|
||||
ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД НАШИОТ НАЈСВЕТOЛ ДЕН - ДВОЈНИОТ ИЛИНДЕН |
Macedonian Literary Association “Grigor Prlichev” of Australia Inc. Македонско Литературно Друштво „Григор Прличев“ P.O. Box 227 Rockdale NSW 2216 Australia ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД НАШИОТ НАЈСВЕТOЛ ДЕН - ДВОЈНИОТ ИЛИНДЕН ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО "ГРИГОР ПРЛИЧЕВ" ОД СИДНЕЈ, АВСТРАЛИЈА ДО ЧЕСТОЉУБИВИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД, КАДЕ И ДА Е ПО СВЕТОТ Драги браќа и сестри, Македонци, Ние, членовите на македонското литературно друштво "Григор Прличев" од Сиднеј, Австралија, ви испаќаме најсрдечни честитки по повод нашиот најсветол празник - двојниот Илинден. Иако судбината не доведе овде, на десетици илјади километри далеку од родниот крај, ние никогаш не ја заборавивме нашата прва татковина Македонија, а тоа чувство што длабоко го носиме во душата, настојуваме преку пишаниот збор, преку дополнителната настава на мајчин македонски јазик и бројни фолклорни, црковни, театарски, културни и други активности не само да го негуваме нашето македонско духовно и културно наслетсво, туку и да го презентираме и афирмираме во мултикултурното австралиско општество. Во ерата на интернетот редовно и многу внимателно ги следиме случувањата во "стариот крај", што би рекле по наше и во оваа прилика сакаме да го искажеме нашето длабоко разочарување и загриженост од се она што се случува во татковината, а што ни го приреди актуелната власт во соработка и со отворена подршка од странство. Драги сонародници, ние не се мириме со промената на уставното име на нашата татковина; со игнорирањето на заклучоците на АСНОМ и никогаш нема да ја прифатиме таа наметната состојба, ниту било кое решение што го подметнуваат странски служби преку разни "платформи", директиви, или наводни совети и притисоци! Не прифаќаме ни двојазичност во цела Македонија што насила ни е наметната преку платформи, притисоци, поткупи и уцени. Ако сегашната власт во татковината не знае како да се соочи со проблемот за користење на јазикот на малцинствата, нека се поучи со искуствата од Австралија каде секој доселеник си го користи мајчиниот јазик во локалната средина каде живее, во етнички училишта, цркви или џамии. Но на ниво на целата земја единствен службен јазик е англискиот. Така се гради и се негува автралискиот идентитет и патриотизам. Така треба да биде и во татковината. Но за жал, не е ни во Егеј, Пирин и Мала Прескпа заради деценискиот шовинизам и асимилаторство на тамошните нацистички режими. Драги Македонци и Македонки, згрозени сме од предавството на македонскиот идентитет, култура и историско минато со потпишувањето на капитулантските договори за пријателство со Бугарија и Грција каде потполно неразумно и неодговорно некои потпишаа предавство на речиси се што претставува наша, македонска вредност, наше славно минато и нашите историски ликови со коишто се гордееме (Александар Македонски, Филип, Самоил, Кирил и Методиј) и со најискрена почит ги славиме и ние овде, на петтиот континент. Деновиве, кога ние, далеку од татковината, со восхит го прославуваме двојниот Илинден, длабоко сме загрижени заради очигледната намера на Владата на Република Македонија и претседателот на државата да се откажат од нашиот и само нашиот Гоце (Делчев) кој целиот живот го посвети и го жртвува за вечниот идеал на сите нас: слободна и независна Македонија! Сега некакви комисии од македонски квази-историчари и политичари се спремни и да го жртвуваат, т.е да го продадат за скапи хонорари, Гоце заради лукративни интереси но ве уверуваме дека тоа нема да помине меѓу нас овде, во Австралија. Некои квази-историчари од источниот сосед дури со невидена дрскост тврдат дека тие, бугарите, не биле окупатори на Македонија во Втората светска војна, туку ослободители!? И наместо нашата историска наука и политика гласно да им возвратат и да се спротивстават, наместо од Бугарија да побара воени репарации и оштети за сите злосторства и материјални штети што ги направија како окупатори во Македонија во Втората светска војна, од македонска страна се случува длабок и застрашувачки молк. А Бугарите уште инсистираат заедно да сме го славеле Илинден со нив! Илинден е само наш, на Македонците! Почитувани, жалиме што нашиот најсветол празник поединци го оскрнавуваат во татковината, но нема да дозволиме тоа да ни се случува и нам, во раселена Македонија. Апелираме до сите Македонци, каде и да се по светот: во САД, Канада, Европа, како и во поробените делови на Македонија: Мала Преспа, Егеј, Пирин, а се разбира и кај нас во Австралија што е можно посвечено и помасовно да го одбележиме двојниот Илинден пред се со оддавање на длабока почит кон сите оние што ги дадоа своите животи за идејата водилка на нашето постоење, за слободна и независна Македонија. МАКЕДОНСКО ИМЕ - НЕМА ДА ЗАГИНЕ! БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА! За Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија Душан Ристевски, Претседател |