|
||||
Од борбата за возобновување на автокефална архиепископија на Прва Јустинијана Охрид |
Македонска нација „Улогата на идејата за Охридската архиепископија во црковната борба не било едноставно само лирско искажување на чуствата , туку одраз на стварност. Оваа идеја била двигател на борбата во Охрид. Откако на 4 април 1860 година охриѓани писмено му изјавиле на цариградскиот патриарх дека не го признават веќе за свој духовен старешина, следната година на 9. април тие ги ополномоштиле народните претставници во Цариград да дејствуваат упорно пред В. Порта за возобновување на "автокефална архиепископија на Прва Јустинијана Охрид, која неправедно и незаконито ја присвоил грчкиот клир.“ – пишува И. Снегаров Борбата против грчката, Цариградска патријаршија во Македонија била долга и тешка. Таа започнала како борба против одделни грчки свештеници, против месните грчки владици за стекнување определени права во раководењето со црковно-училишните проблеми за потоа да се претвори во масовна сенародна борба, чија цел била откажување од власта на Патријаршијата и создавање на македонска црква – односно возобновување на укинатата во 1767 година Охридската афтокефална црква. Најраните манифестации на оваа оваа борба на зајакнатата граѓанска класа против грчката доминација во економскиот и општетствениот живот, против злоупотребите на грчкото свештенство се појавуваат во 30 – тите години на 19 век. Таа полека ги зафаќа сите славјански земји, особено Македонија и Бугарија, кои водат заедничка борба против Цариградската патријаршија, која ги штити грчките трговци. Всушност најран израз на оваа активност по укинувањето на Охридската архиепископија се јавува во Скопје, каде граѓаните бараат на чело на Скопската епархија да се постави за владика човек од месното, македонско население. Оваа борба, потоа се пренесува низ цела Македонија. Иван Снегаров осврнувајќи се на состојбите во Македонија и Бугарија, во својот напис за Охридската архиепископија, каде двата народа ги истоветува како бугари, меѓудругото вели:: „Грчкото влијание не делуваше врз народниот говор во Охрид, каде во 1845 год. В. Григорович не е наишол некого да го чита славјанското писмо, a мнозина биле вешти во читање грчки ракопис. Истиот вели дека во Охрид славјанскиот јазик се користел во семејството, оживуван со присуството на жените, но и дека охридскиот турски кехаја зборувал со него на славјански, како и докторот со високо грчко образование, кај кого гостувал. За доминацијата на славјанскиот јазик говорат и други два факти: 1) писмото од 13 април 1793 година, со кое мосхополскиот поп Даниил го моли охридскиот поп Стеван да му го преведе речникот на јазикот кој пред сè добро се слуша во изговорот на родителите (πλὴν πρόσεχε καλὰ διὰ τῆν εὑωχὴν τῶν γονέων σου ...); 2) писмото од 26 јули 1843 година, со кое охридските црковни старешини одговориле на охридскиот митрополит Јосиф во Цариград дека охриѓани го прифатиле протосингел Неофит со пристоен чест, бидејќи меѓу другите квалитети владеел со месниот славјански диалект. Елинизмот ги засегнал главно првенцитe или таканаречените чорбаџии кои ги поддржувале грчките владици за лични интереси, и оние кои имале грчко образование и биле во културни и трговски врски со грчкиот свет. Но, од тие малкумина го изгубиле својот мајчин јазик, иако со гордост се нарекувале Грци. Со сограѓанитe гркомани тие разговарале на мајчиниот јазик, дури и во куќи, освен таму каде мајката била чиста Гркинка. Многумина од нив преку црковната борба се ослободиле од еленистичката маѓепсаност и станале видни народни дејци (Паунчеви во Охрид, Робеви во Охрид и Битола, Браќа Држилови во Солун). Изложени биле на погрчување главно оние .., кои се населиле поединечно во градови со грчко население и се женеле за Гркинки (на пр. во Солун, Кавала, Беломорските острови и др.). Исто и оние кои се