Среда, 30 Декември 2020    PDF Печати Е-пошта
Градовете на Приморска Македонија меѓу двете светски војни – Нигрита

nigrita

Нигрита е град во областа на Централна Македонија, на Егејскиот дел на Македонија. Градот кој се наоѓа на 23 км јужно од Сер, во Серското поле, во северното подножје на Богданската планина, според пописот од 2001 година има 5.566 жители.

Во 1866 година, населението на градот Нигрита страда од теророт на властите по обидот за востание на Леонидас Вулгарис, кој се застапува за создавање на слободна и неделива македонска држава.  Тоа ќе доведе до промена на етничкиот состав на населението.

Според "Етнографија на вилаетот Едрене, Монастир и Салоника", издадена во Константинопол во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Нигрита (Nigrita) има 305 домаќинства со 350 жители Македонци и 650 Грци.

Во 1889 година Стефан Веркович ( "Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи") пишува за Нигрита дека е христијанско село во кое живеат Грци и Македонци преселници од соседните села. Поголеми промени на штета на македоското население се случуваат кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Според Васил К’нчов ("Македонија. Етнографија и статистика") во почетокот на 20 век Нигрита има 2500 жители Грци. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев ( "La Macédoine et sa Population Chrétienne") во 1905 година во градот живеат 1900 Грци.

На 24 февруари 1907 година во месноста Таш Олук крај Нигрита 40-члена чета на ВМОРО се бори со грчка чета, при што Македонците губат 9 лица, а Грците имаат само 4 загинати.

Во 1912 година, за време на Првата балканската војна, во градот влегуваат делови на бугарската армија. Во февруари 1913 година во регионот се воделе борби меѓу делови на бугарската и грчката армија. Во Втората балканска војна во јуни градот е окупиран од грчки војници и останува во Грција по Букурешкиот договор (август 1913 г.).

По Балканските и Првата светска војна, етничкиот сооднос меѓу Македонците и Грците во Нигрита и околината видно се менува по населувањето на малоазиските и кавкаските бегалци. Во статијата „Градовете на Приморска Македонија“ објавена во 1938 година во „Македонски Преглед“ („Македонски Прегледъ“, Година XI, книга 1-2, Софија), авторот Димитар Атанасов за промените кои се случуваат во градот Нигрита и околината по 1922 година, ќе го забележи следното:

„Ова мало гратче е лоцирано во најјужниот дел на Серско поле, на 20 км. јужно од Сер, од кој го одделуваше некогаш пошироката и тешко прооднаата на тоа место река Струма. Денес таа е канализирана и врз неа се гради голем железен мост. Тој ќе ја олесни извонредно многу врската помеѓу Сер и јужните делови на Серско поле, кои до неодамна беа сосем изолирани. И треба веднаш да се напомене дека токму на оваа изолираност на оваа покраина се должи појава во неа на еден мал пазарен центар - Нигрита. Тој беше до скоро пазарно средиште и на целиот планински крај, означаван со општото име Бешик-даг и населен до 1922 година исклучиво од Турци, кои беа принудени да се иселат и на кое место не се насели речиси ниту еден човек. Така оддеднаш Нигрита, која порано, пред војните, беше само едно мало гратче со 2,500 жители, ги загуби и двете основи за постоеење како град: се намали извонредно многу бројот на населението во нејзината пазарна област, која освен тоа преку новиот пат до Сер се прелеа кон пазарната област на последниот град. Затоа, ако денес градот има официјално малку повеќе население, кое се должи на новодојдените бегалци, сместени, како во Лагадина и Демир-Хисар, во одделно и прилично оддалечено бегалско маало, има сосем друг карактер. Од гратче, која го должи својот живот на пазарот, Нигрита стана најобично село, на кое жителите се занимават со земјоделие. Впрочем пазарот во Нигрита и сега има секој саботен ден.  Селаните од околните грчки села масовно доаѓаат во него, но не за да купуваат или продаваат, само така, од навика, туку и поради вродената подвижност на Гркот. Тој доаѓа на пазарот да се сретне со пријатели, да се прошета, да продава или купува, но стоката која има тој повеќе преферира да ја однесе директно во Сер, за да ја продаде или купи по подбра цена. Затоа, во сабота, кон 5 часа после пладне, кога дојдените започнуваат да си одат од пазарот во Нигрита, тие или си одат со праздни раце, или пак носат по некој шаран или паламуд (скуша) или, најмногу, по малку праз, лук.

