Среда, 24 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
ВО ДОЛНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (6)

dkd1

БРАЈЧИНО – МЕСТО ЗА СЕЛСКИ ТУРИЗАМ 

Брачино е сместено на крајниот југоисточен дел на Општината Ресен, од која е оддалечено 32 километра, и е распространето од двете страни на Стара Река или, како што ја викаат, Брајчинска Река. Атарот на селото е доста голем и зафаќа простор од околу 60 километри квадратни, во кој повеќе преовладуваат шуми и пасишта, а помал дел отпаѓа на обработливо земјиште

Селото Брајчино е едно од најпрекрасните локации во преспанскиот регион. Се наоѓа под југозападниот срт на Баба Планина, каде што се допира со атарот на селото Бистрица, Битолско, како и со државната граница на јужниот сосед. Ова прекрасно село се наоѓа на надморска височина од 1000 метри.

Во Брајчино имаше основно училиште во кое се изведуваше настава до четврто одделе- ние (изградено во 1921 година), а денес останаа само споменикот на НОБ, продавницата на сретсело и угостителските објекти, хотел-ресторан „Балтан“, сопственост на Николина (Коља) Ангеловска и ресторанот „Шумска куќа“ на Методија и Милка Попјаневи. Брајчино пред педесетина години броело преку илјада жители, но во последните децении многу од жителите се иселиле во: Канада, Австралија, Америка и Шведска, како и во градовите низ Македонија, затоа бројотна жителите е доста намален. Денес во Брајчино живеат околу стотина жители и сите се Македонци. Како што во Македонија се развива селскиот туризам, така Брајчино е на пат да стане привлечно туристичко место.

dkdlk2

Брајчино

За Брајчино нема точни сознанија или документи како го добило своето име, но според мислењето и кажувањето на некои постари жители од селото и од други места, се вели дека постојат неколку верзии на преданија кои имаат различни толкувања. Така, во едно од нив се вели дека некогаш пред многу години од селото Браилово, Прилепско, дошле да живеат двајца браќа со нивните стада и крупен добиток.

Тука условите за живеење биле подобри, а за овците имало доволно пасишта, вода и сè друго што било потребно за стадото, а, од друга страна, местото било позасолнето од арамии кои им краделе овци, јагниња сирење и др. И по тие двајца браќа од Браилово, населбата ја нарекле „Брајчино“.

Брајчино е познато по средновековната тврдина „Кула“, како и по петте цркви и едениот манастир. Свети Никола е селската црква, која е изградена во 1871 година и до која се наоѓаат селските гробишта, потоа црквите Света Богородица, Свети Илија, Свети Архангел (обновена 1916 година), и Свети Атанас (обновена 1984 година). Манастирот Света Петка е едно од поважните духовни светилишта во Преспа.

Тој се наоѓа во непосредна близина на селото, на едно ливадско плато, а е изграден во XVI век, а во 1902 година му биле запалени конаците, но во 1985 година повторно се обновени со приватни донации и се прилагодени за туристички цели.. Селска слава за брајчинци е Света Петка и се слави на 8 август.

Ова преспанско село е познато и по „Брајчинските иселенички средби“. Така, на а седми и осми август секоја  година, на денот на прославата на празникот посветен на Света Петка, се одржаа „Брајчинските иселенички средби“. Ова значајна манифестација на која присуствуваат голем број иселеници и гости се одржува во континуитет на празникот Света Патка.

