние неможеме а да не се запреме на првиот социален реформатор на она време — на поп Богомил. Роден во село Бабуна, велешко, заради што многу туѓинци богомилите ги викаат бабуни, Богомил е рушител на фетишите. Во саштината богомилското учение е против ангаријата, против кулакот, ако ви требаат аргати најдете си ги, а не да работи народот... Влијанието на богомилите е големо. Познати се богомилите во Босна... Известна е појавата на патерените. Богомилскиот пожар ја запалува цела Европа и неговиот пламен завршува некаде во француската револуција... И нтересен е еден факт дека поп Богомил со својата социална програма и со својот начин на распределување на казните се јавува како учител на великиот Италјанец Данте Алигиери. Познати се круговите во пеколот на Данте, познати се деветте неба. Кај поп Богомила имаме девет степени на казнување во пеколот. Идеата за задгробниот живот е многу јасно подвлечена кај поп Богомила... Венко Марковски кој завршил славјанска филологија и кој во периодот од 1944 до 1945 година активно учествувал во работата на трите комисии за нострификација на македонскиот литературен јазик., не може а да не го забележи и своето мислење за македонскиот јазик за кој вели: „Кога зборуеме за македонската култура неможеме а да не се запреме на македонскиот јазик. Кога зборуваме за македонскиот јазик неможеме а да не се запреме на белезите на тој јазик. Македонскиот јазик е стар јазик. Исто онака како што е стара македонската народна песна. Но поради немање на национална и политичка слобода, македонскиот јазик немал среќа да се развие и да ги разгрне сите свои скриени богаства. Од век на век македонскиот јазик тлеел и чемреел, секој нов тугинец оставувал печат на него... Од друга страна поради недостаточно теориски познавања македонските првотворци инаку многу надарени личности неможеа да го наложат македонскиот јазик и да го издигнат до степен на литературен јазик. Тоа нешто стана во наши дни. Копнежот и желбата за оформуењето на македонскиот јазик не престана да ги гори срцата на македонските филолози. Извесно е мнението на големиот филолог Крсте Мисирков от Постол, Енидже Вардарско, кој вели: дека за литературен македонски јазик не може да се земе ни српскиот, ни бугарскиот, туку централното наречие кое требе да се издигне до степен на литературен јазик.“ Во онос на грабежот на македонскотото културно наследство кој туѓинците го правеле низ вековите, Марковски го вели следното: „Јасно како бел ден е за секого дека македонската култура е или премолчувана, или преиначена, или ограбена. Заради природните богаства, не еден во минатото се обидувал и се мачел да пронајде близкост и роднинство со Македонија. И туку гледаш едни со голема замисленост се потат да докажат дека Македонија никога не соштествувала, дека Македонија требе да се замени со Јужна Србија или просто со Србија и дека Македонија е најсветлиот диамант на короната на српските кралеви. Други пак гледаш со библиска уфиленост се туфкаат и се биат во градите и везден се молат на Бога и палат по метро и пол свеќа за здравјето на Македонија и грмат низ печатот оти Македонија била класична земја на Бугарија, оти Македонците не биле Македонци, ами македонски болгари, оти Македонија требе да се вика Западна Бугарија, оти македонското прашање е бугарско прашање, и оти Македонија била најсветлиот скиптер во раците на бугарските цареви. А трети пак... се мачеа да го затрат и го избришат од картата македонскиот народ. Методите на Метаксас со рициновото масло станале за Македонците во Егејска Македонија грозна легенда. По разбирањето на Метаксас Македонците не се Македонци, а се Грци... Имаше и такви кои сакаа да ја затрат македонската култура, за да би можеле да го затрат и покорат после македонскиот народ. Една ли нечиста рака ги крадеше и носеше паметниците на Македонија далеку от Македонија. Една ли нечиста рака ги преиначуше песните на Македонија? Една ли нечиста совес се мачеше во докажувае дека македонскиот јазик не е јазик, ами диалект на српскиот или болгарскиот јазик. Никој не го прашаше македонскиот народ што мисли. Никој и не сакаше да го праша. Македонскиот народ беше монета за поткусурување...