|
||||
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ИСТОРИСКИОТ РОМАН АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ОД СЛАВЕ КАТИН И ГЕОРГИ БРАНОВ |
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ИСТОРИСКИОТ РОМАН АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ОД СЛАВЕ КАТИН И ГЕОРГИ БРАНОВ Историскиот роман „Александар Македонски“ од Славе Катин и Георги Бранов чиј рецензенти се д-р Владан Велков и Александар Донски е луксузно издание на Книгоиздателството “Македонска искра” од Скопје. Тој е отпечстен на македонски јазик, на 540 страници. Ова интересно дело претставува значаен придонес и прилог кон осветлувањето на голем број аспекти за древноста и континуитетот на историската вистина за Античка Македонија. Александар Македонски во историјата ќе остане запаметен како најголем светски војсководец и непобеден воин, творец на новиот свет, на новиот поредок. Римјаните кои ќе тргнат по стапките на античките Македонци, ќе го наречат „Alexander Magnus“ (Александар Велики). Така и германскиот научник Улрих Вилкен (Ulrich Wilcken) во историскиот роман ќе го нарече ALEXANDER THE GREAT (Александар Велики), кој е преведен и приспособен од англиски на македонски јазик како „Александар Македонски“ од Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје, во 1988 година, на 390 страници. Овој превод беше прво дело за Античка Македонија на македонски јазик. Благодарение на порталот „Македонска нација“ романот „Александар Македонски“ беше печатен во континуитет скоро година и половина, во 75 продолженија, со цел широката читателска публика да се запознае со вистината за Античка Македонија, со ликот и делото на големиот стратег, мислител и дипломат - Фип II Македонски и со неговиот син - најголемиот досега воин, освојувач на земји и цар на силното Македонско Царство - Александар III (Велики) Македонски. Затоа со право се вели дека овој историски роман претставува значаен придонес и прилог кон осветлувањето на голем број аспекти за древноста и континуитетот на историската вистина за Античка Македонија. Во ова дело како втор автор е приклучен Георги Бранов, по потекло од селото Буф, во Егејска Македонија, доктор по ветеринарни науки кој педесетина години живее во Канада и ја брани вистината за Македонија, особено за Античка Македонија. Тој е еден од Македонците кој најмногу се запознал и го почитува историскиот развој и вистината за Александар Македонски и Античка Македонија од автори кои пишуваат за оваа проблематија на англиски јазик. Затоа неговите сугестии и придонес имаат големо значење во ова дело, насловено „Александар Македонски“. Инаку, според историските документи Александар III Македонски е роден на 22 јули 356 година во македонската престолнина Пела, на 20 години станал македонски цар, а починал во Вавилон на 13 (според некои на 10) јуни 323 година пред Христа. Неговото воено дело, според кое е познат во целиот свет, се изучува во воените академии на сите држави. Мнозина војсководци по него се обидувале да ги повторат неговите дела, од Цезар, преку Јустинијан Први, Наполеон Бонапарта до Хитлер. Ромеија (Византија) и Османлиското (турско) Царство го применија системот на военото устројство и начинот на изборот на император - најдобриот од најдобрите. Кај нас, за жал, античкиот период не бил често и континуирано истражуван, затоа бројот на делата кои се занимаваат со оваа прашање е многу мал, за разлика од нашите јужни и други соседи, кои со векови копаат по “нивната”, за да ја замаглат и покријат нашата вистина. Меѓутоа, вистината неможе да се закопа во земја, кога тогаш таа ке излезе на површина. Таков е случајот со вистината за Античка Македонија и древните Македонци, за кои е напишано толку многу литература што може да се спореди со литературата за Светото писмо-Библијата. Токму затоа имаме можност и убава прилика овој пат на македонски јазик да го претставиме и да се соочиме со историски роман што е базиран врз вистинските аргументи и историските пишани материјали за Античка Македонија. Овој историски роман на Славе Катин и Георги Бранов е лика и прилика за развојниот континуитет на Македонија, претставен во романизирана литературна форма, со посебна нагласка на ликот и делото на големиот стратег, мислител и дипломат - Фип II Македонски и најголемиот досега воин, освојувач на земји, гениј над гениите, обединувач на народите, почитувач на различните култури, традици и обичаи, и цар на силното Македонско Царство - Александар III (Велики) Македонски. Затоа, со право може да се рече дека ова дело претставува библиска вистина за македонските корени и непресушен извор од каде секој Македонец ќе ја пие чистата патриотска љубов кон татковината - Македонија кон својот народ, со правичен однос и почит кон своите собраќа, пријатели, соседи, кон човештвото… “Македонска нација“ |