|
||||
Богаташ сретнал сиромашен рибар и почнал да му соли памет |
Богаташ сретнал сиромашен рибар и почнал да му соли памет: Неговиот одговор се прераскажува со години
Си бил еднаш еден бизнисмен, кој шетајќи по плажата крај мало бразилско село, здогледал еден рибар како седи под дрво и ужива во преубавата глетка која била пред него. Кога бизнисменот го запрашал зошто седи под дрвото, а не работи ништо, овој му одоговорил дека фатил доволно риби за еден ден. Слушајќи го тоа богаташот луто му рекол: Зошто не фатиш повеќе риби отколку да седиш тука во ладнвина и губиш време? Рибарот го прашал: Што ќе правам со таа риба? Бизнисменот: Рибата би можел да ја продадеш. И кога би заштедел доволно пари, би можел да купиш поголем чамец. Рибар: Што ќе правам тогаш? Бизнисмен: Би можел да одиш на риболов во длабоките води и да фатиш уште риби, да заработиш уште повеќе пари. Рибар: Што ќе правам после тоа? Бизнисмен: Би можел да купиш многу чамци и да вработиш уште луѓе да работат за тебе, и така да заработиш уште повеќе пари. Рибар: Што ќе правам тогаш? Бизнисмен: Би можел да станеш богат човек, бизнисмен како јас. Рибар: Што ќе правам тогаш? Бизнисмен: Па тогаш би можел да уживаш во својот живот. Рибар: Зарем не го правам тоа сега? Не мора да го чекате утре за да бидете среќни и да уживате во животот. Не мора ниту да се збогатите, за да уживате во животот. |