„Брајчинските иселенички средби“. се најзначајна манифестација за иселеничкото село Брајчино. Таа започнала да се слави многу оддамна како селска слава посветена на празникот Света Петка. Меѓутоа, од 1995 година прославата прераснала во манифестација под името „Брајчинските иселенички средби“.

mfhdf3

Манастирот „Света Петка“ во Брајчино

Од Брајчино потекнуваат 107 дипломирани интелектуалци, од кои 39 се инжинери, 27 економисти, 17, со философски факултет, 10 правници, 11 лекари, 2 фармацевти и 3 режисери, меѓу кои се: Мето Јовановски-писател, Љупчо (Луи) Темелковски - канадски политичар. Ристо Мачковски, познат градежен инжинер од Лас Вегас, Танас Јовановски - главен и одговорен уредник на весникот „Македонија“ во Торонто, Љупчо К. Вржовски, доктор по правни науки, во Бафало, САД, потоа иселениците, Борис Метеловски, Јон- че Поповски, Владе Мачковски, Крсте Гаговски и други.

Меѓу брајчинци во Македонија, треба да се споменат: спортистот Мето Ѓорѓиевски (Плавиот) - син на полковникот Петре Ѓорѓиевски, учителот Ефтим Томевски, екс министерот Михајло Толевски, д-р. Методија Томовски, Здравко Петковски, Митре Петковски, Александар Диневски, Менде Диневски, Спасе Толевски, Светлана и Борјан Јовановски, Илијанчо Гаговски, Владе Јовановски, Драги Ангеловски, Ирина и Елизабета В. Томевска, доктор по педагошки науки, м-р Бојана Поповска, Дијана Т. Јовановска, м-р Стив П. Петревски, Драган Томевски, м-р Биљана Петковска, Патриција и Анита М. Томевскси, Ирина и Драган Томевски, како и почесните граѓани на Брајчино, Васил Грежловски, Периклија Дурловски и пејачот Мишко Крстевски, кој му посвети песна за Брајчино.

Следните автори родени во Брајчино имаат посебно место во литературата и културата:

Мето Јовановски е македонски раскажувач и романсиер. Меѓу другото, бил претседател на Македонскиот ПЕН центар и прв претседател на Хелсиншскиот комитет за човекови права. Тој е автор на следните дела: „Љуман Арамијата“ (1954), „Јадреш“ (1956), „Хајка на пеперутки“ (1957); „Слана во цутот на бадемите“ (1965); „Мени на мојата месечина“ (1959; „Земја и тегоба“ (1968); „Сведоци“ (1970); „Првите човекови умирања“ (1971); „Будалетинки“ (1973); „Патот до осамата“ (1978); „Орловата долина“ (1979); „Војвода над војводите“ (1980); „Крлежи“ (1984); „Крстопат кон спокојот“ (1987); „Балканска книга на умрените или ослободување преку зборување“ (1992); „Љубовта на Грифонот“ (2005). Автор е и на патеписот „Клучевите на Менхетен“ (1983), а има напишано и радио и тв-драми. Составувач е на антологијата „Една друга Америка“ (1978) и на лексиконите „Кој е кој, што е што“ (1963) и „Мал литературен лексикон“ (1971). Негови дела, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици, а тој преведувал од англиски и руски јазик.

djdl4

Вера Вржовска-Петревска живее во Торонто. Таа е основач и прв претседател на литературното друштво „Браќа Миладиновци“ во црквата Свети Климент Охридски. Пишува носталгична и патриотска поезија на македонски и на англиски јазик и е автор на стихозбирката „Далечни корени“ 1996 и книката „My Broken Heart“ („Моето скршено срце“), 3018.  Во Тонто е отпечатен и „Првиот брајчонски календар“, (1986).

Методија Томевски, специјалист педијатар, примариус, актуелен потпретседател на Здружението на педијатри на Македонија, автор и коавтор на повеќе од 40 стручни и научни трудови. Десетина години стручен уредник на списанието „Здравје“, уредник на „Педијатрискиот информатор“ и член на Здружението на новинари на Македонија.

Илијанчо Б. Гаговски чиј корени му се од Брајчино, е еден од успешните бизнисмени во Македонија. Тој е директор на светската компанија „Микрософт“ за Македонија, Албанија и Косово, и интелектуалец кој се подготвува да стане доктор на науки.

Продолжува

slavk 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.