стекнале со грчко образование, кои се движеле во грчкото општество или биле на државна служба во Грција... Но и од тој вид образовани елинизирани луѓе не сите сосема го изгубиле своето народно чувство. Иако го полузаборавиле својот роден јазик и го владее совршено грчкиот литературен јазик, притоа ревносно служејќи на грчката култура, сепак тие не го заборавиле и во време на преродбата во душите им светела искра на љубов кон својот род... Македонците - елинисти, несомнено, биле носители на грчка култура меѓу својот народ, но го знаеле своето негрчко потекло и чувствувале долг да служат првенствено не на друг туку на својот непросветен и понижен народ. Затоа тиe барале учителски места во својот роден крај. Првично, под влијанието на грчката образование, тие, се разбира ce уште немале национална идеја.., но животот со народот и влијанието на појавените преродбеници наскоро ги претвориле во големи родољубци. Елинистичките учители не биле гркомани, a повеќе гркофили и не служеле на панелинската идеја. Тие само биле верници на грчката образованост како основа за висок умствен развој. Таква симбиоза меѓу грчката култура и македонската народност не било нов феномен. Таа суштествувала уште многу порано, кога до создавање на црковно славјанската книжевност грчкиот јазик бил официален... Грчкиот јазик се сметал како кључ кој ги отварал скровиштатата на високата мудрост... .... Од чисто просветителните причини и други стари народни дејци... биле големи приврзаници на грчкиот јазик и грчкото образование. Учителите-елинисти не се претопиле во грчката култура, a ја владеле неа слободно, бидејќи ја запознавале ... младината со старогрчката филозофија и поезија, преку која се стремело постепено да возбудат во неа ревност за да ја насадат културата на родната почва. Така се објаснува дека, предавајќи на грчки јазик, тие први овозможиле воведување на мајчиниот јазик во училиштата прво преку преведување од грчки, a потоа преку изучени на отделни предмети на мајчин јазик. Тие, како народни просветители со грчко образование, пишуваа книги и водеа преписки со пријателите на грчки не од елиноманија, туку од потреба да ги изразуваат мислите брзо, точно и стилизирано.... бидејќи уште немаше установен книжевен јазик и правопис. Воопшто влијанието на елинизмот во Македонија во време на фенерскиот јарем било премногу ограничено и површно бидејќи, како во Азија и Африка преку хеленистички период, кога ги засегало само големите градови и горните слоеви, но не и народните маси, во кои се среќавало силно национално спротивставување (египетско и коптски, сириско и персиски). Исто било и кај еврејскиот народ, и покрај големите напори на сиријските цареви да ја скршат неговата национална и верска исклучителност. На хеленските влијание подлегнуваат само аристократијата и расеаните Евреи. Еврејските научници како Филон, Јосиф Флавиј, апостол Павел и др. се служеле со грчкиот јазик ( т.н. κοινὴ) како меѓународен, но не служеле на хеленските дух и не ја заборавале својата народност. Во Македонија грцизмот успеал да создаде свои острови главно преку колонизирање, само овде-онде на југ - во Костур, Мелник, Солун, Сер.... Целиот резултат од хеленското влијание кај нас може да се претстави како дејството на силен ветер врз вековна гора: ветерот соборува лисја, крши гранки, може да собори и отделни шупливи дрвја, но гората во својата природна целост останува непокорна, жива и мириса на младост во секое време. .. Не може да измени етничното чувство и јазикот на македонскиот народ, Фенер, природно, не можал да ги уништи во него и спомените за духовната независност. Духот на Охридската архиепископија продолжувал да лебди, бидејќи, како отбележавме во почетокот, таа била подигната врз основа полoжена од првоепископот св. Климент кој, покрај ударите на Царигр. патријаршија, сепак останал незабележлив, но реален