“ Во својот труд за македонската култура Венко заклуччува дека „Непријателот едно забораваше дека македонската култура има длабоки стари традиции.“ Што се однесува на процесот на формирањето на македонската нација и иднината на македонскиот народ тој на крајот од својот труд ќе напише: „Процесот на нацијата смело може да се рече дека се привршува. Народ, територија, економска поврзаност, психична одлика, обичаи, јазик, култура со вековни и традиции се е на лице. Македонците можат на секого да му каже во очи јасно, недвосмислено дека не се Бугари (македонски Бугари), дека не се Срби (јужно србијанци) дека не се Грци (старо грци), а дека се Македонци со определено национално македонско сознание... Македонија за прв пат во историјата е слободна и национално и политички. И не случајно дека оформувањето на македонската нација се завршува во дните на слободата. До сега македонскиот народ немаше ни политичка ни национална слобода. Немајки слобода неможеше да се оформи литературниот македонски јазик. Настана 1941 година... Старата Југославија, која беше црна и тешка робија за југославските народи се растури. Народно ослободителна борба против окупаторот... И како резултат на таа борба Македонија за прв пат во историјата е слободна. Заветите на Гоце Делчев, заветите на славната Крушовска република, заветите на сите оние што се бореа за слобода и човечки правдини се исполнија. За прв пат македонскиот народ може слободно да зборува на македонски јазик. За прв пат македонскиот народ може да се учи на македонски јазик во македонски училишта. Борејќи се за својата слобода, македонскиот народ се бореше и за својата нација се бореше и за зачувување на својата култура. Македонија може и требе да стане чудна градина и чуден расадник на искуството и културата. Македонскиот народ, никога понапред во историјата немал такви возможности на развитие какви ги има денеска. Народната македонска песна бездруго ќе гó земе она место, кое ѝ припаѓа. Песната нема да се преиначува, нема да се дотерува, нема да се побугарчува или посрбува, како што беше тоа во блиското минато. Македонската народна песна ке биде чиста и со чест ќе може да се јави на сите надпреварувања било балкански или европски. Возможностите на мекедонската култура се огромни. Прво: науката може и требе без друго да се издигне на завидна височина. Делото на првиот учен, философ и просветител Св. Климент требе да се продолжи и да се надмине. Второ: книжовноста може и требе да се стави во линијата на здравиот сликарски реализам. Искуството кое се црпи от народот требе да служи на народот. Трето: требе да се направи преценка и анализа на сите стари наследства од најстаро време до наши дни. Четврто: требе да се направи точна, здрава, научно основана и исцрпна преценка на нашата историја. Требе нашите херои да си го добијат своето место. Спорните јунацн кои се јавуат во историјата а имаат македонски корен требе правилно и историски праведно да се преценат например како што е случајот со Крали Марко. Пето: требе да се пречистат сите оние паметници и документи кои се фалсификувани било от која страна да е извршена фалсификацијата. Шесто: требе да се забележат сите мелодии и нианси на македонската народна песна додека има уште живи луге кои точно ги знаат, затоа дека македонската народна песна е особена по својот такт и ритам. Седмо: скулптурата требе да се разтрие и да се продложи делото на дрворезбарите. Осмо: сликарите требе и може да ги развијат своите сили и да го продолжат делото на Зографите. Девето: композиторите можат и требе без друго да ја одлеат душата на широката народна македонска песна во своите композиции и да создатат искуство од повисок стил. Десето: театарот кој кај нас изостанал и кој има мали незначителни пројави во миналото како што е „Македонската свадба", требе и може да се издигне и да ги достаса театрите на Белград и Загреб. Слободата која денес ја имаме е слобода за сите. Требе широко да се разгрнат сите способности на нашиот народ и до максимум изкористат можностите.. И уште нешто... Ние на бојното поле однесовме блескава победа. Ние и на културното поле ке однесеме блескава победа... Нашиот живот требе и може песна да стане, а нашата земја требе и може градина да биде. Македонска нација крај |