Среда, 31 Јануари 2024    PDF Печати Е-пошта
Христијанството во Преспа

hristijanstvo-prespa-1

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за културна слобода и независност, во исто време, се борел христијанската вера и за независност на својата Православна црква.

Историјата на македонскиот народ е тесно поврзана со историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Тие со векови заедно егзистираат и во исто време страдаат и се борат против денационализацијата и неправдата кон македонскиот народ на Балканот и на други места насекаде по светот.

Црквата одиграла првостепена улога за македонскиот народ во текот на тешките периоди на ропство. Затоа се вели дека Црквата била основата на националното признавање и лулка на ренесансата на Македонците во подолг период

Така, почнувајќи од древниот период па до денес Македонија била, е и ќе биде место каде што ce вкрстуваат различни цивилизации. Така христијанството се појавило на овие балкански простори, а со тоа и во Преспа пред многу векови, односно уште од времето кога апостол Павле дошол во Македонија.

Историски гледано, почнувајќи од древните времиња на Филип и Александар Македонски, преку римскиот и византискиот период, како и преку големите миграции на Словените кон југ и на други народи, а потоа и за време на отоманскиот период, Македонија била раскрсница на нации, цивилизации, култури, јазици, религии...

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за културна слобода и независност, во исто време, се борел и за независност на својата Православна црква. Затоа историјата на македонскиот народ во изминатите илјада години секогаш била тесно врзана со Македонската православна црква-Охриска ариепископија. Црквата била таа која организирала голем дел од културната и од уметничката дејност на македонскиот народ, пред сé преку градење цркви и манастири.

Македонската православна црква - Охридска архиепископија игра значајна улога во собирањето на Македонците како во државата, така и во светот. Тоа е особено изразено со конституирањето на Република Македонија, пo обновувањето на Охридската архиепископија во 1958 година и по прогласувањето на нејзината автокефалност во јуни 1967 година. Македонската православна црква - Охридска архиепископија направи силен пробив меѓу православните Македонци во државата и меѓу бројната македонска емиграција во прекуокеанските земји - САД, Канада и Австралија, како и меѓу Македонците во Европската Унија и во други земји.

За Преспа е карактеристично што таа, заедно со Охрид, во еден долг период претставувала крстосница на народи, религии, цивилизации... Трајни сведоштва за тоа се бројните споменици од материјалната култура на Македонците, но и остатоците од три важни магистрални патишта - Виа Игнација, Епирскиот и Стариот битолски пат, како најстар каравански пат од византиско време и средниот век, како и други споменици на духовната култура.

Процесот на осознавањето, во смисла на национално освестување, во Преспа се јавил многу рано, а тоа било особено изразено во 19-иот век. Но, и многу порано, со подигањето верски објекти и со нивното украсување со икони и фрески кои говорат за тешката историја на македонскиот народ, како и со другите споменици на културата, уметноста, народното творештво и другите вредности на македонското население.

Преспа како дел од етничка Македонија е карактеристичен регион во кој Македонската православна црква - Охридска архиепископија одиграла значајна улога. Христијанското население од Преспа ги искажувало духовните и интелектуалните потенцијали низ дејноста на Охридската архиепископија. Негувањето на црковната литература, архитектура и сите видови на ликовната и применетата уметност, сврзани за иконографијата и литургијата во науката се високо оценети.

Co тоа се потврдува дека во Преспа се создале дела од највисок уметнички дострел во своето време кои ја збогатуваат не само македонската, туку и светската ризница на уметноста и културата.

Неговото христијанско население го негувало и го негува култот на Пресвета Богородица, на Исус Христос... Тоа се потврдува со фактот што во голем број преспански села се изградени цркви посветени на Дева Марија. Меѓу нив, црквите во селата Сливница, Брајчино, Јанковец, Евла, Љубојно, Арвати, Крани, Нивици, Курбиново, Долно Дупени, Бела Црква и други населени места.

Повеќевековниот христијански живот на Македонците, од времето на свети Климент, низ долгата историја на Охридската архиепископија, до времето на преродбата во XIX век, придонесе да се создадат ремек дела на уметноста со универзално значење, со исклучителна естетска вредност.

hristijanstvo-prespa-2
Свети Климент Охридски и свети Наум Охридски

Така, во црквите и манастирите во Преспа се созадени значајни ликовни дела со кои се гордее човечкиот род. Иконите, фреските на манастирската црква „Свети Ѓорги“ во Курбиново, како и архитектонските облици, делата на применетата уметност од манастирот „Света Богородица“ во Сливница, влегуваат во антологијата на значајните остварувања на тоа време. Bo тие дела се распознаваат оригиналните карактеристики и белези сврзани за македонската културна традиција во Преспа.

