Среда, 02 Февруари 2022    PDF Печати Е-пошта
ФОЛКЛОРНИТЕ ОБИЧАИ, УСНИТЕ ПРЕДАНИЈА И НАРОДНОТО ТВОРЕШТВО ПРИДОНЕЛЕ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТ ИДЕНТИТЕТ

narodno-tvorestvo

Историјата за Македонската сага е долга колку и името Македонија. Низ вековите таа етнички била угнетувана.

Традицијата била таа која како народ не` одржувала и токму преку нејзе сме се осознавале. Можеби Македонците во голем процент не биле формално образувани но, во нив македонскиот код бил постојано активен и пренесуван од колено на колено за потеклото и својот идентитет.

Затоа можеме да потенцираме дека за Македонија е значајно усното творештво. Собирањето народни умотворби, а посебно усните преданија биле битен елемент кој сериозно се спротивставувал на изучувањето кое било прокламирано од страна на пропагандното образование.

Особено значајно во XIX век им се спротиставувало на власта на цариградската патријаршија и на употребата на грчкиот јазик во училиштата и црквите.

Всушност овие дејствија го будат националното движење во овој период.

Усната традиција прави сублимат на многу настани позврзани од античкиот период односно, тргнувајќи од митолошката претстава за Филип II и Александар III преку тоа како овој период го осознаваат словените.

Традицијата ни ги нуди елементите каде што јасно е изразено будењето на македонската нацонална мисла.

Поп Димитрија од кривопаланечкиот период, во 1848 запишува: за моето назначување, се заложи најмногу господин Михаиљ Македонски, затоа што сум роден Македонец и службата ја терам на Македонски. Од бога било пишано моето отчество Македонија да страда од Грците, па тие и денеска не им даваат мир, иако сите знаат дека Македонија била постара држава од нивното Кралство.

Постојат многу сведоштва од кои може да се забележи дека традицијата поврзана со македонското античко потекло не згаснало ниту во периодите кога биле најтешки за македонскиот народ.

Античките симболи се забележуваат и во македонските востанија, како на пример цвеното знаме укажува на античкомакедонски обичај како и огнениот и некрунисан лав.

На крај може да се заклучи дека Фолклорните обичаи, усните преданија и народното творештво се најверодостоен документ кој е пренесуван и одржуван низ вековите. Орото „Тешкото“ е сведок за голготата на Макдонците, реалистичен фолклорен приказ кој го отсликува животниот пат на Македонците низ времето. Одржувањето на традицијата е одржување на националното сведоштво за иднината.

Ние имаме богата историска традиција, свои обичаи, култура и јазик. Кои се наши. Кои се негуваат низ вековите. Нив ЕУ не може да ги условува, ниту НАТО да им стави вето. Тоа е нашата македонска традиција која нас ни раскажува за минатото, а на нашите деца ќе им говори во иднина.

Весна Маневска

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.