Среда, 23 Февруари 2022    PDF Печати Е-пошта
Театарски времеплов (1914-1994)

3 февруари 1914 – пожар во театарската зграда во Скопје

teatar1На 3 февруари 1914, штотуку адаптираната зграда на некогашниот турски театар во Скопје изгоре до темел. Славниот српски комедиограф Бранислав Нушиќ, основач на првиот постојан професионален театар во Скопје, кој беше инаугуриран непосредно пред тоа (на 27 декември 1913, со изведбата на колажната програма во која доминираше дел од пиесата Цар Душан, фрагмент од квазиисториската мелодрама Крунисување на Душана – 16 април 1346 во Скопје од Милош Цветиќ), не се откажува од реализација на својот проект. Успевајќи повторно да ја добие поддршката од надлежното белградско министерство, тој и неговиот ансамбл продолжуваат да ги играат своите претстави на повеќе локации во Скопје, но и на турнеите по околните места. Едновремено, во центарот на градот (денешниот плоштад Македонија) забрзано се подига импровизирана дрвена зграда, наречена Театарска арена.

1924 – интензивен театарски живот во Штип

teatar2На иницијатива на група штипски интелектуалци, есента 1923 во Штип е формирано Штипско театарско друштво, во чиишто рамки веќе следната година (1924) ќе биде формирана и театарска школа. Основач на друштвото е гимназискиот професор Душан Будимировиќ, којшто, во текот на три клучни години (1923-1926) ќе се потврдува и како режисер на голем број драмски претстави.

1924 - формиран Балетски кор во Скопје

teatar3За потребите на оперетските изведби, мошне популарни кај тогашната публика, управникот на тогашното Народно позориште во Скопје Радивое Караџиќ формира мал балетски кор. Оваа иницијатива, можеби, може да се смета за почеток на балетската традиција во Скопје.

27 јуни 1944 - Формирана партизанска група „Кочо Рацин“

teatar4На планината Караорман, формирана е Културно-просветна група „Кочо Рацин“. До ослободувањето на Македонија, членовите на оваа група ќе се движат со партизанските единици, изведувајќи различни приредби со пропаганден карактер. Групата ја раководи Владо Малески.

14 ноември 1944 - симболично формирање на професионален театар во Битола

teatar5На сцената на градскиот театар, дел од членовите на партизанската културно-просветна група „Кочо Рацин“ ја играат агитката на Владо Малески „Петтоимениот Ѓоре“. Претставата ја режира нејзиниот протагонист, исполнител на насловната ролја Димче Стефановски. Оваа дата се смета за дата на формирање на денешниот Народен театар Битола.

20 декември 1944 – прва јавна драмска изведба на идниот МНТ

teatar6Во киното „Уранија“ (денес кино „Култура“) во Скопје, група актери кои наскоро и официјално ќе станат членови на ансамблот на идниот МНТ, ја изведува своја прва јавна претстава: едночинка на словенечкиот писател Матјаж Клопчич под наслов „Еден е патот“. Претставата ја режира Димитар Ќостаров.

25 мај 1954 - праизведба на првата македонска опера „Гоце“

teatar7Оперскиот ансамбл на МНТ триумфално ја изведува првата македонска опера „Гоце“, чиј композитор е Кирил Македонски, а либретист поетот Венко Марковски, кој за потребите на оперската изведба ја прилагодил својата три години порано одиграна драма.

Диригент е Тодор Скаловски, режисер Петре Прличко, а во насловната ролја настапува првенецот на Операта Јордан Митровски.

1964, Скопје: формиран алтернативен театар

Група театарски занесеници го формира алтернативниот непрофесионален театар именуван како НЕ-ТЕАТАР КАКТУС. Негови членови-основачи се Владимир Милчин, Слободан Унковски, Димче Мешковски, Русомир Богдановски, Аљоша Руси, Виолета Џолева, Васил Ќортошев, Наум Пановски, Мартин Панчевски...

17 јули 1964 - прва драмска претстава на Охридско лето

teatar8Охрид: Замислен, во почетокот, како летна музичка манифестација, фестивалот Охридско лето добива и своја драмска програма. Прва драмска претстава одиграна во рамките на фестивалот е комедијата „Како што милувате“ од Вилијам Шекпсир, изведена од драмскиот ансамбл на МНТ во режија на Димитар Ќостаров.

26 декември 1974 - деби на Горан Стефановски

teatar9На сцената на Драмски театар и во режија на Слободан Унковски, праизведена е првата пиеса на Горан Стефановски, народна фантазија со пеење пишувана по мотивите на Марко Цепенков, а насловена според името на својот протагонист – „Јане Задрогаз“. Претставата доживува успех рамен на триумф, не само во Македонија туку и на многубројните гостувања во странство.

9 октомври 1974 – отворена новоизградената зграда на Театарот на народностите во Скопје

teatar10На сцената на новоизградената зграда на Театарот на народностите во Скопје, ансамблот на Албанската драма ја игра претставата „Вучјак“, според текстот на Мирослав Крлежа, во режија на Мирко Стефановски. Со оваа претстава свечено е промовиран првиот новоизграден театарски објект во Скопје по 1945 година (зградите на Драмски театар и на Стариот објект на МНТ, изградени 1965, по својата структура се монтажни).

teatar118 јануари 1974 – критичарско деби на Лилјана Мазова

На културната страница на „Нова Македонија“, дотогашната новинарка на овој весник ја објавува и своја прва театарска критика. Нејзиниот предмет е претставата на Драмски театар „Најголемиот подвиг на Витезот Сукало“, во режија на Борко Зафировски. Во текот на следниве три децении, Мазова ќе се профилира, но и етаблира како најагилна и највлијателна театарска критичарка кај нас.

15 октомври 1994 - праизведба на „Буре барут“

teatar12Драмскиот ансамбл на МНТ, предводен од режисерот Сашо Миленковски, ја праизведува култната драма на Дејан Дуковски „Буре барут“. Интересно е што оваа драма симболички го најавува подоцнежниот доминантен тренд наречен Нова европска драма (или: драма на крв, пот и сперма). Од 1995 до 2000 овој текст на Дуковски ќе биде преведен на петнаесеттина јазици и ќе доживее голем број изведби во евсропските земји и во САД.

Извор: Институт за театрологија при ФДУ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.