Преспа е лулка на македонската иконографија каде значајно е присуството на повеќе стотини портрети на света Богородица, Исус Христос, свети Климент и свети Наум Охридски и нивните современици и други светци. Тоа е доволен доказ за културниот континуитет на традицијата на Македонците од најстари времиња до денес.

Периодот на преродбата во Македонија ќе донесе и во Преспа специфична иконографија во рамките на православието, со особена нагласка врз македонските светци, на нивните житија и на словенската писменост на Балканот, како што е примерот со манастирот „Света Богородица“ во селото Сливница, во Долна Преспа. Таа е дел од големиот придонес на Македонците во културниот и духовниот развој на православието во сесловенската уметничка ризница.

Притоа треба да се нагласи дека македонскиот духовен простор во Преспа никогаш не бил затворен. Напротив, православните духовници, писатели и ликовни творци секогаш биле во благородните хуманистички текови коишто се засновуваат на Христовото учење и на традициите на свети Климентовата црква.

Таков е случајот со црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново, како и со неколкуте други значајни цркви во Преспа, меѓу кои е и манастирот „Света Богородица“ во Сливница, кој во 2017 година го прослави своето 410-годишно постоење.

Во Преспа се создала специфична градителска и ликовна култура и по укинувањето на Охридската архиепископија, особено во борбата на црковно-училишните општини да имаат богослужба на црковнословенски, односно македонски јазик.

Притоа се подигнати бројни цркви и манастири од македонски камен, дрва, керпич, со македонска душа и срце. Сите тие цркви најчесто се со монументални димензии и со базиликална форма за да потсетуваат на величината на старата црковна слава.

Македонецот градел духовно-културни храмови со силна желба, љубов и вера кон православието. Co цел да опстои на овие балкански простори, православниот народ во етничка Преспа во периодот од десетина векови си помагал со другите народи, си пружал христијанска рака, затоа издржал и ропство, асимилација, прогонување, а и неправди. Тој опстанал и ќе опстои сеʼ додека веков векува и светот светува, зошто македонскиот народ е библиски, со голема христијанска душа, со вера, надеж и со љубов кон својата Црква.

Во минатото, иницијативите за подигање цркви и други објекти потекнувале од занаетчиите и трговците, особено во историските околности кои овозможувале извесна верска слобода на македонското население. Во таквите прилики доаѓале до израз и творечките постигања на македонските градители и зографи.

Така, во подножјето на Пелистер, во село Курбиново, се наоѓа црквата „Свети Ѓорги“ чијшто живопис потекнува од 1191 година. Однадвор мала и неугледна, градена од кршен камен, внатре - бисер со одлично зачувана фрескодекорација од 12-от, 16-от и од 17-от век, поради што е ставена под заштита на државата. Жителите раскажуваат, а постарите паметат дека некогаш околу црквата постоеле и манастирски конаци.

Обновените археолошки истражувања на локалитетот на островот Ахил, во Малото Преспанско Езеро, во егејскиот дел на Македонија, се од големо значење. И археолошките локалитети на островот Голем Град во Преспанското Езеро, ги потврдија претпоставките за организирано живеење на овој езерски остров од 3-от до 1-от век пред Христа.

На островот Голем Град се откриени остатоци од две цркви и потврдено е постоењето на средновековната некропола. Населбата својот процут го доживеала во периодот меѓу 9-от и 14-от век, но овојпат како манастирски комплекс.

Тоа се потврдува и со фактот што во голем број преспански села се изградени цркви посветени на Дева Марија. Меѓу нив, црквите во селата Сливница, Брајчино, Јанковец, Евла, Љубојно, Арвати, Крани, Нивици, Курбиново, Долно Дупени, Бела Црква и други населени места.

Затоа, етничка Преспа спаѓа во редот на најживописните христијански подрачја во Македонија. Таа има долга и богата историја. Нејзиното име за првпат се споменува во 9-от век по Христа. Сите историски епохи и сите национални драми овде оставиле длабоки траги, за што сведочат многу историски споменици.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.