киријарх на Македонија и ја осветлувал душата на својот народ... За македонскиот народ Охрид бил првата престолнина. држава, крштелно место, средиште, каде се собирале седумте "филозофи" и светци (Кирил и Методиј, Климент, Наум, Горазд, Сава, Ангеларик) и се преведувало Св. Писмо. Во Охрид и Охридската област дејствувале многу светци-чудотворци.. и моштите на многумина од нив почиват таму. Благочестието на македонските владетели било тесно поврзано со Охрид.. Споменот на нив ги возбудувала кај родољубивите луѓе копнежот за Охридкста црква.. Со овој копнеж се објаснува дека во разни краеви се насликани во новите храмови св. Солунски браќа и нивниот велик ученик св. Климент Охридски и другите светци.. Идејата за национална црква симболично е изразена во иконите и фреските на кои се прикажани св. Климент Охридски во цел раст, прав и во архиерејско облекло. Истото се зографисани и северомакедонските светци Јоаким Осоговски. Гавриил Лесновски и Прохор Пчински. Тагата за загубената родна црква се носела од Охрид и во други блиски градови во македонските полиња преку трговските односи, особено преку панаѓурите, каде се среќавале трговците од разни места. Во периодот на преродбата споменот за автокефалната Охридска црква веќе имал моќно влијание. Тој спомен го движел и разгорувал пламенот кај народот. Зографскиот брат Натанаил (потоа Охридски и Пловдивски митрополит) уште како ученик во Кишинев и Киев мечтаел за возобновување на Охридската архиепископија и со нејзината историја ги убедувал руските полигички и духовни дејци (Инокентиј Херсонски) во правото на народот да има своја црква. На 16 август 1872 година, бил поканет на средба со царигр. и др. патријарси, за да се најде база за помирување, архимандрит. Натанаил се повикал на независната Охридска архиепископија како правна основа на чл. 10 од фарманот, кој Грците сакале да се измени во смисла да не ги опфаќа македонските епархии...... Охрид е центар на македонската историја. Св. Климент направил многу повеќе "за утврдување на македонската народност.. Охридската епархија "оставила во народната историја поголем и поубав спомен отколку делата на повеќето нашп славни народни дејци . "Охридската епархија .. ја играла најважната улога во нашата црковна историја не само во минатите времиња, но и сега во нашите дни ... Таа е, која дала и прва тропнала за новата препирка со Грците за црковна независиност. Од неа и преку сето време на жестоката борба што ја имавме и имаме со нашите вековни противнии, нејзините правдии били најглавната и најсилна потпора на нашите стремежи". Кажаното за улогата на идејата за Охридската архиепископија во црковната борба не било едноставно само лирско искажување на чуствата, туку одраз на стварност. Оваа идеја била двигател на борбата во Охрид. Откако на 4 април 1860 година охриѓани писмено му изјавиле на цариградскиот патриарх дека не го признават веќе за свој духовен старешина, следната година на 9. април тие ги ополномоштиле народните претставници во Цариград да дејствуваат упорно пред В. Порта за возобновување на "автокефална архиепископија на Прва Јустинијана Охрид, која неправедно и незаконито ја присвоил грчкиот клир.“ – вели Снегаров. Во периодот од 1860 до 1870 година граѓаните од повеќе македонски градови како Охрид, Прилеп, Неврокоп, Боитола, Скопје, Крушево, како и некои села ги прекинале врските со Цариградската патријаршија и гормирале одделни црковно-училишни општини. Како што погоре спомнавме, борбата против Цариг. патријаршија со текот на времето ги опфатиле скоро сите славјански народи под османлиска власт, а посебен интензитет добила во Бугарија и Македонија. Во самото црковно-просветно движење, водено од бугарскиот и македонскиот народ, дошле до узраз различните национално-политички интереси на двата народ. (извор: Македонски Прегледъ Година II, книга 3, София, 1926) |