Нигрита, во споредба со Демир-Хисар, е многу помала и по население и по простор кој го зазема, па во неа не можеме да очекуваме така јасно определени одделни маала. Таа претставува еден обшт блок, со тесни и криви улици, врз кои нема некаква постилка, дури и калдрма, па во дождливо време се речиси непроодни. За тоа придонесува многу и вонредно лепливата плиоценска глина, врз која е изграден градот. Но, дури и во суво време тие секогаш се влажни и нечисти, бидејќи не само што нема каква и да е канализација, но дури и канали за истекување на нечисти води не се направени. Во истата состојба е и главниот "плоштад", кој не се разликува многу од оној во Демир-Хисар. Овие два града доста си наликуваат и еднокатните куќи, од кои во Нигрита голем дел се руинирана за време на војната, не биле обновени. Генерално, гратчето го чува својот предвоен изглед, со малите, во поголем дел запустени дуќанчиња по неколку главни улици кои водат кон околните села. За физиономијата на градот новата бегалска маало не придонела многу, бидејќи тоа, како што се веќе беше кажано, е изградена далеку од градот, на еден и пол километар западно од него. Уште подалеку - на 5 км. источно од градот - се наоѓаат нигритските бањи. Тие би можеле да бидат многу корисни на градот, но за сега од нив населението нема никакви приходи. Малкумина се тие кои идат да се капат во нив, поради тоа што не се уредени. Покрај еден сосем примитивен базен се наредени неколку жални бараки и зградата на компанијата која го експлоатира изворот. Изворската вода, слабо минерализирана и со не многу висока температура, се полни во шишиња и се продава по цела Грција. Колку е занемарен не само градот, но и целата негова околина, се гледа од фактот дека, за да се отиде до споменатите извори, треба да се помине низ градот Нигрита, кој сам по себе до пред една година беше сосем отсечен од светот. После тоа од Нигрита до самите извори се оди по еден мек пат, послан овде-онде со речни камења, пат на кој во дождливо време не може да се помине ниту пеш, ниту со кола. Ако Градот и целата негова околина, наспроти тоа, не се лишени од најнеопходното, тоа се должи исклучиво на пожртвуваноста на шоферите кои успеваат да ги возат своите натоварени камиони низ ниви и ливади, низ полето, без пат и патека.

Од сето кажано за Нигрита е очигледно дека, како и сите до тука опишани градови на Приморско Македонија, и таа била подложена на промени кои сепак не биле така големи, како например во Демир-Хисар, Кукуш, Лагадина и Солун. Нигрита ги промени првенствено своите стопански функции. Од пазарен центар  стана големо земјоделско село, на кое жителите им се занимаваат сега главно со обработка на почвата на голем дел од јужниот крај на Серско поле. Садат главно памук, помалку пченка и житарки, како и тутун. Самото население на Нигрита сепак не се промени. To и денес е грчко, како и пред војната. Пред балканските војни селата на исток и запад од гратчето беа грчки, селата на север од него – македонски, a селата на југ, во Бешик-даг, - турски. Во овие турски села живееа така наречените јуруци кои не се третираа како вистинските Турци и кои мачно можеа да се настанат во градот. Во него се населуваа Македонци, но тие брзо биле погрчувани, па гратчето многу одамна веќе помина во грчко. Во последно време, со сместувањето на малоазиските и кавкаските бегалци, грчкиот елемент како во него, така и во овие села кои и порано беа грчки, се уште повеќе се зголеми. Таквите бегалци беа сместени и во македонските села на север од Нигрита. Но бидејќи Македонците во нив не се иселија, овие села не станаа чисто грчки, туку мешани. Притоа, опасност од брзо претопување на Македонците во овие села сега за сега не постои, и тоа поради вонредно непријатните односи меѓу старото население и бегалците кои добиле земја делумно државна, но во голема степен и со земјиштето, отуѓено од староседелското население. Општо земено, населението во нискиот, полскиот дел на Нигритско неодамна многу се згусти, додека планината останува речиси ненаселена, по присилното иселување на Турците. Стана токму она што беше веќе опишано кога беше збор за Лагадина. Се доби многу неравномерно разпределување на населението што веќе по себе едно многу нерационално искористување на земјата, разгледана во дадената област како еден единствен комплекс. Единствената причина за оваа ситуација е тоа дека оваа земја се најде во рацете на луѓе кои не се навикнати на тешкиот земјоделски труд.“

Инаку, како последица на доселувањето на малоазиските, кавкаските и од други маста грчки бегалци по Првата светска војна, етничкиот состав на населението во северна Грција значително се измени на штета на Македонците. Во 1920 година населението на Егејска Македонија броеше 1.090.349 и неговото мнозинство го сочинуваа главно Македонци и муслимани. По извршените размени на населението, во 1928 година, бројот на населението достигна 1.418.477 жители благодарејќи на неколкуте стотини илјади доселени Грци.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.